Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

С.Е.П.У.Г.С ,,Васил Антевски- Дрен"

Дискусија во 'Образование' започната од ivana-milanovska, 5 јуни 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^тоа уште утре одма со класната ќе си разговараш
     
  2. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Право ќе ми предава Весна Рафајловска. Дај кажете каква е, дали бара многу учење.... :)
     
  3. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Весна Рафајловска е срцка. Учење не бара многу само биди активна на час дискутирај на темата и многу лесно ќе поминеш. ;)
     
    На cresa-jagoda и ohana им се допаѓа ова.
  4. glitter

    glitter Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Кажете ми нешто за овие професори
    Кушевска Трајанка - Економија
    Соња Станинова - Јавно право
    Лидија Ќосева - Бизнис
    Поповска Маргарита - Приватно право
    Анета Стефановска - Канцелариско
    Раевска Данче - Пракса
    Асновска Светлана - Деловна психологија
    Иначе трета година сум!
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Соња Станинова - отров жена само толку ќе речам
    Лидија Ќосева - многу мирна смирена и тивка жена, не ја збеснувајте...ценете го знењето што може да ви го пренесе. И многу реална во оценување.
    Маргарита - ако е таа една ситна ниска плава...изгледа како изгубен случај и е, ама ако и се спојат жичките неможеш да се расправаш ич со неа, инает води и не поправа оцени.
    Анета - класна ми беше, жената има многу знаење, млада згодна убава...не ја нервирајте и ќе бидете сите задоволни и од знаење и од оценки.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ауу скоро сите ми имаат предавано. :)
    Според мое гледање значи.

    Кушевска е малце терсене, си бара знаење, не е катил жена, фина е ама знае некогаш да ја фатат малце... :D Ако учиш кај неа, немаш гајле.

    Уфф Станинова е малце построга, малце повеќе. Значи како ќе ја фатат. Она во принцип не се замара ама баш со ништо и тоа е лошото. Може и цел час да не дојде и да си пие кафе надвор, ама може и на крај на час да дојде и на цел клас кецови да изнастава на десет минути пред крај. Може да те стане и да си тропаш глупости и да ти рече супер, а може и да те стане и се да кажеш до точка па да ти рече не е доволно. Немој само да и паѓаш премногу во очи. Учи си кај неа повеќе и не се расправај. Бара учење, ако си учиш редовно немаш гајле.

    Ќосева е супер жена. Ми се допаѓа што си има нејзин изграден стил. Жена за почит. Одлично предава, и има доста разбирање. Немам лош збор за неа.

    Маргарита е исто супер жена. Убаво предава, многу е фина и ми се издвојува некако од другите професори. Секогаш е точна на часовите, не касни, и си ги гледа правилата. Исто не бара премногу ама треба да си учиш редовно и кај неа. Исто така има доста разбирање. Мојот клас не ја дозна нејзината лоша страна. Не сме ја изнервирале, па не и' се споиле жичките. Може и затоа ми е супер на мене.

    Анета Стефановска не ја знам. Може и ми предавала ама не се сеќавам.

    Раевска :D фина е. Дури и малце наивна, мислам не сакам да ја навредам ама си е малце така. На нејзини часови правевме што ќе ни текне, никој не ја сфаќаше сериозно. Не дека не знае да предава, знае ама ете не знае ред да спроведе. Сепак немој во никој случај да ја потценуваш. Третирај ја исто како и другите професори. И да и' се смејат и да ја зафркаваат ти ќути си. Јас тоа би ти рекла. ;) Зашто имавме случај кај мене во клас што така цело време и' правеа, па на крај со солидни оценки на полагање ги остави. Така што само се прави глупа, а не е.

    Асновска Светлана исто така не ја знам. Според предметот предава на економистите па затоа не ми е позната.

    Во принцип, мој совет, немој да се расправаш, да се караш или да водиш инат со никој од професорите. Биди си мирна и три пати пвеќе ќе добиеш отколку да се инатиш. Зашто на крај многу професори што се правеле лоши и строги најмногу може да ти помогнат дури и со други професори да поразговараат, а тие што се прават глупи најмногу можат да те зафркнат. Како и да е, ако си учиш со никој нема да имаш проблем. :)
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Првата и втората (зборувам според она што го имам слушано, зошто мене не ми предаваа) се така малце позахтевни, посебно вторава, знам дека е ептен терсене жена, една другарка ја остави на полагање само затоа што ја поправила кога предавала нешто, значи замерки со нив подобро да си немаш.

