На информатика и лупнаа некоја казна, нели заради екстерното така да не знам како ќе ве оценува и што ќе ви дава за учење зашто лани тоа што го имаше на екстерно и тоа што го учевме си немаше врска. А уствари е многу фина жена и лесно можеше да се добие 5ка. За Ирена, многу е флегма жената лани така ни диктираше по нешто најважно и тоа го прашуваше по 3-4 прашања, ако ги знаеш имаш петка. Или даваше ливчиња со по 5 прашања. Владо устав, не му се плашете јас лани почнав со 3, за две прашања на полугодие ми стави 4, и до крај си стигнав до 5. Само зависи како ќе ти се погоди и кое прашање. Само без мастики, деколтиња и мислам дека нема да имате проблем. И гледајте да си одговарате додека прашува зашто после може и да не сака да ве праша. И немој да ќутиш, гледај да раскажуваш повеќе, Устав можеш да споиш нешто со тоа што го знаеш од општа култура, тоа што зборел он на час и слично. За музичко нема коментари -.- Само гледај да и добиеш 5 сега и да не те заебава после цела година и да се иживува на вас.
Пак јас, никој ли не знае нешто да ми каже за Даниел (колку што дознав Ниниќ се презива), а дури сега на 30 септември ни се смени, до сега ни беше Небојша. И дали некој знае зошто дури на крајот на септември на повеќе класови што ни предаваше Небојша ни го сменија со тој Даниел, и ми изгледа дека Даниел е многу ненормален во секоја смисла. Мислам дека ќе си умреме ние со тој Даниел.
Сигурно си најголем баксуз чим Мирјана ти се паднала Жената е врв, неподнослива. Цели 4 години ми предаваше и нон стоп вреѓање, потценување и еднаш ја пријавивме кај директорот па дојде педагогот на час да види дали е стварно така како што кажуваме и од тогаш малце се смири, почна да предава. Ненајавено испрашува скоро секогаш и ќе ве седнува у прва клупа, ко на стрелање да сте Обично не ги сака тие што не учат. Ако си активна на час, ако читаш лектири и се вклучуваш во дисусии тогаш ќе поминеш добро со 4ка 5ка. Во спротивно ќе те направи дека си неспособна, криминалец, простачка и ред други работи
Кажете ми за Јанкуловска (Право) дали е многу строга за оценки?..И Александар(мислам дека така се викаше)-бизнис дали попушта за оценки?...
Убаво би било, ама според мене тешко. Среда е неработен, па четврток работен ден и сега петок ако го стави неработен, би испаднало многу цепкање на деновите.
Што се десило со Јанкуловска па се сменила толку? Не ми се верува дека е ваква сега, кога ни предаваше на нас немавме ама буквално никакви проблеми, дури едвај чекавме да дојде час со неа. Имаше и време за шала и смеа, имаше и време за муабет надвор од темата, ова ми е баш чудно.. Не паметам да ни повишила тон, освен еднаш на еден од клас кој сосема заслужи зошто буквално ја изруга за облеката што ја носеше. (А, смешно се облака, не дека не ) Вељановска ми е една од најомилените професорки, прекрасна жена, одличен педагог, како мајка ни се постави и буквално ќе кажам дека она од мене (а и од 70% остатокот од клас) направи луѓе. Само учете си навремено и бидете активни на часовите. Сака активност и ведри лица, иако нејзиното некогаш изгледа ептен строго, ептен е мека и добра. Не ја нервирајте зошто не сакате да ја запознаете и лошата нејзина страна. Не ви препорачувам.
За Бети се најдобро имам да кажам , срце жена е , секогаш кога ке ја сретнам секогаш застанува се поздравува ке ти направи муабет како најдобра другарка, камо и сега да може она да ми предава а за тестови мене кога ми предаваше не ни имаше никогаш дадено тест, али не верувам дека би дала нешто тешко , а за Ниновска и она е добра професорка можеби малку строга но коректна и фер , ако ја почитуваш и ако слушаш секогаш ке ти даде шанса
Јас бев Па добро беше,беа собрани сите професори,беше министерот за образование,градоначалникот на град Скопје,Ивица Коневски и некои други министри.Даваа еден документарец,нешто како кратки интервјуа на познатите што завршиле во Борис,потоа имаше претстава во која на кратко е прикажана смртта на Борис,претстава Ромео и Јулија на англиски,точка со модерен танц и отприлика тоа беше.После настапиве имаше коктел со некои ордевери,сендвичи,сокчиња,винце
Ниновска е прекрасна професорка,знае да предава но строго оценува но сепак убаво објансува и може да се науши.А Бети и нејзините тестови дава кратки прашања што бараат конкретен одговор,и има мнг препишување