Значи сепак треба да внимаваш, да се потрудиш, да учиш и дома за да добиваш солидни оцени. Ќе ти предаде тебе Грнчаров цела тема наеднаш и ти од што се ќе слушаш на час готово спремна си за да добиеш 5ка ? Никој не рече дека е невозможно да добиваш јаки оцени во Борис, боже сачувај, ама не можеш ни да кажеш дека професорите не се замараат.
Зависи, има некои не се замараат ама ич, а некои се напињаат премногу. Со малку труд се завршува со супер оцени. Сепак ако уживаш не можеш ништо да очекуваш. И на крај скоро секогаш поправаат.
primer kaj Dafina praksa, zenata mnogu napinja za materijalot i mnogu e dosadna, ama site se labavi i na kraj so 4 i 5 pominuvaat.
И економија и бизнис ги предава Емилија Ѓорѓиовска , а исто така и пракса предава, а за бизнис знам и Анета Дуева предава.
Moze da mi kazete nesto za Danka smetkovodstvo, Ninovska delovno i Zaneta Petrovska ekonomija izborna?
Данка сметководство е добра професорка, лесно се добиваат добри оценки кај нејзе. Не е строга. Дури ќе ви биде досадно кај нејзе. За Ниновска имаш погоре во темава. Жанета ми предаваше пракса лани и кај нејзе се добиваа лесно оценки и многу попушташе.
Кај Наќева гледај да си фаќаш белешки од тоа што збори, затоа што тоа го испрашува, ако не бидеш на нејзин час макар и да си болна ќе мисли дека си избегала од испрашување ( секој час испрашува ) и следниот час ќе те испрашува пред табла, ретко, скоро никогаш не дава да се потсетуваш од книга, кога ќе те испрашува немој да збориш брзо ќе мисли дека си учела на памет, а и да и покрај тоа што сите викаат дека е строга и лоша Наќева целосно и несебично го пренесува своето знаење на учениците
лиле* - најдобрата професорка која некогаш сум ја имала. Бара многу знаење и тешко се вади петката , испрашува усно ти помага и дава да с епотсетуваш од книгата пред тебе да си листаш.... секогаш ги става реалните оценки освен на крај знае4 да поклони по малце. Секогаш можеш да се извинисш пред да започне часот ако имаш причина зашто не си научила и полна е со разбирање за учениците, дели совети, го споделува и свијот живот и искуства со нас и станува како пријателка ако добро се поставиш со неа.
Секој различно може да ти одговори. Другарки велеа дека им е тешко, ама за мене лично трета година беше најлесна. Можеби зошто не ни се погодија строги професори, како и фактот што доста губевме часови. Еве еден совет за сите феминки запишани во Борис - ако сакате да имате петки без проблем ќе ви кажам само веднаш штом се ближи тромесечие (зошто сите професори баш тогаш испрашуваат даваат тестови) и штом професорите најват испрашување јавете се да одговарате. Вака ќе ве испрашат за првите четири лекции(обично толку гледаат да предадат пред да почнат со испрашување). Ако чекате и одложувате само ќе ви се насоберат лекции и ќе ви биде потешко за одговарање, а и може ќе ви намалат оцена ако ве начекаат неспремни. Јас така се одговарав и сите години по речиси сите предмети само четирипати ме испрашуваа (на тромесечие и на полугодие). Накрај испадна дека најмалку одговарав, а највисоки оцени вадев.
Елена физичко е фина според мене. Бара присутност на секој час, не толерира ако си задоцнил, одма што ќе влезе во сала заклучува и не отклучува за никој. Дозволено ти е кај нејзе 3 пати да не вежбаш и да седиш на клупа мораш со опрема. Строга е, ама најдобар професор по физичко во цел Борис е.
Лиле Ристовска мене во втора ми предаваше пракса, можам да кажам најкомуникативна професорка со учениците е, часовите толку брзо ни поминуваа што освен што имавме време да работиме на час и да научиме имавме време и за разговор со нејзе, колку само случки ни има раскажано од нејзиниот живот, неверувам дека некој друг професор има толку случки од својот приватен живот раскажано. Таа професорка се уште ми фали. За оценки беше реална и кој каква оценка заслужуваше таква и добиваше, бидејќи не сакаше да биде неправедна кон оние што заслужено си ја добиле оценката да ги рамни(да имаат иста оценка) со оние што незаслужуваат. Не беше строга, но си бараше знаење и активност на часот.