Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

С.Е.П.У.Г.С ,,Васил Антевски- Дрен"

Дискусија во 'Образование' започната од ivana-milanovska, 5 јуни 2011.

  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    ^Како бе,па со нас првиот час беше многу фина. :o Ни кажуваше да сме учеле,за нас било тоа,наш избор било какви ќе бидеме,какви ќе се покажеме ама буквално како класна да ни беше мене многу фина ми се виде.Кажа да си учиме тоа што ќе ни даде,немало многу за учење,може била расположена тој ден :D
     
  2. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Ирина Наќева- деловно
    Трајанка Кушевска- изборна економија
    Марица Стојковска-економија
    Билјана Петровска-пракса

    Нешто за овие ??
     
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Наќева.. ах шта речи :D Строга, остава на полагање, кецови става ко ништо. Многу е смирена, затоа и е страшна. Ако ти стави кец на почеток на година, ќе се изнамачиш ЕДВАЈ за двојка, така да почни си уште од сега да учиш. Некогаш предава една тема во еден час, а некогаш една лекција ќе ја учите повеќе часови. Си има свои принципи жената. Предава и менаџмент во 4та ама по деловно е построга. Слушај на часови, запишувај во тетратка тоа што го предава зашто некогаш прашува прашања што ги нема во учебник туку од предавање. Јас со такво запишување имав 4ка. Најчесто испрашува на табла хехе. :puke: Ако најавила испрашување немој ни СЛУЧАЈНО да не се појавиш на час зашто во истата секунда става кецови. не е битно дали си била болна или си избегала. не ја интересира тоа. така да, биди редовна :D
     
    На hiko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    WhiteAngell
    Марица-Економија... кога ќе се фати за 1/2 примери цела година тие ќе ви ги врти. Тестовите и се боза лесни, и кај неа што повеќе филозофираш и примери кажуваш објаснуваш да те види дека си се "внела во учење" тоа цени, како ништо јака оценка ќе извадиш.
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас за Наќева имам само пофални зборови. Иако беше одамна, можеби се променила, ама беше стварно добар професор. Често забегуваше надвор од материјата што ја предава, споделуваше животни стории, лекции, многу паметна жена. Кај нас на испрашување се забораваше :tmi: ќе фатеше некој ред, па уште на првиот ученик ќе и текнеше нешто, па ќе почнеше да ни раскажува за тоа. Не знам ни дали стигна 2пати во годината да не испраша. Професор за почит ми е, затоа што сакаше да не научи на толерантност, рамноправност, а и да ни укаже на големите неправди што секако ни се на пат во земјичкава наша.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hiko

    hiko Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Vaka

    Jasna mi predavase i lani izboren predmet ovaa godina redoven, mnogu e super sovremena znae da se zeza ne gnjavi so glupi predavanje interesno predava so primeri. Znaenje si bara ama ako vidi deka si duduk kje te potprashuva nesto polesno za da izvadi sugavo dvojce:). Spremna e epten i nacitana.
    Inace za prclaa doterana , prasajte gi maskite ke vi kazat omilena e,epten e top
    :$


    Daj pisete nesto za Dijana gragjansko ve molam

    I za Grncarov klasen mi e daj pisete be neso i za negooo kako klasen
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски

    Обично секогаш ги зема 14ките, па претпоставувам си 14ка! :D
    Некако поинаков третман има кон неговите, не е толку досаден (у принцип ми се плачеше од што беше монотон и досаден), си има правила, ама некогаш за неговите знае да ги прекрши.
    Ова ми е од сознанија од другарки од негов клас, дел трачарски муабети по ходници, а дел од она што го видов на екскурзија лани. Беше жив гљавеж.
    Ги строи, неговите мора да се најумни, најмирни, нема седење до касно и галама, нема пиење, нема лумпување, како со родител да си отишол! :lol:
    Ама исто знам дека не многу туку премногу им помага за оценките на крај и дека се бори за својот клас, што е одлично.
    Исто има и голем авторитет во школо, па тоа е голем плус.

    Само учете и не му идете контра, мислам дека ќе ви биде од голема корист на крај ако запнете негде.
     
  8. hiko

    hiko Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    A za izostanoci me interesira dali lesno se pravdaat |(
     
  9. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Ај кажете неколку збора за професорот Дељо по Математика.Еден стар човек........:/
     
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Не.
    Големо не.

    Мислам дека тоа е една од работите што не може да ја толерира во никој случај.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно НЕ! :) Во никој случај нема такво нешто кај него. Колку изостаноци толку неоправдани, само доколку се работи за цел ден и нормално родител ќе дојде да ти оправда. Инаку за еден час, нема шанси ама НИ-КА-КВИ да ви оправдува. Кога сме веќе кај тоа, не признава смешни белешчиња потпишани од доктор итн, абе ако сакаш и од министерот однеси му потпишано нема да ти оправда се додека родител не дојде (зборам за изостаноци од цели денови). И така.

    А инаку за оценки, немам зборови, ако ти е класен ќе видиш и самата. Точно е тоа што го кажала Izaabella, само затоа што мене ми беше класен можам да кажам дека не е точно дека го строи неговиот клас, така изгледа од страна ама он едно збори надвор, а сосема друго со својот клас. :lol: Се се' тоа договори. :D Битно, легенда е.
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Како меченце е :D Врски кај него не палат. Мораш да имаш барем две двојки на тестови кроз година за да не одиш на полагање. Од мојот клас ретки беа тие што не отидоа на полагање тие 4години. Дава тестови на секоја тема, плус годишни и полугодишни. Обично, зависи од класот, дава и поправни тестови (по еден тест само, за крај на година) Ако не ти оди математика седни си убаво да учиш. Многу брзо предава. Уште не си сфатил што објасни, он веќе ја брише таблата xD Тоа е тоа, не знам што друго да ти кажам. Ако те интересира нешто повеќе, прашај слободно. :)
     
  13. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Ајде да кажам каков впечаток ми оставија наставниците до сега.

