Па лани беа прва година со втора и трета со четврта во смена, а и предходните години така беше. Затоа прашав, некој од школото ти кажал, си прочитала или? Зошто гледам многу промени има, а каде се тие објавени? Бев во школото вчера само за прва година има информации на врата, да не бев тука на форумот немаше никако да дознаам од кога почнуваме ние што сме 4 година, а за училна каде сме преместени уште не знам.
Уствари да, извини ја се измешав за во Јбт. Да прва и втора, трета и четврта бевме. Сориии Луѓе па тоа не е воопшто битно, само знам дека Борис е школо каде што навистина има дружба секој со секого и затоа највеќе си го сакам.Таму си ги имам најдобрите пријатели и пријателки уште до ден денеска. Мене барем ми беше преубаво тие 4години поминати таму. Среќни сте вие со Канур сега му ја уживате Средношколските денови ви се најубави, колку би сакала сега да ми се вратат ...аххх
Викаат дека е многу добра како професорка ..Мене ми нема предавано , ја знам по ходници многу вика ама имам слушнато дека онака е многу добра ..
Мене од оваа година економија и економија изборна ќе ми предава Дамеска. Си ја сакам Марица. Повеќе губевме отколку што одржавме часови.
Ај кажете ми по нешто за професоркиве Пракса-Жаклина и Биљана...незнам како се викаше таа мене што ми предава,подебелата ми е,мислам дека Биљана е таа Сметководство-Палчевска Биљана Право-Јанкуловска Бизнис-Фани Македонски-Панева
Таа подебелата е Жаклина. Само седи мирна кај неа и ќе биде добро, иначе бара учење. Некој нешто да ми каже за професорките Билјана Ниновска (не знам што ќе ми предава) и Тања Борас Јовановска (организација)? Како испрашуваат, дали се строги, даваат тестови?
ana-sweet Право-Јанкуловска, многу одвратна жена и на лик и на карактер. терсен е. Бара учење и дисциплина. Си замислува дека е бог знае што.Стил воопшто нема. И не пробувај никогаш кај неа да докажуваш дека си во право. Остава на полагање. Бизнис-Фани, една година ми беше класна.Многу убава жена и со стил, најдобра другарка и е таа Црвенова, ама многу е препотентна и самобендисана. Ги дели луѓето,кој носел марка/брендирана облека, по статус на финансии. Едноставно ќе си има неколку миленици и тие ќе поминуваат како ништо.Сите други ќе си одговараат. Нас ни беше класна,ама за едни беше мајка некои 7/8 души, за сите други маќеа. Ќе видите и самите, колку и да изгледа мила интересна,всушност има нешто лошо во неа.
Некој нешто да ми каже за професорките Билјана Ниновска (не знам што ќе ми предава), Тања Борас Јовановска (организација) и Татјана Пасковска (бизнис)? Како испрашуваат, дали се строги, даваат тестови?
Тања Јовановска ми е класна оваа година,ми предава деловно и не ми се гледа многу лоша ама ќе видиме во иднина,сеуште не сме почнале Пасковска ми беше класна минатата година,срцее е,предобра,убаво објаснува и ако слушаш внимателно можеш цела лекција на час да ја научиш,за испрашување не е строга,не сака учење на памет,значи со разбирање учи пошто знае да збуни малце со подпрашања за да види дали си ја сватила лекцијата...женава е предобра,многу ми фали
Професорката Тања е супер, верувајте Само едно немојте да пробувате кај неа, а тоа е бегање од час, бидејќи шансите за висока оценка во овој случај ви се многу, многу мали... Инаку е многу добра, на час лекцијата ја објаснува со многу примери на нејзин начин и мене лично ми беше доста интересно на нејзин час...
