Не ми пренесоа како се вика(бидејќи не прашувам за мене па не ги знам точно имињата), само знам дека била постара жена, ќе се пензионирала за скоро. Нема по математика некоја таква?
Здраво, да прашам мислење за Фани по бизнис, Тања по деловно работење, Весна Вучковска историја и Ропеска германски?
Мирче обавезно кажува една недела пред тест. Ќе направите 4 теста во годината, секој е непосредно пред ставање оценки. Кога прави тест влегува точно само што ќе ѕвони, ви вика да кинете лист од средина, ве дели во две групи и пишува на табла по 5 задачи за секоја група. Задачите колку и да ти се точни ќе имаш 2, некогаш ако му се згреши 3. Ама ако излегуваш на табла цело време ќе имаш 5. Можете МНОГУ да препишете кај него. Од часови слободно бегајте, не се замара дали на часот има 5 или 25 ученика. Не запишува отсутни. Јас лани цела година имав 2, на час се појавував само кога правевме тест ама последниот месец од школска година го одев цел и цело време му решавав на табла и на крај ми стави 5. Ич да не му се плашиш, на тестови слободно цртај му нешто многу се радува на тоа, посебно на коли. Не седи во прва ќе те замара многу може и да те плука по малце. Не го гледај во очи бидејќи одма ќе ти постави прашање или ќе те извади на табла. Ако почне да ти се дере не се замарај исто како да не го слушаш и ќе прекине. Или ако имаш храброст врати му и ти и нема да те пипне цела година. Единици става често ама никогаш не остава на полагање. Еден може да ти лупне во секој момент без разлика дали си му згрешил нешто или не. Луд е начисто, ќе се смеете многу со него бидејќи многу избаци си има. Според мене е легенда човек, треба само опуштено кај него и ќе немате проблем. Час не очекувајте да губите, секогаш е дојден на работа и ако по распоред имате прв час со него тогаш е најрасположен. Ако имате од 2 па натака се дере многу пошо стандард некој ќе го изнервира предходно. А во глобала е фин човек, некоку пати го сретнав од почеток на годинава и ме памти и ми прави муабет
Некој ако може да ми каже за овие професори колку бараат,дали се строги. Грнчаров Устав Политима Англиски Борче Математика Ирина Македонски Кристијан Музичко
Устав зависи ако те фати на пик ќе те прашува секој час, ќе те тера и таблата гланц да му ја направиш има да ја бришеш и пребришеш 5 пати. Ама ако не те заѓнави, што беше случај кај мене, ќе те праша еднаш или два пати во полугодие и ќе то стави оценка и таа ќе ја поправиш или расипеш ако му текне пак на тебе. Знаење си бара ама во глобала устав е лесен предмет, треба сè со свои зборови да раскажеш. Кико музичко ми беше класен и е срцка професор. Бара онолку колку што имате запишано во тетратка. Мали планчиња прави, лесни и разбирливи. Тестови не даваше кај нас.
Па овој професор (ако може така да се нарече), затоа што воопшто и не предава туку диктира планчиња кои се идентични со тоа што го пишува во книга и сака да ги пишувате со брзината на светлината. Кај него е најважно првата оцена да ти е солидна затоа што најчесто истата и ја препишува, па голема е веројатноста истата оцена да ја имаш и на крај. На час си седи на телефон и ич не ве регистрира, а отсутни секогаш запишува.
Луѓе, дали некој знае што би се случило доколку не правиш тест кај Мирче? Односно да си отсутен дента кога правиш тест кај него?
Здраво!Сега сум 9то одделение и сеуште се немам одлучено каде да се запишам.Ќе може ли некој кој веќе е запишан во ова училиште ме интересира конкретно за правниот смер. Дали се добри професорите дали е многу стегнато и покрај сето ова дали ќе научиш нешто(или пак е многу лабаво). Благодара однапред!!!
Ако сакаш да научиш ќе научиш, инаку не се секирај најголемите единичари и бегачи од часови штом без проблем завршија.
Во Борис ќе видиш живот Сега нашето училиште се занимава со многу проекти и ако си активен и одличен ученик можеш да се вклучиш во проект и да шеташ и сертификат ќе си добиеш на крај. Јас досега сум била во Босна и Швајцарија, а планирам пак на некој проект да работам . Јас сум на правен и океј е. За учење се учи ама за разлика од порано малце е олабавено школото. Но како и секое школо има денови кога е стресно и сите ти се качуваат на глава . Мислам дека нема да згрешиш ако се одлучиш за Борис .
Соња Панева најмногу Инаку скоро секој професор има по некој проект освен постарите како Грнчаров, Наќева, да не ги набројувам сега
Сaкaм дa дојдaм дa ги видaм, aмa никaко дa се нaтерaм. Ич не ми текнa нa Соњa, aмa дa когa јa спомнa ми текнa декa и когa ни предaвaше нaс имaше некои проекти. Имa ли нешто ново во школово? Омилено место ни беше горе тоa стaклaрникот, зaлепен до пaрно и дреми. Евентуaлно од втори спрaт дa ѕиркaш доле кој кaде поминувa. Бифето дa не го отворијa? Психологијa ми беше срце професоркa Мирче ноќнa морa, a Грнчaров когa не терaше дa пишувaме 223 пaти декa не се доцни нa чaс ми се слоши И обaвезно родител дa дојде. Интересно ни беше, aмa ич не ми фaли. Јaс мислев декa ќе плaчaм по средно.
Во стакларникот сега има полици и таму оставаме книги на крај на година, прашина е полн и запустен Во школото имаме реновирани тоалети, црно-бели плочки нови чешми ама бидејќи сме многу културен народ уште првите два месеци ги упропастија . Цртежи, вулгарни зборови, врати горени и цигари. На се' личи само на тоалет не . Има и многу нови професори, а Мирче е легенда. Со мене беше добар зошто еднаш ми се развика и му вратив (не знам со која храбрсот ) и ден денес го поздравувам на улица или кога ќе го видам дека работи во гаражата и многу се радува кога ќе го поздравам, кутриот никој не му вика добар ден . Канурков уште е директор, не знам дали бил кога ти си учела ама човекот со ништо не се замара . Пред една недела ни забранија пушење цигари во двор и никој не го почитува тоа, па се откажаа од забраната . Бифето не е отворено, како магацин им е
Leleeee grncarov ne li e vo penzija. Aman za malku vo 4 ta izbegnav polaganje. Obrazlozenie ne mi stavashe ocenka preodna deka ne sum odela na praven faks. Abe sto covek ke beshe
@karak се' уште не е во пензија, мислам дека оваа година или наредната му се последни Јас немав голем проблем кај него, само во прва ми предаваше, а за четврта не знам дали ќе не земе и дали ќе работи уште догодина .