Мислам дека мораш да полагаш. Најверојатно ќе ги полагаш тие што не се учат го гимназија, а се учат на правен смер: Конституционо уредување (устав), Социологија, Основи на право и Основи на бизнис. Мислам дека тие беа.
Колку што знам нема таков. http://www.vasilantevski.edu.mk/portfolio-4-columns.html Еве овде кај што е за приемни денови пишува секој професор што предава и како се вика и презива, ама Младеновски не сретнав.
Зошто им е ваква ретардирана страната? Ни ставиле класови, ни од колку саат сме, ништо. А програма информатика - уредување на веб сајт. Нивниот не го средиле нас ќе не учат.
Класна ми е Лиле Ристовска мислам дека се презива кажете ми нешо за неа добра е лоша е строга ли е ? : (економски смер сум)
da ne gi ima nekoj spisocite slikano ili simnato od net koi ucenici sme vo klas i koja ni e klasna ?(ekonomski smer) fala odnapred
Ако може на кратко да ми кажете што се учи по предметите маркетинг,менаџмент,организација и граѓанско,дали се тешки,какви тетратки е најдобро да земам.. И по нешто за професоркиве: Лила Дамевска-економија Маја Ужевска-менаџмент Лилјана Стојковска-маркетинг Дијана-граѓанско Дуева-пракса
До петок рекоа ќе ги добиеме. Инаку,збор - два: за Анета Ример (вака мислам се викаше) - Англиски. Лиле Ристовска - Бизнис. Ирена - Социологија. Александра Дамеска - Математика. ?
Сите ти се прелесни, освен менаџмент ама со малку повеќе учење и тоа ќе се помине. За тетратки ќе ви кажат на првиот ден, т.е. на првиот час по предметите сигурно ќе ве информираат и за тетратки и за тоа што ќе учите. Лила е супер, ќе се прави строга за да имате страв ама всушност предобра е, сега нешто што мрази е џвакање мастика и исто мора да и станете кога влегува инаку за оцени, предавања, тестови супер е. Лилјана исто, добро предава, не е строга, лесно испрашува и обично не сака да се гледа во книгата дур те испрашува, ама да си спремна секогаш зошто често и текнува да почне да прашува, не ми текнува дали на две или три (не ми текнува) предавања си прашува и тоа по неколку на час не сите наеднаш и не знаеш кога ќе те фати, зошто не испрашува секогаш по дневник, туку по тоа нејзиното на кое што ќе забележува. Дуева зависи до расположението и по тоа како ќе ја слушате, такво и е однесувањето. Повеќе ќе ви дава домашни, проектни некои такви работи да правите, за испрашување си најавува и лесно испрашува само од тоа што диктирала (кое е малку) и од тоа само најбитното. Со другите не сум имала никакво искуство, ама и кај овие што ти ги опишав може е сменето нешто, но одприлика тоа е тоа.
Сега сум втора година на правен смер и имам нови професори по некои предмети, па ако може да ми дадете некоја информација или мислење за нив. Право - Јанкуловска Бизнис - Ќосева Канцелариско - Велјановска Пракса - Џоле Историја - Кристина Фала ви однапред...
Кристина е најдобрата професорка што некогаш ми предавала. Добро предава и лесно става 5ки. Другите не ги знам.
Ќе може ли некој да ми каже нешто за следниве професорки: - Ленче Кузмановска (приватно право) - Вале (граѓанско) - Лиле Дамеска (економија) Иначе 4та година сум, правен смер
Јанкуловска во главно не е лоша професорка,но секогаш мисли дека она е во право и немаш право да се побуниш. Не и се спротиставувај, добро ќе поминеш. Инаку добро предава ,ама и си бара за добра оцена. Ќосева е најдобро женче Прелесни тестови,многу фина,добра ,мила. Знае да те сослуша и да те разбере. Велјановска не ми предавала канцелариско, туку пракса на друга група од мој клас. Ништо добро не можам да ти кажам за неа. Сите се жалеа, многу лоша е. Џоле- немам зборови. Омилен професор на сите времиња. Опуштено ќе ви биде на час, нема стресови, нема дерење,интересно е пракса втора година, а со Џоле ко професор уште поинтересно. Ако ги праиш вежбите и си активен само тестови праиш, не те испрашува Супер ќе поминете со него. За Кристина не можам да ти кажам, не ми предавала