Оние што знаат ако може да ми кажете дали математиката што се учи на економски смер е економска математика или општа како што учат по гимназиите?
Имаш и општа и економска математика. Прва и втора година ти е општа математика со малце измешани теми од економска мат,а од трета и четврта година веќе имаш посебен предмет економска мат,наместо општа,и општата ја немаш веќе
па.. хахаха,мене ако ме прашуваш да не ми иде математика така да ама добро,сепак општата е потешка,али економската мене ми е боза,што значи ако ти иде математика нема да имаш проблем со економската,бидејќи што мене ми е лесна,тогаш стварно е лесна. Само општата малце..чкљ и исто зависи кој професор ќе ти предава!
Леле оваа Лилјана Темелковска устав што ми предава,ме испраша и ме праша едно 100 прашања,се знаев,едно само едно се потсетив малце ми стаи четворка Пу бе,никаква среќа немам. А,утре кај Миланова правам тест,така да со среќа само..
Леле и на двете со среќа Јас утре кај Марица економија и те како ке се зезнам, немам научено-тешко мене
Еј Марица камо среќа да ми предаваше она! супер е жената,во разлика со мојава Иначе не се секирај за кај неа,секогаш ќе можеш да одговараш.И ние се плашевме ептен кај неа во почеток,али после сфативме каква е ,и никој не и учеше И бтв,можете да се извините во секое време кај неа,поготово ако правите тест
Некој да ми објасни за проектните задачи, не сватив што, како. Кога се прават и што се уствари. За цел материјал се прават? И правиш обичен проект или? И слушнав дека бираш и професор кој сакаш. Дополнително кој знае ако може да ми каже
Па нас на почетокот на годината, 3 сум сега, некои професори збореа за тоа дека на крај (сега незнам на крај до 4та или на крај на годината ќе треба да правиме проектни задачи и точно памтам Дуева ни кажуваше дека некои кај неа одбрале иако она никогаш не им предавала. Тоа се прават на крај на годината во трета или четврта? Јас ништо незнам во врка со тоа, само една професорка што ни спомна, па да си прашам ми текна, да не е во 3та, па да си знам
Аа,не не во четврта година се проектните Јас треба да правам годинава,уживајте вие уште оваа Иначе,да,и нас дуева во 3та ни збореше дека може да се земе кај неа проектна,на сите им збори тоа блабла
Уфф добро е, сум се спасила оваа година. Фала, иначе почнав да шизнувам, мислев сега ќе треба да се прави
А,луѓенца какви тестови дава Јованка таа од видеото со Фифи,по музичко? Кога испрашува бара се да знаеш,среќа ме скокна мене,иначе ставаше слаби но,сега правиме тест Па не знам што да очекувам И германски Снежана,утре правам тест кај неа,какви тестови дава она ? Жими се ќе си пукнам од школово
Германски нас колку што памтам во прва не ни даваше, а во втора ни даде и беше истото како што не припреми она (па ако сте имале подготовка за тестот најверојатно тоа ќе ви се падне, што е и нормално)а ако сте немале, мислам дека беше за времињата, имаше и за превод и да дополнуваме реченици со некои зборови кои ги учевме (не памтам толку многу), но како за мене што ништо не учам беа прилично лесни, да учев ќе добивав 5-4 кај неа а вака 3 едвај, а на тестот 2 и тоа на тепка што пишував што сум запамтила од час и слично. А за музичко, никогаш не сум правела тест така да незнам
Кај Снежана на тестови кога имаш задача да речеме да ја преведеш реченицата од мак на гер или обратно јас пишував само зборови што ги знам од реченицата зашто незнаев една реченица да склопам и ми даваше поени и така.