Не е тешко ако си учиш по ред. Што и да правиш гледај првите оцени да ти бидат добри и после ќе ти биде полесно. За друштво зависи како ќе се погодиш, како ќе се најдете. И музичко редовно да учиш. Совет од искуство на сите што биле прва и им предавала Јованка.
Мирче ми стави 3 за на крај, а другите ми се сите 5ки знае ли некоја од вас дали може да ми ја поправи ако види дека сите други ми се петки и дека на екстерното не полагав математика?
На совет е можно да ти ја поправат, ако веќе не поминале советите. Побарај од класната да каже за твојата оцена.
И јас ќе те советувам Музичко сериозно да си ја сфатиш работата, најстрога професорка е, на почетокот на годината од искуство ти кажувам дека ќе има само 1-2 петки (првото полугодие единствена во цел клас бев што имав петка ), а и на крај година нема да стави многу петки, многу ќе се расправа со вас и многу ќе ве испрашува, секој можен час треба да бидете спремни, бидејќи ако ве фати неспремни ќе си видите и тоа голема мака за петка да имате на крај, дури 1-2 деца од мој клас ги остави на полагање. Ви посакувам се најдобро со професорите, особено со музичко
И јас завршив во Борис. Така што можам да ти кажам дека од Мирче подобар професор не постои. Многу ми е срцка. Требало ти да му отидеш после часот и да му речеш да разговарате. Ако си го замолила немало ама баш никаков проблем да ти прави. Сам ќе ти ставел петка. Ама како и да е мислам дека на совет ќе го средат тоа без проблем, доколку класниот раководител спомне. Зависи многу од класниот раководител.
Мирче математика? Мирче нема апсолутно никаков критериум, оценки пишува според моментално расположение. Единствен кој има ставено 5 за крај година на ученик отпишан од училиштето уште во првото тромесечие . Не е проблем ни да ја поправи, ама мора класниот/класната да му каже. И мора да му го погоди моментот, толку е нестабилен човекот.
Средно економско училиште Значи вака, сакам да се запишам средно економско училиште, но не сум доволно запознаена со тоа што се изучува. Значи ако може некој да ми каже кој предмети се учат,дали е тешко,што има да се определиш за 3, итн.
..................ЕКОНОМСКА НАСОКА......................... Прва година 1.Македонски јазик и литература 2.Англиски јазик 3.Германски/Француски јазик 4.Математика 5.Информатика 6.Историја 7.Социологија 8.Конституционо уредување 9.Основи на правото 10.Основи на бизнисот 11.Спорт и спортски активности 12.Ликовна уметност 13.Музичка култура Втора година 1.Македонски јазик и литература 2.Англиски јазик 3.Германски/Француски јазик 4.Математика 5.Сметководство 6.Информатика 7.Историја на Македонија 8.Основи на право 9.Основи на бизнис 10.Деловно работење 11.Практична настава 12.Спорт и спортски активности Трета година 1.Македонски јазик и литература 2.Англиски јазик 3.Математика за економисти 4.Статистика 5.Сметководство 6.Економија 7.Бизнис 8.Деловно работење 9.Економска географија 10.Практична настава 11.Изборен предм.1 12.Изборен предм.2 13.Спорт и спортски активности Четврта година 1.Македонски јазик и литература 2.Англиски јазик 3.Математика за економисти 4.Бизнис 5.Организација 6.Економија 7.Деловно работење 8.Маркетинг 9.Менаџмент 10.Практична настава 11.Изборен предм. 1 12.Изборен предм. 2 13.Граѓанско образование 14.Спорт и спортски активности ..................ПРАВНА НАСОКА......................... Прва година 1.Македонски јазик и литература 2.Англиски јазик 3.Германски/Француски јазик 4.Математика 5.Информатика 6.Историја 7.Социологија 8.Конституционо уредување 9.Основи на правото 10.Основи на бизнисот 11.Спорт и спортски активности 12.Ликовна уметност 13.Музичка култура Втора година 1.Македонски јазик 2.Англиски јазик 3.Германски/Француски јазик 4.Математика 5.Информатика 6.Историја на Македонија 7.Основи на право 8.Основи на бизнис 9.Осн. на јавно пр. 10.Канцелариско работење 11.Практична настава 12.Спорт и спортски активности Трета година 1.Македонски јазик и литература 2.Англиски јазик 3.Бизнис 4.Економија 5.Основи на јавно право 6.Канцелариско работење 7.Основи на приватно право 8.Деловна психологија 9.Практична настава 10.Изборен предм. 1 11.Изборен предм. 2 12.Спорт и спортски активности Четврта година 1.Македонски јазик и литература 2.Англиски јазик 3.Бизнис 4.Организација 5.Економија 6.Основи на јавно право 7.Канцелариско работење 8.Основи на приватно право 9.Практична настава 10.Изборен предм.1 11.Изборен предм.2 12.Граѓанско образование 13.Спорт и спортски активности
Леле што ви е? Која година сте? Јас оваа година завршив 4та и ми предаваше Јованка музичко во прва и океј, кроз година стрварно беше строга и мрдната ама на крај година на СКРОЗ СКРОЗ сите им стави 5ки. Ова од лично искуство зборам, а не рекла казала.
Ако одиш на економски смер спреми си се за учење, а и ако немаш среќа спреми се и за професори со строги критериуми на оценување. На правен е многу полабаво и професорите повеќе попуштаат.
Елена јас сум прва година, можеби тогаш кога ти си била прва година музичко била поблага во ставањето на оценки на крај година, инаку сега да си на наше место ќе пукнеш од нервози со нејзе. И јас од искуство ти кажувам.
Дали и зошто класните раководители се менуваат секоја година и кој ги менува, дали еден класен раководител на еден ист клас може да им биде повеќе години класен раководител?
Може да биде само на еден клас повеќе години, па дури и сите 4 како што е (беше) во мојот случај. Мое мислење е (може и не е точно) дека ги менуваат заради смените, некој што не предава на 3-4 година да не биде нивен класен туку да е на 1 или 2 година со кој ќе е во смена. Ако ме разбра добро е, зошто не објаснив баш најубаво
Мислам дека не постои такво правило барем за во ова училиште можам да кажам. Јас имав двајца класни раководители за четири години. Класна во прва и втора и класен во трета и четврта. Во мојата генерација имаше и класови на кои не им се смени класниот од прва до четврта им беше еден ист. Ама имаше и класови каде им се менуваа секоја година. Значи како ќе ти се погоди или според мене (јас тоа што го имам забележано) на пример во прва и втора ти ставаат еден класен обично помлад но доколку се случи премногу да почнете да бидете немирни, во трета и четврта ќе ви стават построг класен за да ве доведе во ред. Ама пак ќе кажам ова јас го имам забележано немора да значи дека е точно.
Фала богу и јас се одлучив за Борис на правен смер. Може да ми кажете нешто за наставничката Лилјана Јанкуловска?! Фала однапред.
sakav da ve prasham poso i jas odluciv da se zapisam u boris i sea deka mi se potrebni, orginali sveditelstva od 5 do 8,toa od ambulanta so e kartonot za vakcini i pregledi neznam dali treba orginal ili kopija,da kupam takvi takseni marki ili k ako se vika od trafika i pliko ,i sea nekoj vika deka treba da se vadi nov izvod zaso bilo potrebno izvod ne postar od 6 meseci a nekoj vika ili kaj so procitav na net pisuva deka treba izvod bez razlika kolku e star ..