Скоро за секое средно во Скопје-во има факти, демек „Знаеш дека си од ... кога ...“ Дај кажете некои факти за нашево ни школо Знаеш дека си од борис кога...
Зависи дали ти е од тест или усно, и зависи од тебе. На другарка од клас и стави единица усно, не ја сака како личност и постојано е нешто против со нејзе, а она ни крива ни ништо. Доби 3ка на тест и кога виде дека е она со пенкалото врз тројката напиша 2ка баш затоа што воопшто не ја сака. Е сега, имам слшанто дека ако добиваш добри оцени на тест, знае да ја заборави единицата како да не постои и на крај и 3 да имаш или 4 зависи.. Мирче е добар професор, само бара предметот да му се учи и да не му се потценува. Кога е нервозен незнае да се контролора, ти се обраќа со мори, бе, мрш, бегај на место, се дере, се развикува, од први до трети спрат се слуша. Но, сепак, Мирче е добар. Кога му е денот, не му смета и да се насмееш, кога ке влезе не поздравува со -Добар ден, добри луѓе или деца, насмеан целиот. Професорката Бриндевска по јавно ни кажа дека е многу добар, дека ако нешто ти треба помош, прв е да ти помогне, ама тоа е пријателски однос, како профеоср е различен.
Да не знае некој Тања Борас и Татјана Пасковска на која година се класни? И ако се на трета година дали можеби знаете дали ќе одат на екскурзија? Ми се губат часови.
Тања Борас мене ми е класна(2 година сум) и нема да оди на екскурзија а Татјана е на прва година класна,лани мене ми беше А дали ќе оди на екскурзија,незнам
Од колку почнуваме утре 4 година? Дека ни е патронат денес, па утре ќе ''прославуваат'' или што и да прават , а класната уште ја нема од екскурзија да се појави, па затоа не знам.
Може цел да биде на заокружување.Нас цела година така ни беа. И оценувањето е нормално точно-неточно според толку и толку поени (точни одговори) таа оцена.
Имаш на заокружување и на дополнување и едно или две прашања. Тие на заокружување се многу двосмислени, можат лесно да те збунат ако брзаш или ако не си учела многу. Кај некое прашање на заокружување може ниту еден одговор да не е точен, може два одговора да се точни и сл. (тоа ќе ви каже пред тестот). Првата страна (од лани што памтам) беше со заокружување, а другата со прашања и дополнувања. Може да се препишува, ниту еднаш кај нас не стана да прошета, само седна во средина на училната и не ''гледаше''. Мислам дека секое прашање и беше по 5 бода, а границите за оценките не ги памтам. Во секој случај ако добиеш пониска оценка дава да одговараш кога сакаш. Ако ви дава исти тестови како лани вакви ќе ви бидат и ако имаш учено нема да ти е проблем.
Утре правам тест кај Миланова по право Дај кажете какви тестови дава ве моламмм зашто ептен се плашам!!! Иначе тестот ќе го правиме на 3 теми.
Јас за Бриндевска сакав да прашам, какви тестови дава? Знам дека ке бидат 10 прашања, али да прашам тешки и се тестовите? И само дефиниции бара или?
Ќе се самоцитирам за да додам уште едно прашање. Дали може да се препишува на тестови кај Бриндевска? Фаќа многу на тестови кога се препишува?
AnGel.fire, кај бриндевска тест од 10 прашања??????? Тоа ние никогаш сме го немале, не делела прва втора трета четврта пета шеста група, вадете по еден лист,и пример кажува прва група пишува за локална самоуправа, втора за судство, трета за незнам што....трескам сега. А дека се препишува се препишува, ама знае да седне позади да се потпре на ѕидот и да не можеш да мрднеш.