Јанкуловска, многу одвратна жена и на лик и на карактер. терсен е. Бара учење и дисциплина. Си замислува дека е бог знае што.Стил воопшто нема. И не пробувај никогаш кај неа да докажуваш дека си во право. Остава на полагање.
По многу премислувања се одлучив за економски смер во Дрен ......секој што ќе оди економски смер нека ми пише лп,да си најда некој уште од сега
-Илијада -Гилгамеш -Панонски легенди -Цар Едип -Митот за златното јаболко Ако ми текне уште некоја ќе ти пишам
не сум во можност да одам па прашувам некоја која знае затоа уште еднаш ќе го поставам прашањето дали некоја знае дали ќе има втор уписен рок во понеделник или се пополниле местата од првиот?
^Јас кога бев прва година не' носеа на две еднодневни екскурзии. Во прво полугодие некаде во Ноември не' носеа во Крушево, а во второ полугодие во Април во Маврово. Ама ова беше јас кога бев прва, а тоа е пред 6 години. Иако мислам дека не се смениле работите многу. Единствено може дестинацијата да ја менуваат од година во година, а инаку сигурна сум дека еднодневна си останува екскурзијата.
Во прва и во втора обично не ги носат во странство ама со новиов директор све е сменето така да све е можно. Никој не може со сигурност да ти одговори
се запишав оваа година во Борис, и сега сум малце чкљ како ке се вклопам, какви деца има, какви професори, како да постапам, дали да учам редовно или само пред тест, испрашување и сл, а иначе имам избувливва природа, неправда не трпам и можам школото у воздух да го кренам дали да се исконтролирам малце или да си останам онаква како што сум.. леле 26526 мисли, прашања иам во глава дајте некој совет што како да правам, и исто сакам да прашам екскурзиите колку пари се? позз
Екскурзиите се горе-долу 200 евра. За децата не знаеме какви нови деца ќе се запишат, тоа сама ќе го откриеш Професорите на економски смер се построги, повеќе бараат (барем мене такви ми се паднаа), а на правен смер повеќе попуштаат. Јас не учев редовно, претежно само пред тест.. чекам да ми се насоберат неколку теми па тогаш да седнам да учам. Ама ако сакаш 5ки тогаш учи си редовно. Јас поминував мн.добра со вакво учење. Сепак, се е до личноста А за неправда ја има колку сакаш! Борис е познато по децата врскаџии. Нема што да се направи околу тоа И не се секирај толку. Прва година сите професори се полежерни. Сега кога ќе ми текне колку лесно поминав дури и смешно ми е. "Устав" учевме лекции од тетратка Ама има и такви што ќе се обидат да ве заплашат како на пример ТАА по музичко Со среќа!
Се пронајдов малце во твојот пост, односно во болдираното. Е да, за волја на вистината и јас бев таква и тоа да, баш во Борис и да, не си поминував баш најдобро. Впрочем кога малце ќе размислам никаде нема да си поминуваш убаво на таков начин како што беше случајот со мене и така, ова малце како совет сфати го. Затоа најубаво е да си ги смириш страстите. Најдобронамерно. Барем во школо. Инаку да ти одговорам. За тоа како ќе се вклопиш и какви деца ќе има никој неможе да ти одговори, тоа зависи од генерација до генерација. Ете се покажало до сега дека во Борис знае да има и деца на големи луѓе, само кај мене во генерација имаше можеби над 30 деца, од кој еден кај мене во клас. Така што твојата генерација сигурно нема да биде исклучок, сигурно ќе имате некој индиректен претставник од Собранието на Р.М. Ама тоа никакво влијание нема да има на тебе ако знаеш да ги игнорираш, секако доколку си имаш работа со кренати фаци (како што знае да има во таквите школи). Само игнор и крај. Сигурно од толку деца ќе си најдеш барем две како што треба другарки. 100% сум сигурна. Професорите како и во секое друго школо. Има и супер, фини професори, има и построги, има и злобни, има и позитивно забегани, а богами и негативно забегани. Малце лошото е што (барем јас што имам забележано) прфесорите мислат дека предаваат во некое приватно школо во Англија, а не во Борис и тоа во Македонија. Многу пати ќе слушнеш "знаете ли вие каде воопшто учите, знаете ли вие каква репутација има ова школо"... итн, итн... Во врска со екскурзиите исто неможам да ти кажам зашто различно е од генерација до генерација, обично прв пат во трета носат надвор од земјата, а прва и втора тука во Македонија ама можеби се смениле работите незнам. Така што само едно ти е сигурно во ова школо. Мој совет, учи континуирано. Значи секојдневно, никако само пред тест, многу испрашуваат, не е школо каде што ќе можеш туку-така да поминеш, не те плашам само реално ти кажувам. Ако си учиш ќе видиш дека нема да имаш гајле.