Луѓе, знам лани не ни даваа книги по устав и музичко, незнам за оваа година. Ако не ви дале, и ако на некој му треба, нека ми пише ЛП.
Што му е на оној мислам се презиваше Грнчаров Машиве носат панталони под колена и им вика од следниот час ако ми дојдете вакви нема да ве пуштам,не смее мастика ако те види едно 15 минути ќе те прашува зашто имаш мастика ова она ама па многу ми е смешен цел клас го смее И што му е финтата со тоа "џокерот"?Вика дека во секое одделение имало машко што му ја брише таблата само на негов час и му давал џокер Другиве поубаво да ги запознаам и ќе ви пишам што мислам
Не се зафркавајте со Владо. Јас тоа би ти рекла како совет, да не биде на крај плачки. Мене ми беше класен две години. И како класен е супер, не можам да кажам ништо лошо. Ептен ни беше грб, и најстрогите професори не смееја А да ни кажат од него. Како ќе кажеше он така беше. Ептен влијателен професор. Ама затоа другите класови си беа под режим и они си знаеја како си поминуваа. И да, машките не смејат панталони до под колена, нема менѓуши, нема брада, не смејат со долга коса, ниту па фарбани или незнам ти какви современи фраерски моди. Кај него нема фраери и фраерки. Тоа да си го знаете. А девојчињата не смејат деколтиња (впрочем тоа не смее воопшто низ цело школо ама он може и од час да те избрка), исто така не смее менѓуши (од оние знаеш што се за во дискотека, а не и за во школо), голи стомаци исто така... не ми текнува уште нешто. Како и да е кај него пристојно и без мастики. Тоа никако. Ако не сакаш да пишуваш пола тетратка дека на тој и тој час не смее да се џвака мастика, тогаш подобро барем кај него не ризикувај. Да, да баш така пишувавме и нема бегање, мораш да напишеш зашто другиот час ти проверува обавезно. Нема шанси да заборави. И да, ме потсети со џокерот дека има кај него такво нешто ама мислам дека можеш само еднаш во полугодие. И навистина тоа правило си важи како и сите други. Ако ете некогаш стварно не си спремна кажи дека сакаш џокер да искористиш и се ќе биде ок. Уште една работа, НИ-КА-КО доцнење и после него влегување. А прв влегува на часови. Зашто сите неоправдани од него ќе ти бидат. Spoiler Имавме еднаш случка кога буквално ама баш онака буквално се тркавме неколку души со него за кој да влезе прв во училница и да не не' запишува. И на крај не' претрка и буквално пред нос ни ја затвори вратата, истата секунда влеговме после него и не не' пушти. Значи знае и малце забеган да биде. Друго нешто не ми текнува за човеков ама си е принципиелен и најважното заборавив да ти го кажам, кај него да си учиш ако сакаш на крај без проблеми да си поминеш. Ама сериозно сфати си го ова. Spoiler Со човеков ме врати во средно. Ептен се потсетив на неговите глупости. Дека на нас ни беше класен и бевме опуштени со него, немавме проблеми и знаевме да го искористиме на добар и позитивен начин. Па родителски не ни закажуваше само да поправат кецовите и да не дознаат родителиве, па дневници криеше од инспекции и се правеше дека не знае дневникот кај му е... Абе што не, кај Кушевска на сред час седеше и кој каква оценка сакаше таква тој лично на нејзин час си ставаше. Супер беше, би сакала да се вратам во средно. Ептен се изнаприкажав.
prettyliar јас би ставила апсолутен потпис на постот од Daydream. Не се обидувајте да го надмудрите, пишувајте што ви кажува, ако некого казни со домашна неколку пати да напишел под казна нешто нека пишува,зошто памти и тешко него ако не напише. Јас сум рекордер (барем бев) имав една реченица напишано 999 пати, и знам дека со години ја чуваше мојата тетратка таа со казната. Ама тоа не влијаеше на мојата оценка зошто си учев, и дури после на крај што знае дека некој цела година се трудел,самиот он им заклучуваше оценки. Не си играјте со него, сватете си ја озбилно работата.
Предава Математика и е прилично строга односно предава убаво ама и бара големо знаење и многу лесно остава на полагање Боби историја е срце и како професор и како човек.Дека е млад многу се заебава со учениците интересен е ,ако нема време да те испраша ја става предходната оценка.98% имавме петки кај него,а Ирена е една свиња дебела и одвратна.Ми предаваше во прва година и од толку лесен предмет ми го направи како кошмар..Едноставно е одвратна.Кога и да ја видам низ ходник мислам дека ми се врти во главата.Пази си само да не те фати тебе на око. Трајанка не ми предавала инаку Станинова е многууу кул жена едноставно единствена е,се прави на моменти многу строга на моменти е многу добра т.е како ќе ја прифатат.Ја нема по цели часови доаѓа на крај и испрашува и лупа кецови.Најлошо кај неа е да имаш тетратка,учебник отворени додека одговараш.Само на крај попушта ама тие на неа што и се симпатични не на сите. Ќосева е срце жена многу е добра фина реална е при оценување нема да имаш никакви маки со неа. Маргарите е мирна и делува многу глупаво ама не е глупава.Искрено мене ме засака на почетокот и си се вадев цела година ич не учев све усно одговарав на тестови не идев и супер ми беше ама на крај она ич не попушта. Анета е многу строга,она е млада убава,згодна фина е со нас ама си бара учењее и тоа добро.Исто и кај неа исклучиво со затворен учебник,не попушта и си бара големо знаење. Данче е фина .Кај мене во клас имаше убав час со неа.Интересен,најголема мака и е да стави петка.Ќе те исцеди и со тешка мака ќе ти ја пише на крај а се што е под 5 качува и нагоре и не е строга.Ситничарка е и гледа на ситници како на пример потпис на некој акт од која стрна итн. и многу е глупаво кај неа што бара пракса да одговараш усно уствари со тоа и рскажуваме цели акти учени на памет. Психологија е срце жена,предметот и е интересен и знае преубаво да предава многуу интересен час.За испрашување е фина секако си бара знаење ама ништо претерано,тестовите и се многу тешки и слаби оцени се добиваат ама со усно можеш да поправиш А може ли некој да ми каже нешто за Жупановска што предава организација? Што жена е?
Несторовска-сметководство Даниела-спорт Елизабета-економска географија Кушевска-мислам дека ќе ми биде изборен економија По нешто за овие?
Елизабета е најсрцкастата личност у Борис Многу и се лабави часовите, на сите ќе ви изнастава 5ки, цело време се смее со учениците, често испрашува ама и да не знаеш ништо пред карта кога ќе те извади, ништо страшно, исто ко да не те станала. Имаше ученици со сите 2ки и само 5ка економска географија.. па сеа ти види колку попушта. Ако случајно ти рече 4ка да ти стаи, ќе ја замолиш за 5ка и решен проблем мал детал: ќе црпиш инспирација од нејзините модни комбинации другиве не ми предавале.
Ajde decki pisete nesto za Aleksandar Mijoski i predava na bratucedka mi rece deka deluva strog, Zaneta isto ako znaete nesto pisete od ekonomskite a od pravnite za Lence po privatno, Jasna po javno i Dance Raevska po izboren javno
Предобар професор е :up: . За предавањето е некоја средина, барем за мене зошто премногу ме деконцентрираше тоа што се шета лево десно цело време дур предава, а и ги кажува лекциите од учебникот со некои измени + со некои примери. Толерантен професор, попушта, испрашувањето кај него е на 3 лекции вообичаено, но може и на повеќе доколку не знаеш некоја од тие што те прашал. Нема полагање кај него и лесно е за добивање 5. При испрашувањето малку гледа во учениците и можеш да се потсетуваш повеќе пати во книгата (само немој да те фати, зошто тогаш ти ја дава оценката што мисли дека ја заслужуваш и до неа минус става, тоа приметив бидејќи седев во прва клупа и гледав ). Најавува испрашување 1-2 недели однапред. Значи супер е и сигурна сум дека кај него никој нема да има проблеми. Не ми се верува дека Аце се променил за толку кратко време, лани ми предаваше мене и супер е нема што да се плаши братучетка ти воопшто не е строг. А за другите не знам да ти кажам бидејќи не ми предавале.
Ve molam treta godina sum i eden kup novi profesori ajde pomos 1. Ana Adzieva - privatno 2. Jasna Trajanovska - javno pravo 3. Svetlana - psihologija ako mi tekne ke vi pisam za uste nekoj
Ана - си бара учење, строга(не лоша, туку си сака ред),бара мир и тишина, испрашува строго,строги оценки....и не се опуштајте остава на полагање.Лупа 1 како ништо.
