Исти се лектирите за правен и економски смер. Цар Едип Илијада Митот за златното јаболко Гилгамеш Прометеј Библија Панонски легенди За буквите-од Црноризец Храбар Македонски народни песни Галебот Џонатан Ливингстон Мене толку ми текнуваат,можеби имаше уште.Нека ме дополни некој ако сум заборавила нешто
Ај кажете по нешто за новите предмети во втора година,економски смер:сметководство,деловно и пракса.Тешки се?
Сметководство е најтежок предмет на економскиот смер, треба да го сфатиш ир азбереш предметот, а и многу логика ти треба. Деловно е исто тежок и обемен предмет има многу бубање на памет, бидејќи и нема друг начин да ги научиш тие работи. Додека пак пракса е најлесниот предмет, пополнувате документи, пишувате понуди и побарувачки и вежбате сметководство
Дали класните раководители на прва година ќе бидат оние класни раководители што сега биле на четврта година, ако е така може некој да ми каже кои професори може да ми се паднат некој од нив за класен раководител за прва година во економскиот смер?????????????
^не....нема никакво правило.Дури може сите 4 години различен класен да имаш. Ова не е воопшто како во основно
Cамо 3та и 4та одат на повеќедневна екскурзија (7 дена) , а 1ва и 2ра по еден ден негде низ Mакедонијава.
Оффф леле само во Борис е вака-.- па нели минатата година и тие од втора ги носеа во Белград на 3 дена?
^ Jас додека учев ( ова мислиш 65 год. имам ) никогаш не ги носеа 1ва и 2ра 7 дена надвор од Mакедонија, носеле Mаврово, K.Паланка, Kрушево, посета на некои манастири и сл., а во 3та околина (Cрбија, Ц.Гора, Xрватска), во 4та Унгарија, Италија.
Па значи и оваа година втора година можно е да идат на екскурзија? Иако професориве се бунеа нешто...
Годинава што одеа на екскурзија втора година,они самите си изразија желба да одат. А иначе никаде не беше планирано да одат,така да директорот си ги пушти на три дена или колку и да беа. Затоа ако сакате да идете распрашајте се како генерација ама повеќе класови соберете се,така направи сестра ми со нејзин клас и уште некои Иначе,некоја информација во врска со земање на дипломи да не знае некој?