Какви професорки се: - Наќева (деловно) - Елена Црвенова (економија) - Гордана Митева (економија изборен и деловно изборен) - Данка (сметководство) - Жанета (пракса)
Најбитното нешто што треба да го знаете за кај Наќева е никогаш да не дозволите да ви стави 1ца во дневник. Ќе ви го влече до крај на година и и да научите за 5ка, максимум онака преку сила ќе ви стави 3ка. Ако не сте присутни на испрашување, а ве прозвала, ќе ви стави 1 во дневник. (ми се случило) Принципиелна жена, добро предава. Некогаш испрашува по неколку ученици на табла, без учебник и дошепкања. Тестови дава само кога нема време за да ги испраша сите. Плановите на табла што ги пишува некогаш имаат работи што ги нема во книга, а ги бара на испрашување. Не сака учење на памет. Така да, совет, бидете присутни на нејзините часови. Жанета е многу лабава професорка, лесно става 5ки.
А ако си болен и не си на школо, а Наќева испрашува и те прозве 1ца ли ќе ти стави? Или само во случај ако од нејзиниот час си отсутен? :/
Можно е и тоа. Јас не бев дојдена цел ден во школо и пак си добив 1 Ако си отсутна подолг период ваљда нема да ти стави.. не знам, зависи каков и е денот.
Ќе може мислење за Мирче математика(ми изгледа прееемногу лош),М ирјана-Мими по македонски и Радмила К по јавно право? Фала однапред..
Радмила, најдобра професорка која што ми предавала до сега. Има многу разбирање, иако тестовите и се тешки, секогаш и се од прашањата шпто ги диктира, така да од нив учи и одговарај си ги со време - никако да ти се собираат да ги учип од еднаш. Испрашува тоа што си грешил на тестот, и поправа многу лесно. Едноставно женава ја сакав највеќе од сите професори и ќе ми фали. Мирче - неподнослив човек. Стресови само ми ствараше. Ако планираш да учиш, ако искачаш на табла ќе имаш 5, ако не 2че или 3че како што ќе му текне. Па и да добиеш 1, ќе го поправи. Гледај да не те крене на табла, не го гледај во очи, бркај си работа.
Мирче е човек без трпение и толеранција. Не знам зошто сеуште е професор кога мислам дека е во состојба и да крене рака на некого. Колку и да не знаеш не смееш да го прашаш да ти објасни, тешко тебе ќе биде. Како што ти кажале избегнувај контакт во очи со него. Инаку на табла крева многу често, и скоро сите. Јас ја имав таа среќа да не ме крене ниеднаш во цела година. Веројатно затоа што не му идев на часови Кога ми предаваше мене не запишуваше и само 4-5 од цел клас му одеа. На крај единици немаше, петки 1-2 тие што нонстоп му работеле на час, што ги мачеше ептен. Другите оцени од ракав му беа ставани. Тестови не прегледува , онака става оцени и препишување има премногу
Мирче изгледа строг да, ама е многу звер човек, се смееш со него на часови. Можеш комотно да си бегаш од часови, ретко запишува. Факт е дека нема ништо да научиш кај него математика зошто не објаснува како што треба и тоа што го предава он го нема во учебникот, на тестови се препишува ... Радмила е премногу добра професорка, според мене е најдобра. Многу добро предава, воопшто не е строга. Многу пати рекла после тестот нема усно одговарање, нема поправање оценки а после тоа повторно дава да поправиш. Тестовите се лесни што ги прави, и да те види неколку прашања дозволува да препишеш ама не да претераш буквално целиот тест да го препишеш од некој, а и самата професорка ти помага нешто знае да ти каже. Баш ми е жал што предава само на 1ва и 2ра година, кога видов какви професорки имав во трета и сега во четврта си ја барам Куцуловска назад
Може да ми кажете несто за професориве: Марија Божиновска - математика Анета - англиски Славица Роповска - германски Тијана Здравич - историја Душица - информатика Дијана Арсовска - социологија Лила Ристовска - бизнис Љиљана - устав Радмила К - право Киселичка - ликовно Небојша - спорт
Душица информатика е врв жената... секогаш кажува некои шеги, многу ми е интересна а и добро предава. Лила Ристовска - Ми изгледа на многу фина, добра, толерантна професорка. Има огромно знаење кое сака да го пренесе. Супер е, многу ми се допаѓа начинот на кој предава. Небојша - не ми се допадна на прв поглед, ќе видиме понатаму.
Дијана Арсовска мене сега во четврта ми предава граѓанско и е многу срце жена, има многу и квалитетно знаење, сака да не научи. Никогаш не е досадно кај нејзе на час, најверојатно е до професорката сите се мирни ја слушаат. Радмила е најдобрата професорка кажав и претходно погоре прочитај За Киселичка баш и незнам што да ти кажам, незнам како да се изразам на кој начин за да ја опишам. Многу е буквалиста, бара све да и е нацртано како што треба, одпозади на листот ако си шкртнала ти става единица кога ги прегледува цртежите затоа што мисли дека си зимала цртежи од некој друг. Ако не и однесеш цртеж на време става 1 се додека не и ги донесеш сите цртежи не ги прегледа. Внимавај си на ова зошто е терсене жена. Јас додека ги потпишував цртежите гледајќи во на другарката листот, замислена и јас се потпишав как другарками избришав со коректор и кажав на професорката и ми стави единица морав цртежот поново да го цртам и наредниот пат да го однесам заедно со другите цртежи за да ми ја поправи единицата.
Едноставно на Киселичка носи и твои цртежи па колку и да се грди, не става тешко 5ки, само да ти се сите, и да се направени како што кажала она, со такви техники. Воопшто не е тешко..