Aма бледо ве читам, толку време ли помина што ич не ми текнува на професориве што ги зборите. И како тоа Ниновска и Фани главни фаци бре. Кози едни и двете класни ми беа (Ниновска у секоја прилика флертуваше со Небојша, а Фани сакаше многу хард кор да се праи ) Туку, онаа Елена Ц. (дали беше на Ц, Црвенова презимето и како беше, не ми текнува, изборен економија предаваше) млада една, уште предава? Многу лудило глумеше на часови, 45минути трае часот, таа 50мин на телефон беше И оваа Дамеска предаваше економија? Ако е таа што мислам мене ми беше меѓу најдрагите професорки, многу беше коректна и заинтересирана. И фала богу, за разлика од другите, бараше тоа што ќе го научиш да го сфатиш, а не да го набубаш на памет. Ех средно...што убаво ми беше
Канурков ги предаваше правните предмети, основи на право, јавно право... Да да Вики е на таа функција откако пред 3/4 години си замина г.Петровски не ми текнува на името А мирче и он е таму, барем така знам....лелеее колку тој човек се радуваше кога ќе ме видеше дека сум напишала домашно,дека никој не му пишуваше Ни јас....хахах дој "не го собира" во сала За Ниновска неможам да зборам,не ми предавала, ама Фани класна ми беше сега ми се превртува желудецот кога ја спомнувам,а и неа сигурно мене кога ме гледа, со Црвенова BFF па и Ниновска,....а Фаним, Анета (срцката ), се гледа дека од километар не ја мириса....сега ќе си пукне од мака,зошто Анета си стои феноменално со Канурков (Анета и Канурков се школски) И јас Дамевска во 4та неможев со очи да ја гледам, ама на крај испадна срцка за сите, попушта мнооогу. Инаку редно беше некој да го стави во ред школото. А Дамевска ќе влезе 10мин, пред карј и ќе успее 4-5 минуси (кецови да стави)
Ооо Зејнеп, кој може да ја заборави неа. Секој час имаше испади кај нас. Ни раскажуваше како од што ја нервирале учениците лексилиум пиела за да заспие.
Снежана по француски и Оливера по математика попуштаат на крај? :geek: Иначе морам да кажам нешто за Пиневска.Абе многууу смотана жена.Нели за тестови не дели на две групи.Е сеа на некои навика им стана да си викаат другари/другарки од друг клас да го прават тестот во нивно име.Добро бе не ми е јасноо како може да е до толку глупа и да не примети??Сега една другарка од клас ме моли да го правам тестот за неа,пошто мене Пиневска ме ослободи,само незнам си имам некој страв да не ме фати,пошто ја баксуз сум си
Снежана Поп Георгива не попушта, јас кога бев втора година, она беше многу отсутна, 2 замени имавме, и на крај кога дојде на сите 3ки ни настава, а цела година ја немаше.
Марица какви тестови дава за поправање на оценка? Ќе ми даде утре тест за прво полугодие. Ќе биде исто на заокружување како што дава или прашања, па да пишувам лекции, дефиниции? Ако знае некој, итно ми е!
Пола на заокружување, пола дефиниции. Кај нас така има давано. И пази, двосмислени се тие на заокружување!
Јас кога учев за поправање збореше нон стоп дека тестови ќе дава а всушност нон стоп испрашуваше за поправка на оценка.
Лелее ме усреќи сега. Дајбоже да ми даде тест , ќе ја замолам ако не, па и така она има многу други да испраша што немаат оценка. Јас треба да поправам 1 од прво полугодие, а за второ полугодие си имам позитивна веќе.
Тестови бе, не ми се верува. Ние само по математика имавме тест, ве замараат со глупости значи ги мрзи да испрашуваат, дебилни!
Вечерва ви е матура, па да ви биде прекрасна ноќ....и ова да ви е стартот на патеката која ќе ве води кон успесите
Не,5 има.. Глупости.Тоа и мене така ми викаа пред да се запишувам. Прва и втора година имаш општа математика,а трета и четврта година имаш економска математика што е дупло полесна од општата. А тоа 4 математики лажги со опашки е Едино ако некој не си ги сфатил сметководство и статистика како математики, тоа е друга прича Зошто и таму има пресметки,формули и чуда..
Во прва година економски и правен смер имаат исти предмети : Македонски,математика,бизнис,право,устав,социологија,информатика,ликовно,музичко,физичко,англиски,француски/германски,историја. Во втора година нема социологија,устав,ликовно и музичко,нови предмети ќе бидат деловно,пракса и сметководство)
Ах, ако те привлекува нешто друго, поубаво запиши се во некое друго средно училиште, во Борис има „живците да ти ги искорнат“! Тоа е мој совет, затоа што јас завршив таму на економски смер и можам да кажам дека не е баш лесничко.