Се мислам меѓу Карев и Васил Антевски- Дрен ама во Васил Антевски- Дрен немам со кого да одам а живеам во центар и некако чудно ми е... незнам што да правам ве молам помош
^немаш со кого да одиш? ако мислиш на друштво некој од основно... немој да се врзуваш кон нив...средното е твое образование нешто ќе ти е потребно и понатаму во животот оди таму кај што сакаш каде што ти се допаѓа,а не другарките кај што ќе одат. Од тие другарки,со 1 ако останеш во контакт. Воопшто немој така да гледаш на работите.
Да али далеку ми е..и неќам сама по автобуси да се шлаам ... се мислам каде да одам...страв ми е да не донесам погрешна одлука
Од центар до К.Вода ти е далеку? не ме зезај па знаеш ли дека има деца од Чаир,Бутел,Радишани.....а не пак оние од Мралино,Кадино,Зеленикова,Волково,Скопска Црна Гора....деца од други градови што доѓаат и учат во Скопје. Далеку било...хммм, не ме сваќај погрешно ама средно не е основно до зграда да ти биде. Во парк, и дискотеки можете да шетате, а до школо далеку ви е.
Ne ti e mn daleku od Centar,Jas ziveam vo Petrovec pa ke idam u V.A-Dren a ne ti od Centar ne zezaj sea I jas ke idam bez drustvo
Ми нема предавано мене, ама оди кај класната, збори со неа дека ти треба оценката и ќе ти ја поправи. Или ако ти фали за успех може и ќе ти ја поправат на совет. Физичко е сепак, ако ти се високи другите оценки нема само физичко баш да ти штрчи. Инаку сакам да прашам ако бил некој или знае за земање вондредна година (III) или како и да е? Како е со матријалот за учење, што професори, како оценките се и се околу тоа ??
Прашањево ми е конкретно за упис во Борис,ич не ми текнува лани кога се запишував...Може да се однесе обичен формулар купен од книжара или ќе мора формулар специјално од Борис?
Искрено незнам ни јас дека кога се запишував минатата година само моите отидоа да ме запишат.Иначе некој ми има кажано за тој ,,специјален" од Борис што го даваат на денот на уписите.
Само се мислам ако има многу учење на памет дали ќе можам да учам? Никогаш не сум учела на памет, и мислам дека секогаш тоа ми бил најголем проблем. И предметите може некој да ми ги каже? Мислам за во прва беа бизнис, право, устав, социологија, македонски, англиски, француски, музичко, физичко, ликовно ? Иии ме интересираше какви се професорките по француски.
Леле Станинова колку ја мразам...од дно на душа еј. Таква зла жена, што ужива да гледа како се мачиш, како плачеш и молиш јас во живот не сум видела луѓе.Таа не е човек. Остава деца на полагање за да и бил исполнет денот кога ќе доаѓала во јуни...
^внукот на станинова учеше со мене....леле луѓе среќа па не ми предаваше ни една година. ама затоа нон стоп доаѓаше ради него, дури еднаш си зема за право да запише и избрка ученик од наш клас, а пазете ни ни предава. Си влезе кај колегата си замуабетија, нешто не и се допадна ја избрка ученичката и ја запиша-неарна жена. Инаку многу луѓе сум слушала дека плачеле од неа, велат дека е изгор
Јас ја завршив прва година во Борис мене ме интересира кои професори би се паднале во втора година во правен смер и кои се новите предмети, а кои се исфрлени? Предмети за прва година и на двата смера се следниве: Македонски Англиски Германски/француски Право Устав Бизнис Социологија Историја Информатика Математика Ликовно Музичко Физичко