    Ќосева ми предаваше во четврта, многу ја засакав, полна е со знаење и знае како да го пренесе, кај неа потребни беа многу истражувања, проекти и сл. за оценка, но сите беа интересни и со мерак ги изработувавме. Вака е фина, инаку не сака доцнења и не замара буквално цел час, туку кога ќе си завршеше не оставаше ние да си правиме муабет меѓу себе (секако тивко) и она си брка работа.

    Марга е исто така супер жена, мене ми предаваше пракса, се утепав од карање со неа, не ми се допаѓаше како појава на почетокот (премногу е различна од останатите професорки како што кажа DayDream си ја гледа работата, ни минутка не доцни, не е воопшто вообразена и недостапна) и тоа ептен ја олеснува комуникација со неа. Подоцна сфатив дека ептен грешам, предобра професорка дефинитивно, само не ја лутете!

    Анетка исто така ми предаваше, прво ќе се зачудите од нејзиниот изглед кога ќе влезе низ врата и машки и женски најверојатно ќе си собирате вилици по земја зошто жената е гром. Потоа ќе ве запознае со некои нејзини правила кои исто така мора да ги почитувате, значи построга е за оценки, нема отскокнување кај неа од 3ка 5ка на крај на година, тешко се фаќаат и врски според она што го имам слушнато, затоа сфатете си ја озбилно и поштедете се од проблеми. Најавува испрашувања и јас лично препорачувам секогаш да бидете спремни зошто нема некоја си шема според која испрашува, може да ве помине сите, а може и неколку, зависи кога како.

    Оваа Данче ако е таа, значи не знам колку вакви би ставила |( |( |( |( |( |( |( |( зошто не можев да ја гледам по ходници, одвратна, никаква, глуми некој тежок паметњак, а уствари везе си нема! Не ми предаваше (за среќа), ама вака од школски муабети :D имам слушано дека е баш ваква каква што ја опишав погоре.

    И последнава, една плавка симпатична жена да не е? Ако е таа, исто ќе треба да си учите редовно, интересен предмет предава (барем мене ми беше таков), фина е многу и муабет да направиш вон теми и да се насмееш и нашалиш, арно ама ако ја чепнеш кај што не треба има да го кркаш дебело. Не ја нервирајте.

    И тоа од прилика. Нека ти е со среќа! :)
     
  8. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Нешто повеќе за овие професори:

    Марија Димовска-Македонски
    Маргарита-Ликовно
    Кристина Ѓорѓиева-Историја
    Снежана Поп Ѓорѓиева-Француски
    Славица Пиневска-Устав

    Некако строга ми се виде по ликовно и рече дека ќе ни дава тестови и материјал за учење бидејќи минатата година на екстерно имале слаби оцени и не сакала тоа да се повтори шо викате вие за неа?
     
  9. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Кажете нешто за Ирена социологија? :)
     
  10. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Aj кажете нешто за следниве професорки,дали се строги\лоши,бараат ли многу?!
    Славица-Констутуционо уредување
    Француски-Снежана
    Основи на Бизнисот-Една шеговита жена така постара ја викале ''шатираната''.Незнам какос е викаше! :\
    Англиски-Гордана
    Социологија-Така по стара дебелка жена.
    Оливера-Математика
     
