Суперр!Ти благодарам многу но ме интересира доколку дај боже го завршам правниот смер дали после можам да одам на факултет кој што не е правен евее на пример да де запишам Педагошки факултет(сеуште е рано но сепак..)Ти благодарам уште еднаш се надевам ќе добиам одговор повторно.
Повели и друг пат Секако дека можеш да одиш на кој факултет сакаш, гледај да бидеш одличен ученик, останатото е лесно Ако те интересира уште нешто слободно прашај
Ви благодарам многу! Ме интересира само уште едно прашање дали на правниот смер е многу насочено кон правото или пак да речеме во втора,трета година веќе се насочува кон правото?А да нели ако не отидам на некој факултет потоа кој нема врска со право да не ми биде премногу тешко.И колку поени ми требаат за да се запишам во Борис отприлика дали 65-70 се доволни?
Во прва година и економисти и правници учат исто, после од втора година се делат. Се учат правни предмети и имаш пракса од втора година ама во школо. Види на и на правен факултет да одиш пак ќе ти биде тешко. Секој факултет си има своја тежина, според мене средното образование може да ти даде основа за одредена наука ама она вистинското се учи на факултет
Грнчаров иде оваа година во пензија. Уште само малку и ќе се збогуваме од него. С Со 60 бодови можеш да се запишеш во Борис.
Уште ли бе Борис го викате? па дали е можно Пред 20 години излегов од таму и беше Васил Антевски Дрен
Во 4та покрај матурата треба да направиш проектна задача. Тоа ти е мало истражување ако може така да се каже на одредена тема по одреден предмет. Уствари сè ти е копи пејст од интернет. Бираш ментор од професорите и тој ти дава насоки како да изгледа проектната, како да ја средиш и слично. Во второ полугодие проектната треба да ја браниш пред комисија која се состои од професори и тие ти даваат оцена за истата. Пролетната теба да ја научиш убаво пред да ја браниш и на комисијата и е дозволено да ти поставува прашања, може некогаш и трик прашање са ти постави.
Да, остава. Ми беше класна, не се сеќавам дали имаше оставено од нашиот клас на полагање ама од другите класови имаше сигурно.
Здрaвo Oд септември сум првaче, нo сеуште се мислaм пoмеѓу бoрис (прaвнo) или медицинa (сестрa или лaбoрaнт) Прoблемoт е штo незнaм штo ме влече пoвеќе некaкo еднaкви ми се, пa би сaкaлa дa ми пoмoгнете oкoлу избoрoт (oд вaшa гледнa тoчкa-кoе е пoдoбрo?)
Не знам ништо за медицина ама во Борис се бара учење. Но, голема предност е што буквално после секој час имаме 15 минути одмор бидејќи професорите каснат и тоа многу . Предност е што Борис се занимава со многу меѓународни проекти и можеш да прошеташ низ европа, да запознаеш многу луѓе и слично. Плус добиваш сертификат кој е признаен бидејќи се работи за светски организации. Професорите посебно на правен смер се добри. Повеќето вампири што биле страв и трепет веќе се во пензија па скоро сите професори се малди и разбрани .