Мирче сеуште предава ама затоа Исајловски е во пензија мислам веќе 2 години. Јас кога бев прва он беше заменик директор и потоа отиде во пензија. Инаку сега сум 4та години . Така да 2-3 години е во пензија.
луѓенца да ве прашам ако сакам сеа да се префрлам у борис т.е од второ полугодие треба нешо да полагам ?
Не сакаш да се префрлиш... Иначе да, треба да полагаш на пример ако си била на правен смер за на економски треба да полагаш, а што не знам ќе си прашаш таму ќе ти кажат.
Епа дека е на пола година не знам точно, можеби ќе треба пола од книгите да ги полагаш по Устав, право, бизнис, социологија и уште еден само не ми текнува кој предмет беше. Поубаво да си прашаш најсигурно ти е
Мислам дека се толку предмети. Прва год. предмети: 1. Македонски 2. Англиски 3. Германски/Француски 4. Математика 5. Информатика 6. Социологија 7. Устав (Конституционо уредување) 8. Основи на бизнис 9. Основи на право 10. Ликовно 11. Музичко 12. Спорт 13. Историја
Македноски, англиски, јавно право, приватно право, канцелариско уредување, бизнис, економија, физичко, 2 изборни, пракса, психологија
a za ekskrziite da ve prasam za povekjednevnite samo edna e ? taa vo treta ili ima povekje na pr vo 1 ili 2 ? izvinete od tel sum nemozam da go ukl mak fond
Зошто нешто слушнав дека сега 4 год. нема да ги носат бидејќи беа во 3 год. на екскурзија. И дека сега ние што сме 3 год. ќе треба да бираме дали сакаме да идеме сега во 3 или 4 год.
Фала многу А и да сакам да прашам за да се пишеш на економски смер,ако имаш една годината минато со успех одличен,притоа имаш една тројка и четвотка во отценки ти праат проблеми? И во кој интернат обично се сместени тие што се од другите градовии? ❤
Не верувам дека ќе ти прават за тие оцени проблем, и за економски секогаш е малце понизок успехот така да не се вознемирувај. За интернат не знам точно, само знам дека има еден кај средното медицинско Панче Караѓозов, па можеш да се распрашаш околу тоа во некоа друга тема. Знам дека едно девојче од Тетово учеше кај нас и беше сместена некаде во Автокоманда ама немам слушано многу околу тоа. Има деца што доаѓаат така од други градови ама се ретки.
од мое оделение едно девојче од кратово беше во интернатот Здравко Цветковски а и уште некои деца од генераицја и помали
Ако во трета одите во април на екскурзија, во четврта нема да отиде. А како што наслушнав јас во април ќе одите што значи во четврта нема да одите. Ние бевме во април и сега не не носат, ни рекоа ќе имаме 2 еднодневни екскурзии една во прво друга во второ полугодие ама некако слабо.