  11. lover7

    lover7 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Јас можам да ти кажам од сопствени извори за Славица (Пиневска) конститутионо или устав како што го викаат пократко. Си бара дисциплина додека предава, ама не ептен онака него да ја ислушате или барем да не пречите на другите, а вие ако не слушате ич не и гајле. Диктира во тетратка што треба да се учи и потоа кога ќе дојде време за оценување оценува преку тест од 5 прашања (ама бара опширни одговори баш онака како што таа ви издиктирала, не цени многу многу свои зборови) и ќе ве подели на пола клас па другата половина другиот час ќе прават тест, демек да не се препишува...јас лично имам препишано кај нејзе, некои и цел тест го препишуваа ама добро треба да си имаш умешност за тоа. Пред тестот проверува под клупи/во прибори да не имаш некое ливче и потоа чат пат шета а инаку најчесто стои малку напред па малку позади, ама си наоѓа место цел клас да и е прегледен :D после некое време се случува да седне на катедра и да фати нешто да пишува е тогаш е најпогодно, ако те бива за препишување да осетиш со увото кога ќе стане, да насетиш нешто впушти се ако не подобро немој затоа што не трпи препишување. Мене таа уште на почеток ми направи неправда со оценката (ми стави 3-ка на тест а 4 прашања ми беа точни што е = 4ка ама едното од прашањата памтам го имав со свои зборови не како целина како таа што си диктира, него така малку на поинаков начин го напишав,можеби потежок за сваќање ама важно точно беше) и не ја сакам воопшто.

    Француски мене никогаш не ми предавала затоа што јас имав втор јазик германски, ама по тоа што го слушав од другата група предобра била :D Онака не се ни замарала многу :D знам некогаш доаѓаа целите изнервирани некои кецови добиле на тестот, некогаш радосни без труд си добиле петка или добра оценка и стварно крајот неможеш да и го фатиш на таа професорка :D

    Другиве не ги знам, инаку јас сум сега трета година во Васил и имаме доста нови професори и ме интересира кој знае нешто за овие од свое или туѓо искуство :P

    Канцелариско - Анета Стефановска
    Приватно право - Ана Аџиева
    Економија - Марица Стојковска
    Деловна психологија - некоја Светлана
    Бизнис - Лидија Ќосева
    и некоја Маргарита пракса ама не сум сигурна

    Ви благодарам.
    Инаку сакам да кажам за Лилјана Јанкуловска, ми предаваше право во втора година и на сите што ви предава ви посакувам среќа затоа што е злобно жениште. Тоа од мене

    Предобра професорка, нема полесно кај нејзе само треба малку да читнеш дома и предметот е лесен (мене ми беше) и да знаеш за 4 она 5 ќе ти стави. На час е позитивна, се смее си зборува со вас отворено абе милина. Мене кога ќе ја видам како оди по ходници и само седи на катедра на флегма ми личи :D не се секирај воопшто

    Е ова ти е НАЈДОБРИОТ професор во цело училиште, после Бриндевска. Имам многу позитивни работи да пишувам за него што цела страница јас ќе ја зафатам. разбира како е да си ученик, средношколец абе дупка да си ќе те натера од чиста општа култура и од основно да се присетиш нешто и да му кажеш за да ти пише двојка. Слично како Ирена т.е многу подобро, отворен е на часови знае да си направи муабет и да се пошегува, не се лути воопшто и не е злобен/злопамтило како некои кокошки во училиштето, едноставно нема заборавено дека и тој некогаш бил ученик, како што имаат некои професорки. Млад е и убав е ! Ќе видиш кога ќе ви влезе во училница, има вие женските да се тепате за во прва клупа да седите :D значи иако е млад, од него треба некои што 60 години начукале да земаат ум како да се однесуваат. Јас си имав постојано 5-ка кај него , јас и онака отсекогаш сум ја сакала македонската историја ама со него и да не сакаш историја општо, ќе засакаш
     
    На hiko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Да ми кажете нешто за проф. Палчевска статисктика и Кушевска економија изборна како предаваат строги ли си...??
     
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Палчевска е строга, бара многу, ама и многу дава. Дефинитивно ќе те натера да учиш. Има знаење што може да ти го пренесе. И многу добро и разбирливо предава. За 5ка ќе се помачиш малце, треба убаво да си го загрееш столчето. Испрашува често и секогаш е тишина на нејзини часови. Ако те интересира статистика како предмет дефинитивно не можела подобра професорка да ти се падне. Ама ако не учиш ќе си имаш проблем :D
    Кушевска не ми предавала.
     
    На hiko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Основи на бизнис да не е Анастасија Опаровска? Ако е таа тогаш блазеси ти! Омилена професорка ми беше од вкупно сите професори што сум ги имала. Секое предавање и беше интересно, со примери од секојдневниот живот. Премногу информирана жена. На испрашување мораш со свои зборови. Ако го кажеш ко од книга, ќе те потпрашува за да види дали си сфатила. Само маана и е што ако некој фати да испрашува го испрашува со месеци, а некој друг ученик со месеци нема да го стане :D Како и да е, има разбирање.
     
