Во ред сето тоа, ама експлоатацијата на гранитот, додека да се донесе до фабриките, па и обработката, оформување т.е полирање, сецење до саканите димензии и трошоците се високи...
Можам да речам затоа што имам починато лице во блиското семејство и еве сеуште не се пуштени парите, а поминаа 2 месеци.
Во ред вашето искуство бил едно на 10 или 100. Ако гледаш има уште 2 други членови пишано каде чекале дури и повеќе од 2 месеци.
Значи ова е крајно безобразие! Кој каков сака ќе си направи споменик! И не мора да значи дека сите ќе мизеруваат, ако си направат споменик. Дополнително во еден гроб се погребуваат по цели фамилии... Така што нема потреба од вакви глупави коментари. Оној кој не ги почитува своите покојни, тој е дрво без корен! Ако прочиташ во Светото Писмо, ќе видиш, дека и таму на покојните им правеле убави гробови. И Христос беше погребан во пристоен гроб, а Јакова го однесоа од Египет во Израел за достојно да го погребаат. Тоа трошок не било? Дополнително, кога Јуда протестира за жената која Го мироса Христа пред страдањето, Христос вели: „Оставете ја, тоа го направи за мојот погреб и нејзиното име ќе остане да се споменува во сите векови!“
Не мислам дека на сите покојни им правеле убави гробови и се задолжувале за споменик да направат. Мислата ми беше во контекст на тоа дека сме ги научиле оние кои прават бизнис да им даваме колку ќе побараат, а луѓето се лакоми и се повеќе сакаат. Човекот се почитува додека е жив, кога ќе почине завршено е се со него. А тоа што е запишано во Библијата за Христос и подарен гроб, не платен од семејството и се работи за спасителот на светот. Наспроти богатите кои имале луксузни семејни гробници, обичните сиромашни луѓе ги копале во карпите. Претерано се скапи надгробните споменици, тоа е мое мислење.
Го почитувам твоето мислење. Не е проблем скапијата на спомениците, проблем е што во државава 1200 евра се проблем и причина за задолжување! Тоа е жалосно. Сепак секој си прави споменици во рамките на своите можности. Да се вратам на тревата. Во Македонија ако сам не си го одржуваш гробот место трева ќе имаш џбунови, иако плаќаме за одржување на гробните места.
Тоа си е се една голема мафија Тие 2.000 евра за некој се штедење со години... Ама си имаат они права со државата регулирано ово оно. Ехее
Значи тоа е најголемиот проблем, што 2000 евра се години штедење! Стандардот е попроблематичен од тоа што погребните претпријатија и каменоресците се грабатори.
Мајка ми плаќаше, јас само дел од цифрите паметам. -17 500 денари гробно место ( имаше и поскапа варијанта од 1000 €, многу ни беше и ја одбивме ) -30 000 денари погребални услуги -1000€ гранитен споменик ( добивме понуди од 300€ па нагоре, одбравме сив гранит ( црниот и кафејавиот гранит се поскапи)) - ручек дававме на денеот на закопот, 40 дена, 6 месеци, 1 година ( порциите беа со цена околу 150 денари, луѓе доаѓаат колку ќе си поканиш ( во нашиот случај 20- 30 ) Други трошоци се давање по попови, пеење литургија за годината од смртта... Правиш се за покојот на мртвиот, плачеш и жалиш, го нема и нема да го има... Животот ти се променува за миг, и си живееш со болката, си навикнуваш и така...
Дедо ми кога почина (пред околу 3 год), парите беа префрлени мн брзо. Сега за татко ми си почекавме месеци. (Ако за ова си муабетите).
Јас платив: - 52000 погребално (ковчегот беше поскап зт ги надминав тие 30000-ме фати паника да не не го собере човекот) -3000 поп при закоп -3000 ручек за 7 дена -12000 ручек за 40 дена -1500 евра за споменик Споменик имавме стар од баба и дедо, и татко е таму, и направив нов до 40 дена. Од цифриве уште ми се врти, нормално со кредит. Еве сега се мислам и за 6 месеци.
Ај вака едно прашање, зошто правите “свадби“ за секој помен? Ручек не мора да се дава на секое. Главно се дава на погребот и на 40. дена. Спремете си лепчиња од дома, со маслинка или кашкавал, нешто благо и овошје... Битно е да се направат помените, а гозбите се само претерување, посебно ако се нема. Ние, во нашиот град, помени правиме многу, ама задуши не толку многу. Да се надополнам: На некои помени само од пченицата раздаваме...
Затоа што сме луди искрено. И нормално мајка тука ама треба да се даде бла бла. Едвај ја натерав поп да нема за 40 дена. И на крај, по сите давачки, човекот не се враќа...
Алал да ти е за муабетов! Свекрва ми шо викаше: “Тој во животот банана немаше каснато, јас пола град го гоштевам со банани.“ А на времето ко се раздаваше на гробишта за Велигден... ептен уба традиција ми беше. Сега, се' е со пуфкарлоци. Дали било за арно, или за лошо, мора да се претерва *За душа на мртвиот се каснува, не да се нагнетиш!
Јас знам дека до годината на секој помен се вика поп. Ние луѓе не викаме ама поп и ручек за нас домашните обавезно.