Денешниве генерации се катастрофа (со исклучоци), сите се шмизлички и фраери и глумат јаки фаци, такви имам во одд и ме исмеваат за таа моја маана и од секогаш ми беше страв тоа да не се случува и во средно..Фала ти, се надевам нема да имам никакви проблеми ако се запишам таму хх
За мене тоа се нелуѓе срце. Од мал човек се учи на бон тон, однесување и почитување. Таквите кај и да си, со кој и да си, не заслужуваат твое внимание. Безвредни се и во твои и во мои очи.
Фала ти многуу Никој ова ми го нема речено, ова стварно ми даде мотив, сила и надеж да продолжам понатаму без разлика на таквите нелуѓе.
Како се обработуваат лектири кај Соња Панева? Има ли некоја шема на прераскажување во тетратка или само кратка содржина на лектирата треба?
Фани бизнис ми беше омилена професорка. Ем е фина и другарка со вас, ем знае да предаде како што треба ,а и бара да научиш. Прав професор, без глумење полицаец и слично. Вељановска ми нема предавано ама само жалби имам слушано за неа. Премногу строга
Вељаноска пракса јака типка бара учење ама океј е. Фани срцка е права имаш 2 ако и го кажеш она зеленото од книгата само
Јас треба следната година да се запишувам и сакам во Васил економски смер, како се професорите и наставниците? Читав што имате пишувано па еден член спомна дека има говорна маана, па исто и јас, али кај мене во одд нема деца кои се потсмеваат, ама незнам какви деца има таму во Васил. Можете да ми кажете нешто поише за школото, професорите и децата?
Борис е добро школо. Економски смер ти е потежок од правен барем според мене ама ако ти иде математика добро ќе поминеш. Професорите се океј значи има предобри а има и построги, али ако учиш кај нив нема да имаш проблем. Деца има секакви, не се секирај ќе најдеш многу добри деца за дружење.
Не ми е проблем учењето, туку зборат дека децата биле дигнати, па затоа незнам со какви ќе се паднам.. Дека највеќе се запишувале од кисела вода па малце се дигале и дали ќе те прифатат таму ова она..
Чудно ми е кога ќе чујам дека постојат луѓе кои имаат позитивни искуства со ова училиште.. Учев таму една година, и многу ми е мило што со време се освестив и прибрав документи, затоа што добив такви трауми што ги влечам и ден денес. Таков џган, таква дигната кретеноидна соученичка ,,екипа" во комплет со искомплексирани идиоти од професори ми се чини нема никаде. Уствари не ми се чини, него нема! Со две раце потпишувам дека ова не е само мое субјективно искуство, туку жива вистина. Општо што имам правено муабет со просечни средношколци чии родители не биле некој и нешто а завршиле тука, искуствата со одредени нијанси се многу слични на моите. Единствено лани една фраерка ми се избаци со муабетот дека ќе барале врски за сестра и која сакала да се запише у ова школо пошто наводно овде била класата. Сума сумарум, ретко кој од нашите генерации помни убави средношколски денови со Снежанка, Мими и Миланова на економски смер. Сега не знам дали сеуште предаваат, но во мое време важеа за гад од професорки, секако со Мими на тапет. Иронијата е во тоа што не предаваа лошо, но пристапот, проценката и критериумот за оценување им беа ужасно несоодветни. Дури, се сеќавам дека тој период пред да се отпишам ми нудеа да се префрлам на правен смер, како демек по релаксирано било, ама јас не сакав ниту да чујам. Затоа, моја топла препорака е ако немате родители од повисоката фела уопште да не се запишувате во ова школо, зошто во спротивно не ви гарантирам дека ,,заслуженото" ќе ви биде еднакво пропорционално со трудот.
Зошто сите го правите Грнчаров страшило? Мене тој ми е најсрцка професор. Знае да каже шега, да не расположи, се смее. Можеби некогаш е досаден кога уста не затвара 45мин. ама од слушање на час се ќе научиш кај него. Јас не ја имам пипнато книгата по устав, никогаш не го одбивам за одговарање и се изјаснувам со свои зборови и секако имам 5. Повеќе ме иритира Кристина историја, што сите ја фалат дека е добра, а всушност е само дигната и напрчена