  15. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Ме интересира ваше мислење за професорката Зорка Јованова по пракса во 3та година и Ана по приватно право, незнам точно како се презива, не ја слушнав, така 40-50 години, плава коса.. Се постави како доста строга професорка, претпоставувам таква и ќе си остане али сакам да слушнам нешто повеке за нејзе и Зорка од тие што им предавале :)
     
  16. lover7

    lover7 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Зорка е многу добра професорка :) меѓу најдобрите т.е во топ 3
     
  17. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.593
    Билјана-деловно
    Марица-економија
    Горан-статистика
    Даниела-спорт
    По нешто за овие? :)
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ако е таа една стара со кратка црна коса и наочарчиња(иако мислам дека таа беше Николина)....ооо милина жена, со грам учење 5ки ќе редите. Ама не ја нервирајте.
    Снежана - бидете фини ќе е фина, ама си бара учење и мн.е реална. И искрено 5ка се заработува кај неа,треба да седнеш и да си знаеш.
    Бизнис да не е Лидија Ќосева? А социологија Душка или Николина?
    Анета - класна ми беше, жената има многу знаење, млада згодна убава...не ја нервирајте и ќе бидете сите задоволни и од знаење и од оценки.
    Ана - си бара учење, строга(не лоша, туку си сака ред),бара мир и тишина, испрашува строго,строги оценки....и не се опуштајте остава на полагање.Лупа 1 како ништо.
    Марица- кога ќе се фати за 1/2 примери цела година тие ќе ви ги врти. Тестовите и се боза лесни, и кај неа што повеќе филозофираш и примери кажуваш објаснуваш да те види дека си се "внела во учење" тоа цени, како ништо јака оценка ќе извадиш.
    Светлана Вељановска да не е?
    Лидија- многу мирна смирена и тивка жена, не ја збеснувајте...ценете го знењето што може да ви го пренесе. И многу реална во оценување.
    Маргарита - ако е таа една ситна ниска плава...изгледа како изгубен случај и е, ама ако и се спојат жичките неможеш да се расправаш ич со неа, инает води и не поправа оцени.

    Зорка - кога ќе откачи некој збор на дијалект ќе попаѓате под клупа...во суштина е фина, ама и се спојат ли жичките, ако на полугодие си имал 4/5, на крај ќе имаш 2/3
    Ана Аџиева/ска - си бара учење, строга(не лоша, туку си сака ред),бара мир и тишина, испрашува строго,строги оценки....и не се опуштајте остава на полагање.Лупа 1 како ништо.

    Марица- кога ќе се фати за 1/2 примери цела година тие ќе ви ги врти. Тестовите и се боза лесни, и кај неа што повеќе филозофираш и примери кажуваш објаснуваш да те види дека си се "внела во учење" тоа цени, како ништо јака оценка ќе извадиш.
    Горан, ако е тој Симоновски(што предава и бизнис) - не го лутете не го беснејте, ако ви рече на час да си прочитате, прочитајте си знае после само 1 на тепка да крене и да го праша за тоа што прочитал. Немојте да мислите дека се ќе тече лесно само затоа што он цел час си чепка на мобилниот или си прави со машките муабет за кладилница.
    Кога испрашува испрашува, за не сум спремен се добива 1, ако е расположен можеби и ќе дозволи некој од наредните часови да се одговара, но реков МОЖЕБИ, зошто он испрашува 1 на тромесечие 1 на полугодие, после пак тромесечие и за крај година....ич не се замара дали си бил спремен или не, зошто лекциите му се мн мали, а најавува испрашување.
     
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Првава Марина да не се вика? Не познавам некоја Марија Димовска по македонски, сигурно имаш направено грешка. Башка ние лани завршивме, што значи ако си прва година вас ве земала. Ќе ви предава до 4та.
    Инаку Марина е многу добра жена, на почетокот во прва и со нас беше построга, ама тоа колку да си фатиме ред и да не го сфаќаме како на шала предметот, а и неа. Има премногу знаење во неа, знае како да го изнесе, испрашува малку построго за разлика од другите и ретко се добиваат шанса за поправки (сега зависи кога како и кој период од годината е) ама воглавно кога ќе најави испрашување бидете сите спремни. Некогаш ќе ви зборува како мајка, буквално цел час ќе го посвети на културата која треба да ја поседувате, какви личности треба да бидете и сл. Ќе се интересира за животите и на некои од вас поединечно, ќе се закачка и ќе ве испрашува, најчесто прашањата и почнуваат со: „Ти дете...“ :D :D
    Ептен ми фали.

