Затоа што мајка ми сака да е истиот или барем скоро ист како основата и сегашната плоча.. А тој кошта ѓавол ипол..(темно)црн со некои чуда по него како да се прелева.. И тогаш кога ја правеа претходнава плоча беше изгор.. И на крај цел терет за плаќање на мене ќе падне па може да изберам и поефтина опција. Татко ми ич не сакаше да фрлам пари на глупости, не верувам дека би сакал за плоча само да дадам толку пари..
Јас си велам да си купам и гроб со време (без мајтап, ако сум во 30тите години), да тргнам на страна за трошоци, и кога ќе ми дојде денот, си велам да не ми страда фамилијата финансиски, греота се децата за мене за гроб и за плоча да се задолжуваат. И ќе оставам аманет да не прават ручеци, чуда... скромно да ме испратат, оти со срце се жали не со пари. Многу трошоци се за еден погреб, стварно е греота на оваа немаштија кај без човек, па и без пари да останеш. Душата пак на сите на исто место ќе ни оди, а за телото дали во скап и ефтин ковчег, природата пак ке си го направи она што треба.
За предвреме купување на гробно место, лошо е што уште сега ќе треба да плаќаш трошоци за одржување.Пресметај колку пари ќе дадеш на ваков начин. Можеш да чуваш пари на страна за во иднина да го купат гробното место. Сметам дека така е попаметно, отколку уште сега да плаќаш трошоци за одржување.
Мислам дека сега направија пред време не може да се купи гробно место (ова за Бутел), треба недај боже да почине некој, па тогаш даваат да се купи. Или пр. од некој човек што купил оддамна и го продава сега.
Само да им каже каде ќе стојат парите. На пример баба ми вика јас си имам пари за закоп ама не кажува кадесе
Темата за дискусија е добра Еве еден мој пример трошоци за погреб на посинато лице - гробно место во Лисиче 1000 евра - копање на гробно место 6000 ден - одржување на гробно место 250 ден - ковчег 7500 ден - крст 1500 ден - превоз 2500 ден - облекување на покојник 2500 ден - свеќи 650 ден - поп 3000 ден Немавме раздавања на храна, дарувања и други обичаи. Сем пченица, лебче и вино други додатни трошоци нежавже. Покојниот немаше никој од неговпто потесно семејство. Сем неговите сестри и внуци од сестри немаше никој. Сега размислуваме за некој споменик кој би бил достоен и не многу скап. Ако може некој да ни препорача. Инаку околу бизнисот ќе кажам дека покојнот почина во болница и ние си повикавме погребално од Лисиче ама Бутел веќе беше информиран и за малку ќе ни го украдоа покојнот. Имаше многу гужва низ градот поради најава на бомби и штрајк на автобусите па едвај стигнавме до болница.
Aj da prasam,dali ima rok za podnesuvanje na dokumenti za tie povratni sredstva sto sleduvaat okolu 30.000 den?ili moze da podnesat dokumenti bilo koga? Prasuvam za bliskq osoba,pominaa 7 meseci i seushte nemaat podneseno dokumenti
Tie 3000 Tie 30000 den gi davaat samo na penzioneeri,i toa dokolku plajkale po 50 den,nesto kako solidaren pogreb sto im zapiraa na penziite a dokumenti se podnesuvaat vo PIOM ..Dokolku pocinatiot bil vraboten togas mu sleduvaat na familijata 2 prosecni plati od firmata kade sto rabotel
Mislam deka rokot e 30 dena. Kako moze da ne podnele vo penzisko? Pa zarem seuste zimal p3nzija ovie meseci? So samoto odjavuvanje vo penzisko avtomatski ke zemele.podatoci za isplata na finansiska pomos
Tie 30000 gi isplajkaat od sojuz na penzioneri,od clanarinata,zatoa i na penzionerite ( koi sakaat im zapiraat po 50 den na penzijata).ama piom nema obvrska avtomatski da gi preprati podatocite.zatoa familijata na pocinatiot treba da napravi baranje,da dostavi podatoci na koja transakciska smetka da se isplatat tie pari.najdobro e da se prasa vo piom kolku e rokot za da se podnese baranje
Сеуште има можност за поднесување на барање за остварување на поврат во износ од 30.000 денари од солидарен фонд. Потребно е членовите на семејството на починатиот, негов наследник или друго лице кое што го има извршено погребот да се јави лично во подрачното одделение на ПИОМ според последните адресни податоци на починатото лице и да побара барање за остварување на поврат. Кон барањето се приложува и Извод од матична книга на умрените. Последен пензиски чек за остварени пензиски приходи на починатиот корисник. Фактура за извршен погреб. Број на ТС на поднесителот, на која од страна на ПИОМ ќе биде извршен повратот.
Додека сме веќе кај темава, случајно налетав на неа, ако има нешто што е тотално непотребен трошок, е самиот споменик. Невидени пари се трошат а фирми се богатат за мермер непотребно, кога може да биди како на запад зеленило, средено одржувано, а на местото само мала плоча на самата земја со информации за починатиот. Посредено амин од ова.
Aма ти забораваш каков е менталитетот кај нас "што ќе кажат луѓето. Не заслужил ли за еден споменик."