Би требало, но се зависи од просекот на другите кандидати. Не си ни свесна колку могу професори има, тоа не е како во основно 20-30 професори. А кој смер сакаш да го запишуваш?
Да не ги знае некој темите за писмена за Панонски легенди(житијата на Кирил и Методиј),поучително и похвално слово,Александар Македонски?? Правам писмена кај Трајанка ама она неќе да ги каже
^Трајанка 4год. ми предаваше, и не дава теми кога е лута. А инаку на таква тема не сме правеле писмена А ако сте правеле подготовка за писмена,верувај дека нема мн поразлично да биде на писмената
Јас решена сум да одам во школово, ама не знам што смер. Сакав прво правен, зашто има математика само 2 год, и полесно е како што ми кажувале, ама па сега кога се подразмислив па, ако идам на правен смер само правен факултет можам да идам, а имам слушнато дека ќе го затвараат зашто имало многу правници. И моите дома ми викаа дека е подобро економски, зашто сум имала повеќе избор за факултет и полесно работа можело да се најде, што е и точно, ама па математика па не ми иде нешто којзнае колку. И сега не знам на што да идам, еден ден на економски, еден ден на правен сакам. А уште неполн месец има до крај...
За факултетот незнам али за работа можеш да си отвориш своја канцеларија и ке си земаш пари у свој џеб не мора од други да чекаш
уфф, и јас бев истиот случај како тебе и тоа не секој ден различно, туку мислам дека во текот на денот по 100пати ќе се премислев... се тоа за на крај да се запишам во Карев
Делам мислење со Snow-Queen. Ако завршиш правен смер во средно, не мора да значи дека треба на правен факултет да отидеш. Можеш средното да го завршиш на правен, а потоа каде сакаш да си бираш за факултет. Ти препорачувам правен од проста причина што навистина е полесен, гледајки од зборењето на правниците во школо, а и математиката ако не ти е јака страна, дефинитивно правен ти е супер. Јас сум на економски и мака мачам со таа математика. Немам добра основа и не ги сфаќам задачите во средно. Правен според мене ти е одличен избор, а за факултет имаш време да си размислиш Немој да мислиш дека само на правен факултет има многу. И на економски има.Крај краева ако гледаме така, кај нас без познаници и луѓе кои што ќе те убутаат (секоја чест на исклучоците) нигде работа неможеш да најдеш.
Јас сум на правен и според мене е полесен според тоа другарки што ми кажуваат, а и професорите се малку построги на економски, што не значи дека нема строги и на правен смер ама ги нема многу. Не се замараш многу со математика, 2 години се учи мене во прва Викторија ми беше 5 имав срцка е жената, а 2 год ми беше Мирче легендата хахах на крај никој ни 1 ни 2 немаше. А за факултетот, со правен можеш каде сакаш да продолжиш не значи дека мораш на правен факултет. За работа некаде можеби повеќе шанси за да најдеш имаш со некој друг факултет, ама ако завршиш правен можеш да си отвориш своја канцеларија што според мене е многу подобро отколку да работиш за некого. Во врска со информацијата дека ќе го затвораат мислам не ти е точна такво нешто не сум слушнала, знам дека од оваа година ќе се примаат помалку студенти, но тоа ќе се примени и на други факултети каде во претходните години имало многу студенти со цел матурантите да се пренасочат на други факултети бидејќи економисти, правници и некои други професии веќе ги има многу. Се надевам дека ќе донесеш правилна одлука и мој совет ти е да не дозволуваш многу другите да влијаат многу на твоето мислење. За каде мислиш дека си подготвена таму запиши се и учи го она што го сакаш. Јас се запишав на правен смер бидејќи јас таму сакав и бидејќи го сакам правото, па затоа и лесно ми одеше учењето. Да ги послушав моите сега ќе учев за медицинска сестра или нешто слично . Ако те интересира нешто плус слободно пиши. Поздравче
^ На 16 и 17 мислам дека се уписите, ама не ме држи за збор, провери си страната на министерството. Сега па јас уште толку се збунив. Ама правен ќе идам ваљда, 70 %. :geek:
ако има некој што има правено писмена македонски во прва година за панонски легенди,климен и кирил,житијата и така натаму нека ми пише пп ако може помош малце.