Искрено до пред некоја година не ги ни знаев сарс. Првпат ги слушнав кога беа на стрит фест во мојот град. Не знам точно која година беше... Од песните им ја знаев само "Буѓав лебац"- најпознатата нели но тој ден ги слушав и од првпат ми се допаднаа. Веднаш. И тие како група и песните. Сега си ги слушам често
Прекрасни се!! Јас ги слушнав прв пат пред година две кога ми ги покажаа другарките и од тогаш многу ги слушам. Имаат стварно убави и интересни песни. Ретко кога им пропуштам настап во мкд освен ако стварно неможам да идам заради некоја причина. Претходното лето го поминав со нив, цело лето нив ги слушав и со другарките постојано ги пеевме, постојано ти се вртат песните во глава, некако заразни се Сега едвај го чекам следниот нивни настап..
Топ тема, ептен се добри момците. Требаше да дојдат, во Метрополис Арена, на Scream Festival, ама во последен момент го откажале настапот. Уште ни кажаа тие од План Б - тој одвратниот кристијан , демек да ги чуваме картите, па ќе организирале концерт, не знам што. Ништо од тоа не се случи, ајде сега единствено ни преостанува да ги чекаме во Прилеп, на Пиво Фест.
^ Сестра ми само за нив купи карта за Scream, и се изнервира ептен што не дојдоа. Иначе ќе имаат концерт на 28ми јуни во Хавана, карти по цена од 200ден до 27ми, 300ден на врата. И секако ќе настапуваат на Пиво Фестот во Прилеп. Во Хавана планирам да идам, а за Прилеп ќе видиме има време. Не им ги ни знам сите песни, ама една вреди за да одам да ги гледам. http://www.youtube.com/watch?v=LeBQ3IQv ... re=related Не можам да и' се изнаслушам, на рипит по цело време, до скоро и рингтон ми беше. Прва што ја слушнав од нив е: http://www.youtube.com/watch?v=YAMClna5 ... re=related Покрај овие две знам уште 2 или 3 и толку.
Од каде ти е информацијата дека ке дојдат на 28 јуни во хавана? Јас прв пат слушам. Баш ме интересира од каде дозна
Што е со ова во Дојран што треба да настапуваат, на, хм, први мислам дека? Има уште карти, цени нешто.. ?
Колку убави песни имаат ! Невозможни се.И текстовите им се добри Моите омиелни : http://www.youtube.com/watch?v=b08UWEjesEE http://www.youtube.com/watch?v=TgvrpC_F ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=TNoaKEzP ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=10TfxcE1 ... re=related Незаменливе се дечкиве! Капа им симнувам!
Многу ми се јаки...Знам само неколку пени. http://www.youtube.com/watch?v=f7ow-wsx ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=91CGA_Js ... r_embedded Омилена http://www.youtube.com/watch?v=fOg7mj1_ ... re=related
Онака ми оставила впечаток. Добри се. http://www.youtube.com/watch?v=10TfxcE1K4I http://www.youtube.com/watch?v=LeBQ3IQv ... re=related
Омилени :inlove http://www.youtube.com/watch?v=fOg7mj1_-sk http://www.youtube.com/watch?v=s0_G_UuoaKk http://www.youtube.com/watch?v=f7ow-wsxhCg
http://www.youtube.com/watch?v=A7jLHpB9st0 http://www.youtube.com/watch?v=pGXW6MoC8x8 Посебно ми се допагаат овие видеа каде што се гледа нивната скромност ги обожавам САРС!