Да кажам и јас нешто за Аце , мене ми предаваше бизнис изборна, можам да кажам дека е одличен професор, според мене не е воопшто строг, кога се предава се предава, но остатокот од време и он се шали многу е коректен и фин Нестовска ми беше класна во трета година, супер си е жената, највеќе среќа имаат тие што им е класна, да бидеш фер со неа да не правиш галама, културно да си седиш и да учиш колку толку ќе нема проблеми ,Даниела не ми предавала незнам за неа, за Бети се најдобро, жената е прекрасна многу е лесно кај неа за 5ка многу е блиска со учениците како другарка, Бети е срцка , Кушевска некои ја прават лоша но јас мислам дека не е до толку, добра е жената, е сега си бара знаење, треба да се учи континуирано неа и е важно да го разбираш материјалот а не како стихотворба да и изрецитираш заборавив да кажам дека Нестовска за својот клас многу се бори да бидат најдобри и за оценки само да и кажеш одма оди кај професор, секогаш спремна да ти помогне
Јасна ми е во топ 5 омилени! Предобра професорка, тоа што е млада е голема предност зошто не разбира и попушта, кај неа се одговара лесно и дава мноогу шанси, жал и е да стави слаба оценка па ќе ви поставува прашања од општа култура за да може да извлече барем нешто од вас. Не ја нервирајте, греота е. Јас ќе ве пукам Имам напишано за Ана и Светлана, побарај на претходните страни. А, за Даниела спорт (црната зошто има две Даниели) од моја уста не излегуваат убави зборови.. строга, на нејзин час ќе помислите дека сте во војска, ќе ве строи, ќе ви бара секакви вежби, ќе ви лупа слаби оценки и мува нема да ја лази.. Запишува редовност, лупа и неоправдани, немојте да бегате. Ако ве фати на пик (а, во секој клас мора да има еден, двајца такви) ќе ви ја вади душата, ќе ве понижува пред сите и тако даље и надаље. Најмногу бара од сите професори по физичко. И досадна е дури. Ние повеќе од пола клас ја мразевме, а иначе обожава онакви шпиони и трачари, се` ја интересира. Ако можеш да и се умилкуваш ќе поминеш добро.. ако не.. мое сочувство.
lele abe jas najvekje od Jasna se isplasiv imavme cas so nea epten e takva doterana , zgodna, prcla, deluva strogo mnogu ama izboren predmet e taka da valjda ke popusta
Не биди лудичка, Јасна е срце, срце, најсрце! Инаку тоа што е дотерана и згодна и прчла ко што викаш ти и е предност плус, а дека делува строго може така сака да ви се постави од почеток за да ја сфатите посериозно. Мене лани ми предаваше, нема шанси да се сменила, сигурно не сака да и се качите на глава уште непочнати. За другите професори бери си гајле, за Јасна ич Spoiler П.С. Не ми е ни роднина, нити ми плаќа за да ја рекламирам, жими мајка! Сега гледам дека сте прашале и за лудава баба.. Ужас е, преужас. Остај што ќе ви се дере, ќе ви дава ултра тешки тестови, ќе испрашува, ќе очекува чуда од вас, сите да бидете заинтересирани за предметот, а недај боже да те види како ЖВАКАШ мастика, има низ нос да ти ја вади и на чело да ти ја залепи! Ќе го тупи со предавања за тоа како сте некултурни, диви, нас еднаш или повеќе пати не се сеќавам, не спореди и со животни.. немам коментар за женава. Кај нејзе на час раасположението е на 0 сведено, недај боже да и се насмееш кога ќе предава, запее и сл. зошто ако запамти некој ќе му го загорчи животот, ама буквално.. Мисли дека предава предмет со којзнае колкаво значење и дека е којзнае колку паметна. Леле, ја мразам. Инаку предава и во средното во Драчево, таму не смее глас да и се чуе, на час и се прекачуваат по клупи, не смее да предава никој не ја слуша, кај и да иде да се пожали од управата во школото не добива повратна рецка, ама затоа кај нас надокнадува. Буквално си лечи комплекси. Учете си, зошто со бабава на крај.. не се излага.