Знаете ли некои ресторани каде што служат суши? Освен Sushico и Peking Garden... Кое е вашето омилено суши?
Јас сакам суши. Омилено ми е Сушико. Најпрво пробав од Пекинг Гарден и не ми се допадна и не јадев после тоа неколку години суши. Пред 2-3 години пак пробав, ама од Сушико, и баш ми се допадна па сега идам кога можам. Мислам има и друг суши ресторан отворено сега, ама не сум била.
И мене омилено јадење ми е суши, но нашиве ресторани не ги бива. Во Грција и Бугарија се топ. Имам јадено таму неколку пати. Едно е што сушито е преубаво, друго е што за цената добиваш доволно.
Јас за жал надвор од МК немам пробано. Почнав да го сакам баш за време на пандемијава, па не сум имала можност надвор од МК да го пробам. Ако идам накај Бугарија или Грција ќе те барам да ми предложиш места.
Слободно, нема проблем. А штета голема што немаме асален ресторан за суши во Македонија, па мора да се задоволуваме надвор.
Не ми се верува. Затоа што народот овде нема таква навика да јаде јапонска храна, а и малку е скапичка па не можат сите да си ја дозволат. Лани во Тирана еден познат јапонски ланец на ресторани отвори ресторан таму.
Имаш право. И јас кога идам имам само 2-3ца кои би можела да ги викнам. Бев во Будва летово и сакав да пробам таму, видов суши ресторан, ама никоја не сакаа. Мада има смисла да е поефтино во градови покрај море, имаат свежа морска храна постојано. Кај нас се увезува.
Никогаш не сум пробала и не ни имам намера, добро тоа рибата нели е жива што се става, неможам да замислам да јадам жива риба.
Увозно е и кај нив. Во суши најчесто се употребува риба лосос. А таа риба ја увезуваат од Исланд или од Канада (бидејќи живее во реки и мориња). Ракчињата е можно да им се домашни. Но покрај толку јадења со риби од нивното море, не ми се верува во Будва да има добро суши. Претежно туристите јадат морски плодови и риби од црногорското море.
Да, лососот може и жив да се јаде. Тенко е исецкан, па и не приметуваш дека е жив. Во комбинација со сос, краставички, ориз, авокадо и тн. нема ни да го приметиш лососот. Пробај барем еднаш, или ќе ти се свиѓа сушито или не. Нема средина.
Прво пробав суши во Сушико ама многу одамна и ми беше премногу одвратно. После пробав во Пекинг Гарден е таму цревата на маса ќе ги повратев и си реков више никад. Ама не знам како се наканив пак во Сушкико да отидам, земавме некоја понуда со 24 парчиња нешто така и тогаш се заљубив. Мада, тие 24 парчиња, иако има по 4 различни врсти сите имаат ист да не речам сличен вкус. А многу пари плаќаш. Морам да го пофалам местото Море Маниа. Сметам дека добивате доволно за парите што ги плаќате плус се превкусни.
Најголем производител на лосос е Норвешка.. Канада дали 5% од вкупниот лосос на пазарот го снабдува.. Во Македонија порано се увезуваше од Јапонија лососкако поевтин.. Свежиот див лосос е тешко да се најде кај нас и тогаш кога го има е изгор скап. Ама затоа има замрзнати за џабе пари, нормално не е див..дури во Стокомак имаше за 400ден кг... бог знае од каде увезен Сакав да кажам дека во таквите ресторани може и многу евтин лосос да стават и ретко кој ќе препознае, па и не гледам причина да е толку скапо сушито.. Во бугарија ги има сите зарзавати за суши по нормални цени.. Инаку суши со туна е бр.1 суши .... Ама според мене далеку поефтина варијанта а подеднакво убава, ако не и поубава е суши со скуша.. Кај нас може е непознато ама низ светот и те како е застапено.. Инаку јас не сум ич љубител ни на суши ни на сашими... ама мојов сака