    Оваа Маргарита да не е таа Киселичка? Зошто ако е :worried:. Нас душата ни ја извади, мислам дека немаше некој од наша генерација што не ја исколна и пропцу во прва година.
    Многу се дере, вика, урла, сака ред и тишина, а сама создава хаос.. Ќе ви бара многу, работете на час за да ве види она, а не дома, зошто памти ненормално луѓе.
    И не оценува според талент туку според трудот кој сте го вложиле во цртежот што е добра вест, затоа што реално од 34 деца во класот, сали само 4 ќе имаат појма од цртање.
    Бидете мирни.

    Кристина ми нема предавано.

    Снежана француски - права дама! Ептен е фина и можеш да се нашалиш со неа, се смееше со нас не можеше да престане еднаш (не ми текнува каква глупост направивме) :D, не е некоја како Киселичка да земе да урла и глас да нејќе да ви чуе.
    Тестовите и се многу лесни (пази, ова ти го кажува човек што од француски памти само здраво и колку години имаш) и има препишување на велико. Попушта со оценките, ама пазете да не и се качите на глава и кога ќе ви рече доста прекинете, зошто остава и на полагање.

    Пиневска е приказна за себе. Мало џиџчанче, воспоставува ред и мир, бара знаење, нема кај нејзе од 3ка на 5ка тоа заборавете го, мој најискрен совет ви е да си седнете и сериозно да и го сфатите предметот зошто поклонети оценки кај неа - нема.
    Тестови ќе правите поделени во две групи на пример од бр. 1 до бр. 17 еден час, потоа другиот од бр. 17 до 34 (зависи колку луѓе сте во клас нели) и немојте да сте премислиле да препишувате, едино ако ви поткаже некој, со ливчиња, телефони, на раце да се шкртате, нозе, груди - никако.

    Мене не ми предаваше Зорка, јас бев во другата група, ама некогаш имавме споени часови и тие што учеа со мене буквално беа „луди“ по неа. Се гледа дека е добра жена, ептен фина, нема ич зла душа и не и мерак да става слаби оценки, ама пред да правите контролен земете читнете нешто барем колку да не сте без ич, а потоа дава милион шанси за поправање.
    Од Крушево е инаку, има дијалект, смисла за хумор и едвај ќе чекате да ви дојде час со неа. Само нели, немојте да претерувате.

    Ана исто така ми предаваше во трета, не е лоша, ама е строга и бара се` да знаете од а до ш, ќе ви диктира во тетратка по десет страни на час ќе треба да пишувате, раце ќе ве болат ама нема да даде одмор, многу ретко го објаснува тоа што го пишувате, евентуално ако има нешто ептен непознато, па тогаш. Ние во цела година само двапати ја видовме насмеана (буквално) и не ни се веруваше, па додека да поверуваме повторно си ја врати сериозната фаца.
    Пред испрашување, најдобронамерен совет - згрејте си го столчето. Не ви препорачувам проблем со неа.

    Гледам дека прашавте и за Боби (Историја) и дека има коментар дека е најдобриот професор во цело школо и јас 100% се согласувам. Срце човек, ич не е строг, едвај ќе чекате да дојде час со него.
    Си бара исто знаење ама нејќе да го добие ко што прават повеќето еве ти единица, па научи и дојди, туку уште толку ти објаснува, се обидува барем основното да ти го вметне во глава.
    Јас откако знам за себе го мразам предметов, ама кога почна да ми предава во трета, мислам дека со мерак го учев.

    Ах деца, деца, не знаете што се` би дала да бидам повторно средно..
    Уживајте!
     
    На dream.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Јованка Маљановска по музичко?

    Оваа е таа што терала да се пее секој посебно?
    уште од прв час почна да ни се дере и многу строга се покажа :?: