Најискрено дали би ми препорачале да изберам Англиски изборен во трета година? И ве молам да ми кажете подетално што се учи?
Знам дека од инат ми одговараш со да, но ме нервираат генерализирања без потреба, а и впрочем гледам по темава немаат сите исти размислувања за некој професор, така да твоето е само мислење а не факт. Можеше само да кажеш: Палчевска е една од ретките професори што вредат во ова школо, бидејќи не ги знаеш сите, а и она претпоставувам само на економски смер предава. Spoiler Знам дека ова многу лично го прифаќам ама таква сум.
Палчевска предава само на економскиот смер, статистика и сметководство.Мене ми предаваше две години и многу ја засакав.Многу бараше за учење ама беше и многу праведна и коректна.Сега благодарение на неа што толку бараше за учење, немам никаков проблем на факултет со овие 2 предмети и си имам 10. И не е дека само она вреди во школово, имам повеќе професори кои ми остаа во срце.Викторија по математика, Лила по економија, Ниновска исто многу си ја сакав, може дека ми беше класна една година. Ќосова по Бизнис, информатика исто. Ова само зборам за од економскиот смер професорите.Од правнците ништо скоро незнам освен Исајловски .
Грнчаров ми поставува прашања за материјалот од прво полугодиееее и Киселичка на пола клас не ни става 5ки само за еден цртеж па мора да и носиме по 3 пати.
Македонски, математика, историја, бизнис, спорт, деловно работење, ликовно, музичко, устав, англиски јазик, француски/германски јазик, социологија.
Во пρва година пρедметите се исти и за пρавен и за еκономсκи смеρ , а веќе во втоρа година почнуваат да се ρазлиκуваат еκономсκи и пρавни пρедмети.
неможам да ја најдам темата (мислам ако има) за упис во средно и пресметување бодови ќе може ли некој да ми даде линк или да ми каже како се пресметува бодови за во средно.. ве молам ако можете кажете ми.. ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД !