Озбилноо?? Ние ја прашавме за тестот и рече дека ке има 10 прашања и дека ќе има дефиниции, карактеристики, поделби и сл. и дека нема да има за објаснување. Тебе што ти предавала она?
Јас имам големо искуство со Јованка-музичко. Многу е ретардирана во негативна смисла ја мразам од дното на душата. Ми го уништи просекот во I година сите оцени ми беа 4-5 ама музичко имав 2 ме уништи скроз на скроз, предпоследен час ми стави 1 во дневник за ич ништо и последниот час ја чекав 3 часа за да одговарам и на крај не одговарав си отидов. Можам само да ти кажам пази се од неа !!
Знае ли некој какви теми за писмена дава Соња Панева по македонски? Ако знаете ве молам кажете ми ги.
Ај кажете нешто за тестовите на Фани по бизнис,освен тоа дека се на заокружување.Двосмислени се прашањата?Строго оценува?
Па да двосмислени се треба убаво да се размисли.Ние кога правевме тест пред некоја година оцените ни беа катастрофа.Ама лесно се поправа кај неа.
Дали некој има правено проектна задача менаџмент и ако има такви да ми кажат кои професори им биле во комисија? Ментор ми е професорката Наќевеа.
^ Јас немав земено менаџмент проектна,но имаше неколку другарки што земаа кај професорката Маја Ужевска. Комисијата мислам дека им се состеше од Наќева( твојот ментор),Кушевска ( само мислам,не ме држи за збор) и уште еден професор..но не ми текнува кој. Иначе,не се држи според тоа кои биле во комисија од предходните години зошто секоја година составот на комисиите се менува. Така да,не се замарај со тоа Плус ќе ви кажат кои ќе ви бидат во комисија,ама дури пред да ги браните проектните. Чим си ја одбрала Наќева за ментор,мислам дека Ужевска сигурно ќе ти биде во комисија. Искрено,она е прилично строга,кај мене во клас на тие што им беше ментор многу ги подготвуваше и им бараше.И плус се тип топ требаше да им биде. И на памет научено. Е сега,да не те плашам мислам како ти напишав се лошо Не е до толку,ама си бара да знаеш Доколку те праша нешто ако воопшто ти биде во комисија,гледај да не и ќутиш и тоа што ќе го збориш гледај да покажеш дека го знаеш и разбираш За останатите во комисија,кога ги браневме ние проектните. Комисијата за менаџмент беше една меѓу построгите да речам,знам дека од кај мене од клас прилично се плашеа дали ќе одбранеле добро и се тоа. Ама немора да значи дека оваа година ќе биде исто ти викам комисиите се менуваат секоја година Кога ќе ви ги кажат кои ви се во комисија,пиши тука во темава па ќе ти кажам дали да се припремиш малце подобро или полабаво
Ужевска е супер професорка, ми предава бизнис изборна. И таа како и сите други си бара знаење и сум слушала дека е многу строга кога се работи за менаџмент. И сакам да ве прашам дали тие професори што се во комисијата поставуваат прашања од проектната или онака нешто општо?