И во од злато ковчег да го стаиш, бадијала е, македончето има табиет да го црни чоека дури е жив, умре ли, ех што арен чоек беше
Може совет како да фиксирам метална кутија во која се палат свеќи на гроб? Имаше една ама ја снема или ја некој ја украл.
Скоро имавме смртен случај, па повеќе слушав за трошоци и се запрепастив. Како некои семејства кои крај со крај склопуваат, успеваат да ги погребаат блиските, значи не знам. И да, за плочиве си у право, гротескни се
За жал не е убава темава но мислам дека е потребна. Се соочувам со семејна трагедија и ми треба помош. За да не бидам ко мува без глава може ли да ги споделите сите информации во врска со погребување. Разбрав дека после смрта се стапува во контакт со погребална служба, но што понатака. Варена пченица, пешкири, свеќи....се ми е матно, ќе поминам во црква после за да ми објаснат но секоја помош моментална е добредојдена. Некаков список на работиве за да можам да се организирам и да знам што да очекувам
Кога ќе отидеш во црква,распрашај се за молитва во која ќе биде спомнуван покојникот во првите 40 дена. Тоа е најважно за душата покрај опелото.За самиот погреб покрај пченица,потребно е вино и погача. Свеќи исто можеш да купиш, повеќе мали за погребот и една голема која се пали во домот, во моментот кога ќе премине болниот. Се друго, во зависност од обичаите и обично помагаат роднини и блиски околу спремањето и раздавањето на храна. Во пост се спрема посна храна. Сите тие обичаи помагаат на живите кои тагуваат,додека за душата, битна е само молитвата. Господ дава сила во тие моменти, полека....
После смрт мора да извадите потврда дека имате починато лице.Најубави информации ќе ви дадат погребалното и свештеникот.За останатите адети ќе си правите како си сакате.
За раздавање ќе си најдеш некои поблиски (ти не треба да раздаваш) и истите треба да раздаваат и понатака т.е на деветтиот ден, четириесеттиот..Ќе им дадеш по некој пешкир или пример чаша за кафе. Толку, без претерување. Имај си ливче со имиња на други поблиски починати, ова обично се дава на секое пеење, па покрај твоите се спомнуваат и тие. За делот со ручек не се замарај многу, гледај да поминеш поскромно. Жал ми е што ова ќе го пишам, ама повеќето што доаѓаат на погреб и останати денови се само за трач муабети и гледање кој/што донел и сл. Најбитен е делот со молитва, виното и пченицата задолжителни. Дома можеш да ги повикаш најблиските (не мора сите што се на погребот) на едно кафе.
@KittyAgnes За обврските околу погребот ќе Ви кажат во Хитна Помош и в полиција. За обичаите поврзани со погребот најдобро да си прашате кај постари роднини и пријатели од Вашето место на живеење. Негде на пример свеќите за покојниот се палат во неварена пченица, негде во брашно и безброј обичаи кои се различни од место на место. Од црковен аспект, најбитно е да се организира опелото, и потоа да се прават помени во зависност од можностите на третиот, деветиот, дваесетиот и најзначајниот на четириесетиот ден, исто пожелно е да се прават и саботнини - во саботите до 40. ден. Потоа помени се прават на 3, 6, 9 месец, година, две години и три години. Помените можат да бидат и в црква и на гробишта, со задушници (раздавања) или без. (Четириесетдневниот помен се прави задолжително на гробишта и треба да се направи задушница.) Помените се делат на: - најмал трисагија - парастас или панихида - света заупокоена литургија. Доколку финансиите на семејството дозволуваат најдобро е да се отслужат свети заупокони литургии или барем една, до 40. ден. До 40 ден да се даде името да се спомнува на проскомидија во една црква или манастир каде секојдневно се служи света литургија. За време на Велигденскиот Пост помени не се прават од понеделник до петок, освен четириесетдневниот помен. Дома пожелно е да се чита секојдневно по една катизма од псалтирот и/или заупокоениот канон, барем до 40. ден.
за спомнувањето во молитва до 40 ден, прв пат слушам . Не се сеќавам за такво нешто. Па ме интересираше дали од град до град зависи зошто неколкумина го пишаа истото, а ја немам забележано такво нешто во мојата околина.
Значи споменувањето на светата литургија се прави за време на проскомидијата, која се врши пред официјалниот почеток на литургијата (Благословено Царство...). Тогаш попот в олтар ги сечи поскурите и ги вади Агнецот (делот од поскурата, кој се претвора во Тело Христово), частичките за Пресвета Богородица, светците, епископот и живите и мртвите. По причесната честичките за живите и умрените се тураат во путирот со призив Крвта Христова да ги исчисти гревовите на оние кои биле спомнати на проскомидијата. На заупокоените литургии се додава ектенија, на која целата црква се моли за прошка на гревовите на покојните.
Дали некој знае што понатаму со храна од помен која од некоја причина останала неизедена, а постои сомневање дека истата се расипала? Постои може погореобјаснување од некој, но не можам да најдам, како да постапам?
Ако храната не е пеена, слободно фрлете ја или дадете им ја на животни. Ако е пеена (лебот, виното и пченицата), раздробете им ја на гулаби или други птици.
Благодарам на советите Нина и Ортофил. Не сум сигурна околу тоа дали е пеена или не, не бев лично присутна на поменот , пратено е преку татко ми за ќерка ми. Најверојатно ќе ја дадам на животни, сепак не би чекала повеќе, не би било во ред и ним да им се даде нешто расипано, се надевам нема да има проблем.
Кога е правилно да се направи споменик на свеж гроб?Дали треба да поминат 40 дена и што ако се направи порано?
На мајка ми сега на половина година ќе и правиме споменик. Тука повеќе практикуваат после 40 дена пред тоа никој не става, а и тоа ми е некако на брзина веднаш споменик.