1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТАТКО (канал 5 )

Дискусија во 'Канта' започната од Limpan, 23 декември 2022.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    3.733
    Пол:
    Женски
    ВЕРУВАМ ДЕКА ОНА ВО ШТО СЕ РАЗВИВАМЕ ЗАВИСИ ОД ТОА ШТО ЌЕ НЀ НАУЧАТ НАШИТЕ ТАТКОВЦИ ВО НЕОБИЧНИТЕ СЕКОЈДНЕВНИ МОМЕНТИ. НАС НЕ ФОРМИРААТ НИВНИТЕ СИТНИ ПАРЧИЊА МУДРОСТ “. – УМБЕРТО ЕКО

    Емин е реисот на семејството Саруханли. Тој е авторитарен татко кој силно се придржува до семејните вредности и традиции. Живее во мало гратче, води обичен и чесен живот заедно со семејството. Со Фазилет е во брак 47 години, имаат три сина и една ќерка.

    Јашар е најстариот син на семејството Саруханли. Оженет е со Бинур и имаат две деца. Тој е послушен, многу ги почитува своите родители и никогаш не се противи на нивните одлуки.

    Сервет е вториот син на семејството Саруханли. Оженет е со Шахика, но живее во истата зграда со неговата поранешна сопруга Муневер, со која ја има ќерката Кубра.

    Кадир е најмладиот син на семејството, тој е единствениот кој има диплома за завршено високо образование. Се грижи за својата независност но и за целото семејството, а поради тоа често е во конфликт со својот татко.

    Бушра е нивната единствена ќерка. Таа е мажена за маж кој не го сака. Трпи физичко и психичко насилство од сопругот, но не може да се разведе само затоа што нејзиниот татко не дозволува таков срам за семејството.

    Едноставниот и конзервативен живот на семејството Саруханли ќе се промени од корен по авионската несреќа во која ќе загине цела фамилија Саруханли, односно фамилијата на неговиот единствен брат Мехмет Али Саруханли. Емин станува единствен наследник на огромно богатство. За да им пружи добра иднина на своите деца, тој со тешко срце прифаќа да се пресели во Истанбул и да ја преземе контролата врз конгломератот Саруханли.

    Ја гледа ли некој серијава?
    Што мислите са серијата?
    Се емитува од понеделник до петок во 22:45 часот.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.