    Пиневска-устав ми се чини како добра наставничка,и секој час не прашува прашања од претходната лекција и рече после 3 земени лекции ќе сме повторувале.Ама денес и текна и не прашувашевсите по едно прашање и јас се збунив зашто не ми беше повторена претходната лекција ама ај ќе надокнадам следното испрашување. :D

    Киселичка-ликовно се гледа дека е строга,ни збори за какви прашања ќе имало на екстерно а тоа дали ќе има,многу си е исплашена изгледа.

    Мирјана-македонски,од оваа ми е многу страв зашто читав на Кајгана дека била многу лоша,оставала на полагање и се дерела за ништо па незнам сега како ќе биде.Многу брзо збори,нејќе да ја прашуваат ништо вика што кажала тоа да не сме ја прашувале многу.

    Информатика незнам како се вика,Мери ли беше незнам ама и оваа како да е исплашена од екстерно и сега незнам како да и учам зашто немаме учебници и нешто пишуваме во тетратки а она вика и на интернет да наоѓаме да учиме.Страв ми е :|

    Грнчаров-право многу досадно предава абе готово ми се смучува од што ми е досадно и така тивко зборува,ама добар е,лекциите се мали ќе му ги учам по ред па незнам што ќе биде а тестови дава? :^)

    Александра-математика ми е класна,абе супер жена,немавме многу часови само еден ама убаво објаснува сите ми викаат блазесити што ти е таа класна.

    Ирена-социологија ми се виде како лоша зашто прв пат кога дојде ја згрешила училната и почна да ни се дере зашто сме биле искочени,и така на час се придерава за безвезе работи.

    Физичко ми предава машко незнам како се вика ама многу е смешен човеков,бара стартки само и ако нема некој ги брка од час.

    Германски незнам како се вика :D ама многу ми е фина жената,муабет знае да направи на час во врска со материјалот колку сме учеле во основно и од кога виде дека никој не учел почна да ни предава некој работи од 8мо што ги работевме.

    Англиски-незнам како се вика ни оваа,пола наставници не ги знам ама пополека ги учам како се викаат :lol: Косата и е во омбре стил,многу убаво се облака,си бара домашно и кој нема одма запишува.

    Бизнис не сме ја/го запознале уште,три часа губиме.

    Кристина-историја е многу убава и убаво се облака,си бара дисциплина на час ама добра е само со 4 одговори става оценка во дневник и сака да стануваме кога ќе доаѓа и оди. :D

    Јованка-музичко,за неа викаат дека е многу лоша а мене ми се виде како многу фина,се однесуваше ко класна да ни е.

    :whew:
     
  14. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Мери е добра професорка, само учете си кај неа зошто става реални оценки, а не поклонети.

    Англиски ти предава Катерина Накова, нема некое големо знаење, кај нас во класот можам да кажам дека 90% знаевме повеќе од неа и ја поправавме, ќе си предава цело време ништо не објаснува, работи само со оние деца кои имаат претходно познавање другите ќе бидат занемарени ко да не постојат, лупа и слаби оценки и има доста високи критериуми.
    Пишувајте си домашна, знам дека забележува, на крај може и да ви поклони по некое повисоко оцениче поради неа. И бидете активни, без разлика дали знаете или не.
    Потрудете се.
     
  15. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Се согласувам до последен збор, многу начитана, смирена принципиелна жена, со интересен стајлинг! Не се плашете не е толку строга како што најверојатно личи на прв поглед, ми текнува само дека мн тивко зборуваше хаха. Дали сеуште испрашува фронтално? :lol: :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Не е 14 сигурно...Затоа што Грнчаров не ги зема 14 оваа година :) Остана истата класна од 1.
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Уште испрашува фронтално :rofl: Во четврта година седев во прва клупа од кај вратата и секогаш од кај мене почнуваше :D "Аајде да го фатиме редот од негде" и секако дека од мојата клупа ќе почне :D Ама имав среќа што и бев една од омилените ученички, ми збореше као сум имала аналитички поглед и секогаш кога се мислеше меѓу две оцени, ми ја ставаше повисоката. Срцкаста. Стварно можеш многу да научиш од неа. Ама кога испрашува си бара многу. :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Дали од сите тука само на мене ми предава Ана англиски...Значи тежок баксуз.А Ана ...Една досадна жена тоа е нешто НЕВЕРОЈАТНО колку е досадна и злобна и одвратна и незнам...
    Инаку да ве прашам нешто за Лиле Дамеска по економија и за Јасна по јавно право?
    А и за канцеларсиско една убава жена битолчанка е малку го врти дијалектот ама незнам како се вика?
     
  19. glitter

    glitter Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Ве молам кажете ми нешто за Ана англиски и Кристина по македонски како испрашуваат, дали бараат некои големи знаења и како ставаат оценки. :^)
     
  20. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Ана англиски веќе си се изразив во предходниот пост.МНОГУ досадна жена,напорна ..мисли си има работа со 1 во оделение,и си бара знаење ама многу по битно е да и се допаднеш.А ретко кој и се допаѓа .Крстина по македонски е добра жена фер е позитивна ама и она е малку напорна,брза се ние касниме.Влегува на час и ајде ајде побрзоо каснии меее...И се така цела година ама нема лоша душа или пак да е одвратна како англиски .