Сигурни сте дека англиски предавала? Да не е Душка социологија? Веројатно веќе сте ги запознале кој е и каков е, ама од моја гледна точка ретко кој нормален остана во Борис.. Иако завршив пред повеќе години и мене ми предаваа истиве кои ги споменувате. Мирче е легенда, ако ти треба 5ка ќе добиеш, ако убаво го замолиш. Кај него на час главата долу и преправајте се дека нешто пишувате. Мене вратот ме болеше по цел ден од него хаха Мирјана - македонски, ми беше класна! Полоша жена од неа беше само Душка социологија! Премногу навреди и многу малку квалитетна настава. Ако читаш лектири ќе имаш 5ка секако, дури и ништо да не знаеш граматика Ние ја викавме искомплексирана немажена жена... Фани Мечкарова, срце жена. Може да се постави како права другарка а може и да биде прилично строга ако некој ја изнервира до максимум. Со учење за 3ка можете и 5 да извадите.. Јанкуловска е добра, ама многу тврдоглава. Оваа ликовно, дури и најлоши цртежи да имаш пак ќе извадиш 5. Затоа што гледа на редовноста (колку често ги носиш а не какви се, затоа што свесна е дека не се сите родени уметници) Анета англиски, позабегана жена не знам дали има. Си оди по улица и си збори нешто на англиски, ние хај , она ааа хај хај, бај. Ако имаш добар изговор и акцент, многу полесно се поминува кај неа. Ми текнува уште и на Станинова. Од 2 на 4 од 3 на 5 преку ноќ, со малку учење и добра волја. Татјана не знам дали уште предава, малку надувана жена, али фина. Барем предавањето ако не повеќе можеш да и го разбереш и да научиш по нешто... И мојот фаворит, Драгана англиски. Да можам сега би истрчала да ја изгушкам!!! Иако навидум строга, таа е едно гоооооолемо . Некогаш дури и ми фали да ме поткара зошто сум заборавила правни изрази на англиски Во тие 4 години ми предаваа многу професорки, кои редовни кои на замена. На Канурков му немаше рамен, ептек откачено кул човече. Веројатно многу од нив се пензионирани, ама оставија големи траги, убави сеќавања на нашата генерација
Јас разбрав дека е Душка Англиски, а не Социологија. Ама пријателка моја предава таму, така да баш ќе ја прашам.
Греота, нека почива во мир Уствари може социологија да е пензионирана веќе, ако е сеуште жива. Што клетви и фрлаа па паааа
Правен дефинитивно, не се мисли! Економски има многу опак професори. Поготово ако ти се погодат Мими (македонски), Дељо (математика) и Снежанка германски у паќет си средил работа. Мада мислам Снежана пензионирана е сега, ама не сум сигурна 100% не ме фаќај за збор, одамна беше јас кога учев. Мене дел од овие ми предавале по некој час, ама за среќа не многу долго пошто бев правен смер, а овие предаваат на економски. Башка Мимиштево од дно на душа го мразам! Многу одвратно жениште, и на полагање остава башка.