4 година. Значи уште октомври не е почнат, нас почнаа да не испрашуваат на 4-5 лекции, по некои предмети веќе цели теми земавме. Па да си знам дали (бидејќи многу предмети ми се собраа) дали ќе можам да си ги поправам ако добијам слаби сега .
Затоа и те прашав. Четврта година тоа е нормално. Наместо крај на октомври прва недела ноември. Вие веќе до 15 Октомври ќе имате први оценки. А пак до 10ти декември исто така ќе имате и втори.И ретко ретко кого ќе пуштат да поправа последните 2 недели од декември.Вашите совети за четврта година ќе се 1/2 недели порано од останатите.
Кај нас не испрашувала до сега. Но имам слушнато дека понатаму во учебната година ти ги гледала и другите оцени и според тоа и она оценувала. Ај некој што знае како, што испрашува нека пише Spoiler Значи како ни ги предаваат лекцииве, по 2-3 во еден час, сега јас за утре имам 4 предмети да учам и тоа вкупно ми се некаде 20 и неколку лекции (за еден ден). Ај да беа толку лекции за еден предмет, ама различни се. Затоа и прашав кога ни е тромесечие бидејќи ќе имам слаби оцени уште на почеток вака.
Има некој германски јазик кај Маријана? И ако на некого му предава ве молам кажете ми каква е за оценување ://
Јас земав проектна кај Наќева менаџмент. Ме праша тема дали имам избрано и јас и реков не. Таа ми рече дека имало некои книги емоционална интелигенција и во нив имало некои теми за проектни и од нив да изберам. Каде да ги најдам тие книги?
Имам пишано предходно во темава за Дељо, ама ај да не го цитирам мислењето. Супер професор, подобар е од таа ниската со плава коса (Лилјана мислам дека се викаше, ми предаваше само 1 полугодие во 1 година и на часови само седеше, каснеше и не предаваше скоро ич). Порано многу брзо предаваше, не знаевме дали да го слушаме што кажува или да пишуваме бидејќи одма ја бришеше таблата, сега е поспор во тоа малце . Убаво објаснува. Ако ти иде математика лесно ќе добиваш 5 или 4. Ако не ти иде баш за 2ка ќе треба од тест да решиш 2 задачи (да ти бидат точни нели) за 2ка. Даваше предходните години по 5-6 задачи. За 5 да се добие полесно даваше 6 задачи, бидејќи секоја задача ти е оценка погоре. 2 задачи за 2ка, 3 за 3ка, итн. Е сега немора да значи дека секогаш е вака, нели некогаш е и измеѓу оцени, некогаш пола задачи имаш точни и сл. За на полагање е многу лесно. Инаку, ми предава од 1 година 2 полугодие.
Дали некој има пишувано есеј по информатика во втора година кај проф. Мери?? Ми треба за во среда да напишам за некоја од овие 3 теми : 1. Влијание и примена на И.Т. во општеството -И.Т. информатичка технологија -дигитален јаз 2. Социјален и етички аспект на И.т. 3. Интелектуална и индустриска сопственост во И.Т. општество
Кажете ми нешто за Јанкуловска, дава ли тестови и каква е за оценување и за Мирче кажува ли кога ќе правиме тест и навистина ли на тест ги давал задачите што ги решаваме на час?
^Јанкуловска, многу одвратна жена и на лик и на карактер. терсен е. Бара учење и дисциплина. Си замислува дека е бог знае што.Стил воопшто нема. И не пробувај никогаш кај неа да докажуваш дека си во право. Остава на полагање. За Мирче, не е точно дека ќе ви даде иста задача, ама па ќе биде слично.
Земав проектна кај Наќева менаџмент и ни рече да си одбереме тема од некоја книга емоционална интелигенција. Дали некој ја има книгава? Заинтересирана сум да ја купам.
Во мое време , не делеше на пола клас, едниот дел еден час прави тест другиот дел наредниот час На тестовите дава по 5 прашања од кои едното секогаш според мене беше тешко, но може да се добие петка. А кај Душица ептен е лесно на тест , некои прашања од чиста култура ги знаеш . Ќе ја прочиташ скриптата и само главното ќе го научиш. Иначе кај нејзе може и лесно да се препише