Од сите овие само Ирена и Киселичка ми имаа предавано...за Ирена можам да ти кажам дека е срцка, препрепредобра, а сите и се качуваа на глава...за оцени не бара многу, само 2-3 вежбичи или евентуално некој текст и ете ти 5ка.
ее таа право стварно незнам што жена е.. =/ не само сестра ми,и други класови ми имаа зборувано за неа,јас кога бев прва,другиот клас до мене им предаваше оваа,абе се тресеа децава пред нејзин час,ја се чудев,што им е х) иначе,тој зоки појма немам кој е поточно и нп бтв =)
Дијана е добра, не бара многу онака,ама да си и мирен и да знаеш кога ќе те крене.И да и речеш не знам,другиот час ако се пријавиш ќе ти стаи 5ка. Зоки, мааа Зоки е душааааа човек бре, среќни да сте што не ви предава тој другиот, а ќе плачете ако ви предава таа една црна,ич не ми текнува како се вика... Кај Зоки носете опрема,фатете топка барем пред него и имате 5ки. Мада може и без тоа 5ки да имате. Киселичка за мене е супер, на крај година сите ќе имате 5ки,ама баш сите. Мерии е далеку позаебана од Гордана, бара знаење као демек,и построга е,не попушта многу. Може да ве заебе,така да правете ги вежбите на час.
Еве мене кои ми предаваат Трајанка-македонски Оливера-математика Славица-устав Милановаааа-право Татјана-бизнис Киселичка-ликовно Јованкаа-музичко Фетка-физичко Кристина-англиски Кристина-историја Мери-информатика Снежана-француски Ирена-социологија Кажете по нешто ако знаете за некоја од нив...само за Миланова прочитав и жими све поголем ѓавол од неа не сум виделаа OOO
Аи,денес Киселичка на пола клас ни стаи кецови 6 час,ние здивевме по малце и почнавме да праиме диско.Гасевме-палевме светло,си пуштивме музика,се смеевме..И она влегла,а ние да не сме ја виделе И после ни дојде со сменоводителката и почнаа да ни се дерат,си отиде сменоводителката и оваа ни вика,сега сите ќе ве испрашам за ова да си го памтите до крајот на животот. И фати од број 1.шест-седум души праша(јас сум 4-та),и ни стаи кецови на сите што не испраша бидејки никој ништо не знаеше,немаме учебник,тоа нешто што си слушнал на час,ама и да одговориш на едно те прашува друго потешко и така викаш не знам и си седнуваш. Другите си се спасија,а тоа не е фер,баш тие најмногу што правеа галама не добија кецови,ама ајде.. Леле лоша Киселичка
Eпа сте го претерале бре деца,па секој има своја граница. И неа ја опоменуваат цело време,исто како вас што ви се дерат,така и на неа...Одговорна е за мирот во тој клас за тие 45 минути. Затоа изреагирала така,и пукнала жичката,ама верувам дека и вас памет ви дошло,па нема така да и правите. Како и да е,малку почит треба само,ќе ви ги нареди 5ки.
@Rozich-Мене Мери ми беше класна..На сите ни ветуваше многу работи,а 1 месец пред крај на учебна година си зема трудничко и не остави така.За предавање океј е,само треба убаво да ја слушаш..Не е ѓавол воопшто.Она кога ни беше класна бевме етикетирани како најлош клас и после ни дојде друга класна па се оправивме некако.Оправдување кај неа е нешто најлесно! Кристина ми нема предавано,али зборат дека лесно може да се добие оценка кај нејзе. Кај Дијана исто така е прелесно да се добие висока оценка.Пишувај и домашни ако некогаш ви даде,учи си ги лекциите и онака не се тешки,на тест препишување колку ти душа сака.. Киселичка е врх.Еднаш во цела учебна година ја имам видено да се насмее и мислам дека дента за прв пат падна снег..Останатите денови моравме да слушаме како „урла„.Седиме кај нејзе на час,потполна тишина,изморени да ја слушаме веќе како се дере и ете ја нејзе пак со некоја ваква фаца и си мумлаше нешто.По се изгледа и сметаше и тишината. Музичко ако ти е една со црвена коса..немам коментар.Најмногу учев музичко и на крај 4ка ми остави.Тешки тестови,долги лекции. Физичко ти е најдобриот професор..ќе си заклучиш и сама. @ana-sweet-Устав има чуден начин на предавање и на испрашување.На тестови секогаш не делеше во 2 групи и немаше шанси да препишеш.Нормално си оставаше и на полагање. Француски ми беше омилена професорка.Секогаш релаксирани часови.Само 3ца знаеа француски во цел клас и сите препишуваат од нив.Тестови лесни,испрашувањата беа само да прочиташ и да преведеш текст.Рееетко кога остава на полагање,треба ептен да си трупче,да не знаеш ни еден збор.
Епа и ние претеравме ,ама па и тоа не беше фер. Музичко мислам дека е една,така постара и мислам дека имаше црвена коса,мислам. Ми имаат кажувано и овие што се втора година,цела година ќе се изнаучиш,четворки,петки на крај може и 3-ка да ти пише
Мене Киселичка ми е ептен чудна али океј е..барем не бара да си некој голем уметник,музичко не ја можамм таа..ептен си го преценила предметот типката и многу бара ко којзнае колку ќе ми треба музичко у живот..устав сега за сега добра ми се гледа,смирена е и не бара многу,барем за сега..француски но комент,најбоља жена ми е таа..се согласувам со тебе,најрелаксирани часови кај неа
Ве читам и си мислам добро бре Марамо ти толку ли стара си, кај се твоите професори? Мене ниту еден од овие што ги спомнувате не ми е познат, можеби веќе се во пензија. Грнчаровски, Исајловски, Фани на никој ли не предаваат?
Грнчаровски и Фани предаваат,лани Фани ми предаваше срцка е .. А Исајловски мислам дека сеа е заменик директор и не предава
Може да се каже дека поголемиот дел се нови професори. А Розич ако музичко е една што постојано вика: Не ми жвакај на час,таа ќе да е.Има предавано,а можно е и уште да предава во ветерина(Драчево).Таму јадела ремет,а тука глуми нешто..Само можам да кажам среќа што една година имаме.
Е,оваа е што се појавува на почетокот на видеото http://www.youtube.com/watch?v=vCAr9ijlQX4 И да вика не ми жвакај на час,ако те фатам уште еднаш има да леташ од час.
Хахахахха не бе Маца,гледај го видеото не знам точно која минута е,се појавува професорката по музичко што ми е мене и Фифи за неа вика дека му е како втора мајка,таа пак за него дека тој не е ученичка дека е ученик,дрн,дрн Мислам финтата е да ја видите која е,не е фифи
Ауу,да бе,мене оваа ми предаваше. Малце ја изгубенка сум,не прочитав на која мислиш. Иначе,ќе има многу киксови од неа... посебно при изговорот на ч и ќ.
И јас си го кажав истото од темава... Пред огледало брчки си барав Предава ли уште Шуклева? Ах, колку ја обожавав таа професорка Весна сметководство исто една од поомилените ми беше, срце од жена И класната моја Елисаветка по математика, да не заборавам, ја користам приликава да ја поздравам