III-8 uste ne znaeme koja ke ni bide sport, spored mene ke bide izgleda daniela crnata i mn mi e strav od nejze
Може да ми кажете нешто за професориве Англиски - Политима Илиеска Сметководство- Виолета Несторовска Деловно - Зејнеп Шабанова Право - Весна Рафајловска Македонски Вера Спасовска Бизнис - Лидија Ќосева Спорт- Даниела Тофиловска Поповска и каква е како класна
Глупости само ќе правите на часови, цело време вежби од работна или некои таму од учебник ќе читате, оцени највеќе од тестови става, ама некогаш може да и текне нешто да те потпраша ако имаш слаба.
Марица ти е посебна прича. Не испрашува само тестови дава. Кога предава можат да ја слушнат само тие пред неа што седат. Цела година ќе ви го тупи со нејзиното "реципроцитет во односите, како вие со мене така и јас со вас" - ова се однесува на тоа ако не ја слушате кога предава. Лесно става оцени. Ако на тест си имал за бод или два помала оцена, замоли ја, ќе ја стави повисоката оцена. И да, да напоменам, за тестовите собира по 2 денари .
Ќосева мене ми предаваше во 2-ра и многу е добра.. дава тестови со 20 прашања(мислам дека беа) 10 со заокружувња и 10 со надополнувања, испрашува и усно, дава да се извинуваш ама еднаш во полугодие. За даниела, ако е таа црната ми предаваше сите 4 години. си бара активност, редовно носење на опрема и да се трудиш да го направиш тоа што го бара и нема да имаш проблеми со неа. Знае ли некој каква е Ана Аџиевска, на братучетка ми и предава (нез. ништо за неа зошто не ми предавала) инаку и предава приватно и за Горан незнам како се презиваше по бизнис?
Кај Горан ако имаш на почеток добра оцена голема е веројатноста дека ќе ти ја става истата цело време, освен ако не направиш некоја глупост, и може лесно да се потсетуваш додека испрашува. Испрашува по 3 лекции од секоја тема обично, а ако знаеш може и помалку. Лекциите се препрелесни така да нема да има проблем мислам.
ima nekoj slusnato nesto za Andrijana Serafimovska biznis izborna predava moze i nekoj drug predmet i Lile Ristovska biznis?
@hoex За Лиле - бизнис имаш на претходната стр. на темава. Инаку знае ли некој за Елица Жупановска (така нешто се презива) Организација предава.
Даниела Тофилоска ти е најнеразбран човек на планетава. Она се знае и крај. Ти не си у право никад !!!!!!!!! На спорт замара многу и го прави предметот како да е најбитен од сите. Елица Жупановска е срце од жена. Лесно испрашува, многу добро предава стварно можеш да разбереш а и не замара, баш е фина, ко другарка да ти е
Класна ми беше и кај неа најубаво е да одговараш кога ќе прашува за 4-5 лекции за да не правиш тест, бидејќи усно можеш поубаво да се изразиш, не е строга, ако и кажеш пред час дека не си спремна ќе те разбере, инаку кога имаш час со нејзе да ја посетам ?
Елица е срце. Еднаш да знаеш кај нејзе после тоа не те испрашува многу. Башка можеш многу да одговараш со читање кај нејзе, и глеј на усно да одговараш. Не дека тестовите се тешки и таму лесно се препишува, ама усно ти е многу полесно
може некој да ми каже за станинова соња јавно, анета стефановска канцелариско и светлана деловна психологија?
Да си фатиш се со време. Психологија испрашува многу и си бара многу, за да немаш проблем одговарај уште на почеток додека нема многу лекции. Инаку не е тешко ама ако се собере многу станува напорно. Канцелариско исто. Испрашува се, сака да знаеш се ако сакаш добра оцена, нема читање од книга, ни помагање. Сака да раскажуваш лекција, не поставува прашања обично, ама ако нешто испуштиш знае и да те допраша. Слушај што збори она на час и учи по планот во тетратка. Станинова ти е.. непредвидлива жена. За истото што си го кажала може еден ден да ти стави 3ка друг 5ка. Да се чудиш... Инаку не и враќајте ништо ако нешто ви пререче, уште повеќе ќе се налути. Ќе дава на деца да презентираат прво полугодие, и кој ќе презентира нека гледа да е пократко, и после испрашува од тетратка само, ама тоа што е во тетратка треба да го знаеш цело. Обично по 3 лекции прашува ама кога ќе се соберат многу не знаеш од кај да почнеш. Може ако не ти текнува да ја прашаш дали може да се потсетиш, и тоа ептен ако заглавиш. Кај нас даваше да видиш, ама пак ќе кажам како ќе и текне у моментот така прави.
Ај кажете ми нешто за Александар Мијоски по практична настава економски смер, вака ми изглеа дека многу се занесува се понаша како газда во школо, без тетратки не брка од час....имате искуство некакво пошто личи дека е нов??
Зошто толку ве мрзи да разлистате низ страниците на темава? Скоро за сите (освен новите што ги вработиле) професори има опишано какви се, што бараат итн. Ништо не губите, може само да добиете плус информација што некој кој моментално ќе ви одговори ќе заборави да ја спомене.
Значи професоров легенда ми е. Многу ме сакаше. Две години ми предаваше, на час не објаснува нешто многу, ќе ви издиктира лекција и толку. Испрашува по 3 лекции, лесно става оценки, не е строг, можеби затоа што омилен клас му бевме. Единствена мана му е што диктира премногу брзо и ретко кој пишува на негов час.
од Данче нека не ти е страв, не е лоша како што ја кажуваат другите, само си сака редовност и дисциплина, а и се оценува