... ^ јас кога се запишував ги примија сите што беа пријавени и дури имаше уште слободни места. Другарка ми ја примија, а две години помина со 4ка две со 5ка.... мислам дека примаат, ако има слободни места зошто да не примаат..........
... Прво ги примаат скорз одличните а потоа се пополнуваат сите слободни места по број на поени Во сите училишта е така
За матурантите е поминато ако не се лажам, а за останатите е сега последната недела пред велигден(барем така беше јас кога учев)
Мене Борисов многу ме нервира.. Како што напиша ,објектот е супер и функционално изграден,ама луѓето внатре Почнувајќи од професори па се до учениците. Посебно професорите,повеќето се како ќе дувне ветерот,од како се тие расположени зависи твојата оценка.Децата се исто како што напиша FBI секоја чест на исклучоците. Анастасија,бизнис,ми е најѕвер жена мислам дека од цело школо,најмногу неа ја почитувам.Интелигентна,со смисла за хумор,умирам од смеа кај неа на час.Бара да знаеш да филозофираш и да знаеш дефиниции.И да бидеш мирен,тоа е најбитното.Мислам дека секое трепкање го забележува во тефтерот нејзин и од тоа колку си мирен зависи половина од оцената.Има една мана кај неа,што не толерира ни еден час малце да полудиш,веднаш става 1 во дневник Како и да е,најдобра ми е мене,се надевам нема да ме натера да мислам поинаку. Кики,историја исто е добра,мислам дека два пати и реков дека не сум спремна и сега пак имам 5-ка за тромесечие.Плус многу добро ги објаснува лекциите,многу учам од тоа што го зборува на час. Ќе шкртнам уште нешто за другиве,ма да повеќето се ,кога ќе имам повеќе време
Па јас сум осмо одделение и сакам да се запишам во Борис.. И сакам за професорите на правен смер да ми кажете какви се.. И фала мн
Не си ни свесна колку могу професори има, тоа не е како во основно 20-30 професори. Конкретно за правен, има неколку незгодни-но ако знаеш да се снајдеш и со нив ќе поминеш лесно...но тие ги има каде и да отидеш. Многу е тешко вака да ти зборам, јас мислев дека си веќе таму па те интересира.
Навистина не би знаела да ти кажам, јас имам завршено таму, 1година беше далеку-не се сеќавам. Сигурно има некоја форумџика што ќе се најде да е таму прва година па може да ти пише.
Утре скратени часови ќе имаме.Втора смена почнува во 12:15.Часот ќе трае по 35 минути.Незнам колку е ова точно,јас прва смена сум. Така нешто денес збореа
Васил Антевски Дрен Јас сега сум осмо одделение и планирам да се запишам во Васил Антевски Дрен.Сакам да дознаам нешто за професорите,наставата,какво училиште е???Иначе јас 5,6 и 7 поминав со сите петки само 1 четворка и сега сум со успех мн добар,Дали ќе ме примат??????