Таа младата слаба, со часовник на раката и кафена косичка? Како бре луѓе, што и се десило на жената? Стајте слика, ве молам! Или бар кажете име и презиме на да ја видам на интернет.
Правен дефинитивно! Пензионирана е Снежанка, ама многу кул жена е. За Мими не е проблемот што остава на полагање, туку што секој втор збор и е вреѓање. Нема шанси да ја прашаш нешто и нормално да ти одговори. Или ќе почне да превртува очи или да те вреѓа ко најголем грешник да си. Најстрашни и се испрашувањата у прва клупа, ко на стрелање да си. Тука е и Наќева, Ниновска, Палчевска и ред други. Мислам дека мене ми се паднаа најстрогите професори од цело школо...
Да се надоврзам на ова..Дељо исто така е во пензија. Палчевска е супер, нормално си бара учење ама знае да ти го пренесе своето знаење и од час можеш да научиш. За Наќева се согласувам со Елена, многу остава на полагање А Ниновска, незнам што да кажам, ја зборат како строга ама некако лабаво почна со нас оваа година. Не се согласувам со тоа дека на економски смер се најстрогите професори и мислам дека е полесно економски отколку правен да учиш закони и ред други работи што треба да се памтат.
Од кога е Дељо во пензија? Кога полагавме интерни предмети по матура пред некоја година, нас од економски не чуваа професори од правен, а тие од правен професори од економски. Не верувам дека е случајност што на нас ни дозволуваа да препишуваме, а правниците со нашите построги професори не мрднаа. Така е зборот де, ама тоа кажува каде се построгите професори. А за која материја е полесна, тоа зависи од тебе дали повеќе ти оди учење на памет или со разбирање.
Зошто сите претпоставувате дека на правен се учат закони на памет? Не е толку тешко, ако тебе не те мрзи да седнеш и да научиш по ред. Секако дека ќе биде тешко ако ти се соберат 5 стручни предмети да ги учиш во 2 дена. Се си има свој ред и начин. Ќе слушаш на час кој како испрашува и ќе биде полесно. Материјалот не е толку тежок колку што може да биде понекогаш обемен ако ти заостане, што верувам дека секаде е така
Ужас од жена е. Самобендисана до срж! Се мисли за најпаметна и најдобра од сите професори а уствари нема врска, знаењето не може да и дојде до израз од сите тие навреди и студенило кое не е во согласност со нејзината професија. И да, за жал повеќето од вас нема да се спасат од неа бидејќи предава и на двата смера и бара многу знаење. Ако заверглаш некаде случајно отиде јабана тројката. Бидејќи превисоки критериуми има, а и не знае нешто особено добро да објаснува. Повеќе бара отколку што умее да те научи, и премногу навредува ученици.
Ауууу - оваа Мими уште ли ја има. Во мое време беше тазе почната да работи - ама како се исшлифувала се бетер и бетер станувала Во мое време, тие што пишуваа на табла дур диктираше за авторот на некое дело по дифолт имаа петки, и никогаш не беа испрашувани. Граматика никогаш не предаваше и само дела се анализираа. И тоа нејзиниот придонес нула во анализата. Нити да те насочи. А па кога ќе дојдеше време за испрашување, ако тој кој го испрашува молчи, она насоки не дава. Во состојба беше цел час да молчи и она и на крај кога ќе ѕвони само единица да му стави и да си излезе. Какви луѓе имаат едукативна и педагошка улога. И после по дифолт денешниве деца биле невоспитани.
Mногу се. Али у секој случај би требало да ти предава Киселичка ликовно, Мирче математика (ако човекот не отишол во пензија), Исајловски - историја, Лили - конституционо. Али не ме фаќај за збор бидејќи е можно да има голема промена во составот и да се измешале, пошто помина доста време од моето завршување таму. Во секој случај она што треба да го знаеш е дека за економски смер треба да си надарен за јазици и математика, (ако овие ствари ти одат солидно, без мака ќе поминеш 4 години). За на правен пак се бара да бидеш познавач на теорискиот дел, да знаеш да дадеш својствена интерпретација, а не само да бубаш на памет, бидејќи она што го бараат професорите е да увидат дали знаеш да ги аргументираш своите ставови. Сума сумарум, секогаш ќе имаш плус ако видат дека ги разбираш лекциите, а не ги натрупуваш зборовите кои си ги прочитал во книгата. Сепак, ова важи за повеќето, не за сите. Како и да е, ти ако учиш редовно, и се трудиш да го совладаш материјалот не верувам дека ќе ти прават проблем. И не заборавај дека е битна е и активноста, таа многу се цени. Што повеќе си активна толку повеќе ќе си олеснуваш. Бидејќи со кампањско учење тешко се поминува во Дрен. Не е невозможно поминувањето на тој начин, ама вообичаено послаби оцени се вадат.
Кала, значи капа ти симнувам за постов. Се` што пиша за наша Мими е жива вистина... И нашата генерација ученици ги забележа истите пропусти кај неа. Со одредени промени но, во главно тоа беше тоа. Во секој случај би сакала да додадам дека и мојот впечаток за неа беше негативен! Од причина што уште од старт се виде дека целта и е да си ги лечи фрустрациите, и да глуми авторитет без никаков придонес за да ја гледаме така. Бидејќи многу арогантен, отсечен и студен пристап гаеше кон нас. Па дури и тогаш кога се смееше, осмехот ни изгледаше вештачки. Така да кога би ја анализирала од психолошки аспект мое мислење е дека длабоко во себе е несреќна, па не знаејќи како да си помогне на овој начин ја манифестира тагата.
За таа првпат слушам од тебе. За среќа нашата генерација не ја дочекала.. Ама затоа Снежанка, Мими, Миланова, Палчевска ги дочека за жал.
Палчевска е професорка која е строга и бара знаење, но истото знае многу добро да го пренесе и ако ја слушаш на час како објаснува 99,99% лекцијата ти е научена. Камо сите професори/ки да беа како нејзе.
Аууу и Палчевска ли?! Таа е демек некој битен лик??? Таа беше онаа со нозете како 3 дена на буре да седела? Таа беше маргинален лик во наше време. Предаваше биротехника и никој не ја есапеше. А бе дај му на човек малку моќ и ќе го видиш каков е.