Луѓе кажете ми нешто за Соња по македонски, за Мирче и за Фани по бизнис. Денес имав час со Мирче леле мрднат човек само се придераваше. Каков е за оценки лесно става, попушта? Имав и со Фани ама не ми остави некој посебен впечаток. :? А со Соња уште не сум имала,ама викаат дека била строга, вистина е или не?
Ниновска е шмизла, повеќе се лигавеше него што предаваше. Фани изиграва хард кор, мава сарказам и многу сака изненадни испрашувања и тестови, не сака никој да и се прави многу паметен, таа е најпаметна. Соња (валјда Соња беше таа) е конзервативна и не сака голи раменца и коленца на час. Истата ми стави 3ка на непрочитана писмена, па откако ја усрамив, цела година ми се улижаваше ако се покажеш примерна, ќе те цени повеќе, без разлика колку знаеш. Иначе ова вака беше пред 6години
Проф.Мирче т.наречен АУСПУХ..... ќе ве полуди. Сами ќе сватите дека можете да бегате од кај него од часови. Ама кога ќе збесне сите ќе ги запише. Секогаш дава домашни,а не ги бара. А ако ги работиш и му ги покажуваш памти и утре за оценка можеш како адут да си ги искористиш. Тестовите, т.е. задачите ги пишува на табла,вие ги гледате од табла и директно на два листа ќе решавате. Тие што ќе имаат тест на 3ти и 5ти час се среќлии, зошто не ја брише таблата. И за време на одморот ќе можете да си ги решите. И истиот лист да го предадете. Он дели прва втор прва втра-групи на тест.ама сите една иста пишуваа. И на крај двајца еден до друг што седат од а до ш исто напишале и едниот ќе добие 4 другит 2....да го прашаш зошто....ќе добиш 1 и ништо повеќе. Ужасен е кога ќе полуди....просто чвек неможе да не се смее,а кога ќе види дека се смеете,и кога ќе ве извади на табла пред цел клас оххх боже мој,па тоа се патешествија. Нон стоп ќе праќа некого да му купува за јадење и ќе му вели земи пола ѓеврек. Или ќе даде 20ден а ќе рече купи ѓеврек,а со кусурот сладолед земи си и кога ќе се вратиш само со ѓеврекот ќе те напне зошто не си купил сладолед за себе Потоа ќе даде некому 20ден. и ќе рече земими 1/4 бурек, и нормално ќе изреагираш дека нема четврт за тие пари,....а он ќе ти рече ај ај иди има не ми објаснувај. И так нормално ќе си извадиш пари од свој џеп.................еееееееее до сабајле можам да пишувам за професорот Мирче. Нема некој во школото што не ги знае случувањата со него
Зависи, имаше некогаш втора во нивна смена, и трета во нивна смена...но прва никако и четврта. прва биле мали, четврта матуранти-имале обврски
Во комбинација ми се паднаа Палчевска, Несторовска , Наќева, Оливера,Бранковска Ана и Бранковска Елисавета. Велат дека биле строги, некој збор два за нив?
Палчевска е најдобриот професор по сметководство што може да ти се најде низ образовниве установи. Дури ни на факултет не ми се појави таков професор што толку имаше желба да те научи нешто. У мое време беше доста строга, даваше писмени кои траеја два часа и на писмените како профи детектив бараше ливчиња, препишуванки и такви ситнурии. Кај неа нема препис. Ако имаш желба нешто да научиш, нема да имаш никаков проблем. Наќева си има/ше класеви што ги сака и што баш и не ги мириса. На едните им се доверува, си другарува, често се жали, раскажува за народните неправди и шири по некој совет за помало разочарување од светот Со другите незнам каква е, валјда построга. Јас бев во еден од тие класови што ги сакаше Ќе почнеше да испрашува 5мин, па некој ќе ја запрашаше нешто и отиде после цел час раскажување животни стории Мене ми се сфиѓаше, интелигентна жена со широки сфаќања и секогаш средена ...не се сеќавам дали некогаш до крај сите не испраша Другиве поима неам кои се...