Научи математика. Е така.. Ако не знаеш, тогаш главата надолу, никаков контакт со очи и молчи цел час... И моли се да не те крене да решиш една задачка на табла
Прва со трета и втора со четврта се смените, така? Исто сакав да прашам од колку саат почнува прв час во двете смени?
Исто и јас ќе ти кажам ако имате уште компјутери во училници поубаво ќе се криеш , ако стане да шета прави се дека пишуваш нешто само не го гледај .
Да ви кажам денес тргнав у школо прва година и пред да тргнам бев многу среќен се беше убаво и откако денес стигнав таму ми се појави голем стрес и вознемиреност незнам зашто како некако да сум донел погрешна одлука се мислам дали да се префрлам во ЈБТ инаку правен смер отидов и ми се прави анксиозност некој совет ако може?
На почетокот скоро сите така, јас цел септември у 1г плачев за да се префрлам во друго школо, по дома трауми праев. Сега па си иам океј друштво, си фатив навика, учење, не ми е лошо. Остави на времето ќе се навикнеш, секој почеток е тежок
Кој ти е класен? Ако имаш прашања за нешто слободно прашај тука. Немој да се префрлаш зашто овие 4 години ќе ти бидат најубави во Борис.
Види класен ми е Кристијан по музичко и најмногу ме изнервира тоа што сите ми зборат за борис лоши работи и сеа некако ми е непријатно кога учам !
@Bojanvli Не слушај ништо од тоа. Плус на правен смер си. Не дека економски е тежок ама сепак. Ќе си најдеш добро друштво, за учење не се замарај многу по многу. Кристијан е добар професор, сега за класен и не знам баш каков е. Кога ќе ти ги кажат професорите пиши ќе ти кажам по некој збор за нив.
Првиот час со Лилјана Јанкуловска помина во смеење. Солзи ми течеа. Женава се дрогира или што? Многу е смешна, ќе видиме понатаму. Читам многу лоши коментари за неа, воопшто не ми личи за таква
Добро во ред но сакам да прашам нешто денеска ми беше 3 ден од школо имам голем стрес,напнатост,срце биење ми фаќа и анксиозност не се осеќам убаво незнам зашто,ама дали е ова нормално?
Кико е душа човек. Мене лани ми беше класен. Не бегајте од часови тоа најмногу го нервира. Со вас ќе биде како другар и ќе ве разбира буквално за се. На крај на годината замолете го да зборува со некој професор за оценка и ќе се бори да ви ја зголеми оценката. Иако ви е класен, музичко ќе мора да учите, лекциите не му се големи ама ги бара цели да ги знаете. Нема да ви попушта за оценка никако. Се’ што те интересира за професори слободно прашај
И јас кога почнав во средно осеќав многу голема анксиозност, 4 недели плачев од кога ќе се вратев дома додека не заспијам. Многу тешко ми падна таа промена. Не се секирај, ќе си најдеш друштво, со сите колку можеш повеќе збори си, дружи се. Ако се договараат да одат некаде и ти обавезно да одиш секаде Ќе видиш како ќе си најдеш другар/ки. Ова ти е само период на промена, нова средина, многу нови лица и слично. Само гледај да и бидеш на добрата страна на Јанкуловска, иначе може лошо да заврши. Немој никако да се караш, да и противречиш. Како ќе каже она, така. Ако не и се понашаш лошо, ќе биде океј, ако те фати на пик тогаш многу лошо.
ХАХАХАХАХАХАХАХА маче жената е легенда и ќе се смееш сè додека ти предава. Ептен е откачена со нејзините т.н "анегдоти", ќе се смееш како таа се смее, а не дека кажала нешто ваууу хахахахаха. Ме потсети и мене сеа, сама си се смеам ко луда...... Уживај во најубавите моменти од Борис, зошто еве јас почнувам утре со факултет а веќе ми фали...