Кога ќе се сликаме ние матурантите ? Слушнав дека некои средни сега се сликале, па си се надевам дека тоа нема да биде и кај нас. Многу ми е глупо сега (овој месец), кога имаме уште пола година до крај и не ми е исто чувство. Лани кога беше?
Лани и ние се сликавме овој период Се сеќавам баш,ни ставија да се сликаме недела дена пред нова година и не ни годеше на никој тогаш,се буневме цела недела зошто ептен беше рано декември месец ама тоа е тоа не ни сменија термин.. Веројатно ќе се сликате и вие за 2,3 недели ..
Со 60, меѓутоа имаше многу што бутнаа иако имаа 60. Него, ми фали Јанкуловска, закон класна беше. Го изгуби шармот школово да ви кажам, иако новион директор внесе малку промени, белким ќе ојт на подобро.
Кога ученикот полага КЛАСЕН ИСПИТ, што содржи тоа полагање на класен испит и кој одлучува за ученикот да полага класен испит??? Дали кога ученикот е ослободен од часовите по спорт-физичко со уредно издадена лекарска потврда од Спортска медицина, а на часовите редовно присуствува, но не може да ги исполни спортските активности кои му се дадени од професорот, бидејќи не е секој роден со талент за часовите по физичко, треба да полага класен испит и што опфаќа тој класен испит и зошто да го полага тој класен испит???
Класен испит според Закон за средно образование се полага кога: Член 53 Во јавното училиште ученикот кој од оправдани причини континуирано не ја следел наставата 200 часа од предвидениот број на часови и нема елементи за изведување на годишна оценка, полага испит на годината. Оправданоста на причините ја оценува наставничкиот совет на училиштето. Ученикот кој во текот на наставната година направил вкупно најмалку една половина оправдани и неоправдани изостаноци од фондот наставни часови од одредени предмети утврдени со наставниот план, полага испит на годината по тие предмети. Значи не се само изостаноците фактор туку треба и да нема услови да се изведе годишна оценка. За физичко, доколку ученикот не може да вежба од оправдани причини и за тоа има лекарска потврда (ама за тоа мислам требаше и потврда издадена од спортска медицина) оценка се става за теорија, односно, ученикот треба да си научи теорија за спортови и се друго предвидено со програмата, а наставникот ќе го оцени за тоа.
Прва година сум на економски смер и сакам да се префрлам на правен, кога може да се префрлам од второ поугодие или втора година?
можеш и од второ полугодие, ама предметите во прва година се исти нели.. така да можеш и од втора година. И верувај ако се префрлаш заради учењето, правен ти е полесен. И професорите тоа го викаат.
Не знам колку години имате вие, ниту кога сте завршиле, само ме интересира едно нешто: дали некој има информација дали Филип Миркуловски завршил во Васил Антевски - Дрен?
Јас сум запишана во гимназија,но сакам да се префрлам во Борис сега во теков на второво полугодие. Но незнам дали ќе може.Знам дека ќе ми биде потешко бидејќи они имаат стручни предмети и се тоа, но мене ме чуди да не нема да можат да ме примат,да не треба да полагам некој испит или нешто такво?
^во моја генерација имаше една знам од ЈБТ дојде кај нас во Борис. Ова си требала да се распрашаш уште оваа недела. Школската година почнува од утре.
Можеш да се префрлиш ама како што рече ке треба ги полагаш стручните предмети што во гимназија си ги немала. А за тоа дали ќе те примат зависи од тоа дали има место во некој од класовите. Ако си прва год, мислам дека ќе можеш да се перфрлиш затоа што класовите се во 33-34 деца, а 35 може нјамногу. Кога веќе имаш желба, пробај.
сега сум осмо и планирам да се зписувам во борис на правен смер па сакав да прашам дали има многу математика,теско ли е (математика сум 0. 5-6-7-8 одд незнам нистоооооо , не е до меное цело сколо сме стандард до наставникот е ) и ме интересира кои предмети ги има во прва година ако ги знае некој мозе ли да ми каже и ме интересира колкав просек треба да имаш за упис ( али јас јас не се многу секирам пето шесто и седмо сум скрос одлична така да фала однапред
Епа вака јас сум на економски смер прва година, но прва година се исти предметите и за двете насоки (македонски,англиски,германски/француски,математика,бизнис,право,конституционо уредување-устав,социологија,информатика,музичко,ликовно,спорт,историја) математика според мене и не е многу тешко само треба напорна работа, колку што ни кажуваше еднаш професорката математиката во Борис е полесна отколку онаа на гимназијалците. Математика правен смер ќе имаш само прва и втора година. Штом математика немаш добра основа од основно ќе треба малце повеќе да се потрудиш бидејќи прва година отприлика 60-70% е повторување од основно, а останатото е нешто по опширно, нешто плус што го немаме учено во основно. Ако 5,6,7 си скрос одлична 100000% ќе те примат. Единствено би ти препорачала да се запишеш во Борис само ако тоа е твоја желба, а не желба на твоите родители и роднини, бидејќи за да имаш добри оценки во Борис треба да имаш желба да учиш и тоа лекција по лекција, бидејќи премногу е тешко да се учи кампањски пред тест и/или испрашување. Ова ти го кажувам бидејќи многу деца од мојот клас се соочија со многу единици на првото тромесечие и многу им беше тешко сите тие единици што ги имаа да ги поправат бидејќи за да се поправи единицата од првото тромесечие за полугодие треба да се одговара скрос на целиот материјал од почеток на учебна година па се до полугодие што е учено. Ако имаш нешто што сакаш да ме прашаш можеш слободно да ми пишеш во инбокс подетално да ти објаснам во врска со Борис. Ова важи и за останатите кои сакаат нешто подетално да ме прашаат слободно нека ми пишат во инбокс.
Дали некоја од вас полагала економија и бизнис како интерни предмети за матура? Ви ги даваа прашањата професорите, има некои скрипти од каде што може да се учи?