1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Суфлаки

Дискусија во 'Рецепти' започната од wolf4e, 7 септември 2011.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Прв пат пробав во Струга во еден Ресторани и многу ми се допадна, превкусно беше :$ Знае ли некој како се подготвува? :)
     
  2. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Состав
    120 мл маслиново масло
    1 мала главица кромид, ситно исечкана
    2 чешниња лук, ситно исечкани
    4 лажички лимонов сок
    2 лажички вински оцет
    2 лажички оригано
    1 лажичка сол
    пола лажиче бибер
    700 гр свинско месо
    стапчиња за раженчиња
    ѕаѕики
    Подготовка
    Месото исчистете го од вишокот маснотии и жили и исечкајте го на помали коцки, околу половина сантиметар. Дрвените стапчиња за раженчиња оставете ги во ладна вода потопени 30 минути (за да не изгорат на скара). Сите горенаведени состојки за маринадата (масло, кромид, лук, лимонов сок, оцет, оригано, сол и бибер) помешајте ги во мал сад. Со оваа маринада прелијте ги парчињата свинско месо. Вака подготвени, затворете ги со капак и оставете ги во фрижидер да отстојат 2 часа. За тоа време, направете го ѕаѕики сосот. По 2 часа парчињата месо набоцкајте ги на натопените стапчиња и печете ги на скара. Печењето е околу 8-12 минути, со повремено вртење на месото од сите страни, за да добиет убава кафена боја. Кога ќе биде испечено месото, извадете го од стапчето директно на лепиња и оставете 5 минути да се одмори месото.