Ако е втора или четврта може, ама првин треба да праша ако има место, и мислам дека ќе полага прием испит
Марица е душа! Не разговарај кога предава лекција праи се дека ја слушаш било што само не и збори на час, затоа што тешко ќе ти стави оценка. Иначе одлична жена e <3
Брат ми учи во школово ми вика дека му е ептен кул и лабаво,ми кажуваше дека една од погадните професорки била Оливера математика,он кај неа има 2ка овој радосен што не е ќец,има давала некој џокери ако имаш кец за да не идеш на полагање си го користиш џокерот и ти става 2ка али еднаш само смееш да го искористиш! се иживувала со нив ко за инат,на женава и било ќеф да малтретира,сите кај него во клас имаат двојки со исклучок на 2ца-3ца А за другиве фини биле и што е најнормално си бараат знаење.. Јас треба оваа година да се запишувам во средно... појма неам што да правам.. Многу сакам медицина ми одат природниве науки али страв ме фаќа да не прснам од учење.. како и да е,ако ви треба нешто пишете ми лп,ќе го распрашам нешто пак одоколу. Поздраав
Оливера ми беше класна 4 години. Жената е откачена. Како класна беше супер, оправдуваше и попушташе со оцени. Сите ја мразат. Само на нас како класна ни беше топ жената. Попушта на крај зависи на кого ама и остава на полагање.
Марица беше супер жена во мое време. Супер женичка. незнам како кај неа може да е тешко да се земе висока оценка
Има ли некој од Скопје што следната година ќе се запишува во Борис на економски смер? Може ли некој да ми каже отприлика кои наставници би ми се паднале догодина и сакав да ве прашам кои предмети се значајни за струката затоа што сакам да си пресметам дали имам доволно поени
Во секое мислење различни професори се спомнуваат ...колку ги има? Сакав да Ве прашам кои јазици ги има како избор за втор јазик и дали може ако во основно е учен француски да се запишеш на пр. на германски? ...и какви се професорите по вторите странски јазици (што да се избере ако постои можност за бирање?)
@sanjaeva Како втор јазик или германски или француски. Ако во основно си учела француски, полесно ќе ти биде да продолжиш француски, отколку германски, бидејќи германски немаш учено, а се е продолжување од основно. За професорката француски, неможам да ти кажам, бидејќи јас учев германски. А таа професорка што ми предаваше 2 години германски веќе не работи во ова училиште.
127 професори има, а на јазициве скоро никој не обрнува внимание. Мошеш мислам да избереш кој сакаш јазик без разлика што си учел.
Сите прашувате кој професор каков е, а јас имам една забелешка за една професорка и ме интересира ваше мислење. Зорица Петревска дали личи на професор воопшто? Смешка жива е со моите другарки ученички нејзини си лајкува слики и они неа... мајтап си играаат и пишуваат комплименти под сликите, реди слики од теретана по купачи А има и уште една предава Англиски,плава Драгана мислам се вика - цел град ја збори ... препознатлива е по хулахопките со дезен хах Мене фаворит ми е Милка секретарката ))
Ke ve molam za odgovor itno mi e. Dali bi me primile vo Vasil Antevski Dren ekonomija site mi se petki no imam vkupno 8 cetvorki. VE MOLAM ODGOVORETE MI!!!
Јас кога се запишував (пред ~седум години ) имаше доста од мој клас од основно со тројки. Нема гајле за тоа.
Миланова е срце од професор. Предава право на прва најчесто на економистите и пракса на правниците на трета, мене право ми предаваше и многу учев кај неа. Бара дефинициите на памет да ги учиш ама ќе ти останат во сеќавање, ако се поставиш добро кај неа нема да имаш никакви проблеми.
Мене омилени професори ми беа Елисавета - математика и Роповска - германски, можда зашто и предметите ми беа омилени. По англиски неколку ни ги сменија, ама сите беа помлади, не ги памтам по име, исто беа фини. Олгица по историја ќе ми остане врежана во глава како најодбивен проф. едно време и на час не и се појавував. Предаваат ли се' уште? А за Славица заспаната убавица по бизнис, ноу комент. Слушалките на уво и тетратките полни со чкртаници, од што умееше да те заинтригира со предавањата.
Треба да се запишувам годинава па се мислам дали во школово.Да ме упатите малку, си знам информации за учење, професори......Ме интересира нешто за управата: пр. Дали по објавувањето на списоците, можеш да се префрлиш во друго одделение, без врски. И дали важи некое си правило дека се поголеми шансите да се паднеш во исто одд. со оние со кој си бил во основно. Благодарам однапред