^ не сум знаела, а ми заличе по тетратките и кецовите, јас пред час си пишував во тетратка све и секогаш ми беше уредна и си имав петка ама пеењето по групи омаловажување, хистерија, тетратки кинеше женава
^и јас си имав маки,што велиш ти тетратка да средена ама пеење....НЕ!!! Среќе после брзо време се начекавме во продавница и испаднавме комшики, муабет,вака така....и цела година испрашуваше а мене не ме чачкаше.
Кај кого е најдобро да земам проектна, кај Наќева (менаџмент или деловно), економија кај Лила Дамеска или бизнис кај Татјана Пасковска?
^не се замарај сега за тоа....ехеее имаш време до проектната, а воедно и ќе си ги процениш професорите.
Веќе некои деца почнаа да се договараат со професорите за проектните. Сакам порано да се одлучам, додека има повеќе теми за избор.
^добро ти си знаеш, тоа е мое мислење зошто нас дури во Декември почнаа за проектни да ни спомнуваат. Инаку, професорките не ми предавале.
^^ Јас да си резервирам на време додека има повеќе теми, па дури во декември ќе се изјасниме за кој предмет ќе правиме. Некој ако има искуство кај овие професорки нека пише.
Да почнаа веќе да бараат професорки и да се мислат која професорка и кој предмет да го изберат. За Лила Дамевска (не знам дали е точно) слушнав дека ако не си ја избрал неа за економија ќе ти викала нешто како зашто мене не ме избра? зарем јас не сум доволна за да ме избереш мене? јас вака, јас така.( нешто во овој стил зборела). За Наќева, другарка отиде да ја праша и оваа цела радосна и рекла леле ти си првата што ме прашуваш (оваа година нели ), затоа ќе ти дадам можност ти сама да си ја избереш темата. Изненадена и среќна била, што толку рано некој се заинтересирал . Па ти види си сега . Јас исто треба да бирам, исто немам поим кој и што ќе изберам. Ај некој што веќе правел проекти да ни помогне
Првиве две не ги знам,не ми предавале ама Татјана лани ми беше класна и е предобра,срце жена..можеш кај неа да си земеш
Мене последна опција ми е бизнис, не ме влече некако. Се мислам за Наќева и Дамеска. Знам дека двете се добри професорки, ме интересира за кој предмет ќе поминам полесно. Треба да се гледаат и другите професорки што го предаваат тој предмет зашто ќе ми бидат во комисија. Џабе ми е ако менторот е добар и ми помага ако во комисија ми се падне некој незгоден професор.
Дали на крај на темите професорката по маркетинг Лилјана Стојковска дава тестови? И дали воопшто дава преку целата година?
^ Не дава тестови воопшто,само усно испрашува. Освен ако не си го сменила начинот на оценување,ама не верувам
За Зејнеп слушнав дека кога ќе се изнервирала плачела пиела апчиња за смирување а пак за Виолета слушнав дека ќе вика добро е добро е и на крај 20 единици во клас
Mene matematika sega mi predava Elisaveta inache jas sum 1-va godd ii mn mi e strav od nea.. Izgleda deka e mn losha
Тања-бизнис Мирче-математика Милица-француски Ирена.Н-Македонски Ирена.Г-социологија Кажете ми нешто повеќе за професориве!?!?
olence26, Бизнис-Фани, една година ми беше класна.Многу убава жена и со стил, најдобра другарка и е таа Црвенова, ама многу е препотентна и самобендисана. Ги дели луѓето,кој носел марка/брендирана облека, по статус на финансии. Едноставно ќе си има неколку миленици и тие ќе поминуваат како ништо.Сите други ќе си одговараат. Нас ни беше класна,ама за едни беше мајка некои 7/8 души, за сите други маќеа. Ќе видите и самите, колку и да изгледа мила интересна,всушност има нешто лошо во неа.
TheKing, Проф.Мирче т.наречен АУСПУХ..... ќе ве полуди. Сами ќе сватите дека можете да бегате од кај него од часови. Ама кога ќе збесне сите ќе ги запише. Секогаш дава домашни,а не ги бара. А ако ги работиш и му ги покажуваш памти и утре за оценка можеш како адут да си ги искористиш. Тестовите, т.е. задачите ги пишува на табла,вие ги гледате од табла и директно на два листа ќе решавате. Тие што ќе имаат тест на 3ти и 5ти час се среќлии, зошто не ја брише таблата. И за време на одморот ќе можете да си ги решите. И истиот лист да го предадете. Он дели прва втор прва втра-групи на тест.ама сите една иста пишуваа. И на крај двајца еден до друг што седат од а до ш исто напишале и едниот ќе добие 4 другит 2....да го прашаш зошто....ќе добиш 1 и ништо повеќе. Ужасен е кога ќе полуди....просто чвек неможе да не се смее,а кога ќе види дека се смеете,и кога ќе ве извади на табла пред цел клас оххх боже мој,па тоа се патешествија. Нон стоп ќе праќа некого да му купува за јадење и ќе му вели земи пола ѓеврек. Или ќе даде 20ден а ќе рече купи ѓеврек,а со кусурот сладолед земи си и кога ќе се вратиш само со ѓеврекот ќе те напне зошто не си купил сладолед за себе Потоа ќе даде некому 20ден. и ќе рече земими 1/4 бурек, и нормално ќе изреагираш дека нема четврт за тие пари,....а он ќе ти рече ај ај иди има не ми објаснувај. И так нормално ќе си извадиш пари од свој џеп.................еееееееее до сабајле можам да пишувам за професорот Мирче. Нема некој во школото што не ги знае случувањата со него
зошто праша за Мирче, па си го кажав своето мислење кое и претходно го имам пишано,бидејќи можеби не го видела.