^од тоа што се сеќавам...поделба на претпријатија, мали средни големи-секое посебно во целини ќе ги учите и нивните карактеристики. според кои поделби. како се оснава. формули за основање. цена, што е цена како се основа. и најголем дел ќе бидат вежбите за основање на претпријатија.
Еве Snow Queen убаво ти објаснила,во главно ова се учи,лесен е предметот а и интересен и плус професорката по бизнис класна ми беше
Ме интересира бидејќи овде пишува Устав, а сега на новата страна на училиштето Васил Антевски Дрен прочитав некој си предмет Конституционо уредување, а не прочитав Устав па ме интересира дали и тоа истиот предмет Устав но со друго име-Конституционо уредување, или сосема друг предмет, и ако е друг дали може некој да ми каже што се учи во предметот КОНСТИТУЦИОНО УРЕДУВАЊЕ. И ме интересира дали во средно предметите по Англиски и Германски Јазик се тешки и што подетално се учи во прва година по Англиски и Германски Јазик.
Конституционо уредување или уредување на власта според уставот т.е поделбата на власта на законодавна , извршна и судска
Да не знае некој како се смените? Како што ми имаат кажано 2ра и 4та година-прва смена,а 1ва и 3та-втора смена,само не сум баш сигурна дека е вака
И јас бев денес, ги немаше, утре не се работи веројатно ќе ги стават во среда. Иначе се оди 1 и 2, 3 и 4, како што знам јас.
А зошто 1 со 3 и 2 со 4 година?? Одсекогаш биле 1-2 и 3-4 . Сепак мислам дека 1 година ќе биде прва смена, па сега која е со неа ставена таа исто прва смена, освен ако и тоа не промениле
Лила Дамеска-економија Бара многу....од една страна сака цела книга да ја знаеш, до точка и запирка, ама тоа да не е на памет научено. Мора да е мртва тишина,да се работи, на тест да си присутен. Знае сите за еден час да ги испраша. Но ако успееш да извадиш на почеток добра оценка после ќе успееш лесно да се искачиш до 5ка. Знае и да попушта, но така така зависи каков впечаток си и оставил во текот на целата школска година.
Дамеска ако на пример ти е класна тогаш на коњ си, јас и цел клас книга не фативме цела година а сите имавме солидни оцени. До душа во 4 ми беше класна, а мојот клас претходните 3 години се научи на распашана команда и башибозук, па Лила се обиде да не смири, кога виде дека не оди, полесно и беше на не истрпи. Од другите бараше знаење, од нас-да бидеме потивки, зошто веќе срам и беше на секој класен и наставен час да доаѓа Небојша да провери што се случува.
^тоа го имам и јас чуено, дека на тие што им била класна-буквално уживале. ....но скоро кај сите професори е така, својот клас гледаат колку толку да го растеретат од тој предмет.