Во Борис има во прва и трета година. Нас во прва не однесоа во Охрид, сега во трета во Прага. Доколку се вклучиш во проекти ќе имаш и повеќе патувања за смешни пари или пак ич нема да платиш. Отвори на фб страната на Дрен и ќе видиш колку деца до сега имаат отидено во странство Во медицина има исто во трета година екскурзија, а за другите години не знам.
Здраво! Дали примаат ученици со помалку од 60 поени? За економско ме интересира Ве молам ако знаете одговорете ми
Прво ги примаат тие со над 60 бода, а ако не се пополнат сите 476 места ќе ги примат и тие со помалце.
А обично примаат со помалце? Знам дека зависи од комкуренцијата, но како е обично, да знам дали да се надевам
Зависи од конкуренција, ако остане некое место слободно ќе ги примат и тие со помалку поени. Јас бев со сите петки па пак бркав врски за да ме примат
Истото ќе ти го кажам што и Џон. Нема да те примат без врски со помалку од 60 поени. Ептен треба да немаат кворум, ама не се надевај на тоа. Сега се послаби, на времето беа скотови професорите таму. На никој не би му препорачала да учи таму што нема пари и врски, ужасно е.
Не е толку ужасно. Јас немам пари ни врски па супер ми е. Учам редовно и немам проблем. За да примат деца со помалку поени едноставно треба да се има среќа и мала конкуренција. Мојата генерација дека е најмала примија многу послаби Секако да се има врски е најлесно ама во борис и без нив може да се помине
Во борис можеш да поминеш и со препишување единствено да им оставиш впечаток на професорите да те сакаат.Мене секогаш ме гледале како добро девојче. Ама еднаш ми пукна филм и се испокарав со една професорка и она ја викна мајка ми. И тогаш и кажала јас ја гледам како препишува и ја оставив ми личеше на мило девојче. Ама она што пробуваше да ме убеди во нешто спротивно е тогаш скокнав од прва јас. Само да не се карате со нив иначе вака океј е Многу е полесно за разлика од порано.Не е толку строго. Има можеби само 2/3 професори што си држат став, ама јас бев фина со нив. А.иначе за уписот јас бев скроз одлична и немав никаков проблем, а другарка на пример што не беше нејзе не ја прими ја. Сега може да е сменето нешто, незнам.
Во Борис примаат само ако имаш од 60 поени па нагоре. Не ти требаат дипломи,пофалници и триста чуда. Врски има и ко што знам имало дури и порано. Повеќето професори се добри но има исклучоци. Ако учиш од почеток и оставиш впечаток дека сакаш да се бориш за подобри оценки тогаш можат да попуштат понекад. Дури и ако не си спремен а знаат дека можеш да научиш се случува да не ти пишат 1 и ќе те остават за следен час. Лесно е школото само ако константно учиш. За карањето мислам ако не се фер за нешто може да се побуните повеќе се цени да си искрен место да се улижуваш ко некои деца
Француски си е предмет како сите други. Не е тешко, не е нешто wow. Мене ми предава Сенка. Многу кул, млада професорка. Дава се од себе за да не научи нешто и никогаш не го трупа материјалот. Прави ептен лесни тестови. Има и друга професорка ама не ми предавала, така да не можам да ти кажам ништо за неа
Јас сум прва и сајам да се префрлам тука од медицинско, некако воопшто не ми се допаѓа. Ама не ми даваат од дома, вака го препорачувате школото, какви деца одат, се дружат ли
Срцка е ептен. Многу е фина ама мене не ми се допаѓа како предава. Ептен е статична и зборува со ист тон на глас, ти се приспива кога ја слушаш. За оценки лесно става 5 само треба да си учиш