Особено кога ќе ги лапне рачките од наочарите а ти одговараш, па ќе те затепа една смеа на сред испрашување, абе врв ми беше ептен секој час кај неа, хахахахахахаха
Ама онака страствено ги лиже..ги шмука буквално..кој знае што си замислува во тие моменти Оди и остани рамнодушна на тоа
^Жената е легенда. Пред некој ден замараше една ученичка од четврта по телефон. И збореше глупости, ја отече 30 минути
Дамевска на тестови дава кратки прашања најчесто. Јас кога правев кај нејзе тест имавме кратки прашања во смисла „Што е БДП?“ и имавме две есејски прашања на истиот тест. Тоа беше за првиот тест, а вториот што го правевме второ полугодие сите беа есејски прашања. Се надевам ти помогнав и со среќа на тестот.
Нас ни рече дека немало да има со многу раскажување..ќе барала дефиниции, да наброиме нешто а можеби и да нацртаме графикон. Ама сепак сакав да знам од некој што веќе правел тест кај неа, иначе фала ти многу
Да, само дефиниции, графикони, поделби... 5-6 прашања дава. Има по 4 групи и дава различни во другите класови за да не си кажувате. Многу е срцка и попушта на крај многу. Ако си учиш константно ќе ти биде лесно и ако имаш одговарано и имаш 5 не правиш тест, исто и за било која друга оцена ако имаш одговарано и ако сакаш да поправиш, ќе правиш тест со другите ако сакаш. Исто кога има повеќе за испрашување знае да им даде на тие неколку писмено да раскажат и ќе стави оцена, ама ретко тоа се случуваше. Во секој случај учи си и ќе ти биде океј. Многу е срцка, ќе видиш.
Да не знае некој нешто за Валентина Костовска по историја е во Борис? Како да се учи кај нејзе, многу бара дека предавала и во Корчагин. Жената буквално на час не гледа многу лошо и само еден ученик го сака дека се покажува пред неа. Имам лош почеток со нејзе одма 3ка ми стаи, а не и ни докажав кога одговарав, па да не има некој некое мислење во врска со нејзе?
Мене ми предава, добра професорка, објаснува многу теорија али ако ја прашаш за нејасно ке ти разјасни, кога имамр вежби иде по список и сака да излезеш на табла барем да се потрудиш, не сака некој кога и одбива да стане. Тестовите не и се баш лесни, нема поправање од тест, активност бара, али ок е.
Мене ми предаваше 4 години од кои 3 години бев на полагање дури и 4та година ама не ми идеше многу математика, во глобала не е лоша професорка, добро предава и бара активности
Морам да искоментирам за Јанкуловска право. Жената е легенда Многу лесно става 5, многу интересно предава и дава кратки и јасни планови. Ама смеењето со неа е загарантирано! Обавезно кажува некоја глупост на час, МОРА да се слушне со внука и на Вибер, без тоа часот не може да и помине и се ќе направи само порано да ја кидне од работа. Ја обожавам
исто така кај професорката по право Радмила Куцуловска дали е лесно да се добие 5ка на крај или ? Бидејќи за полугодие за една тројка ме намачи многу.
Завршив лани во Борис, а Радмила ми предаваше во прва. Искрено принципиелна е, бара многу ама затоа и дава многу од себе. Биди активна, земи некој проект ако дава, одговарај повеќе и тоа е тоа. Зависи и од другите оценки на крај може и да попушти. Со среќа
Ич да не им е. Тоа е болештија бре. Мене најдобар професор ми беше Стеван Донев, нека му е лесна земјата. Ниновска беше онаа згодна, така малце... сексуљава? Економија? Па ја замени Рилкова банкарско после?
Нз, мене само пракса ми предаваше, доаѓаше со отворено деколте до пупак, бела панталона и танга. Неостварена желба е и да биде Рилкова. Ахххх таа чума- Рилкова! Појма немаат генерацииве дека може да пости вакво нешто од професор.