ТВ - Водители

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од vendiii, 5 декември 2011.

  1. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Игор Џамбазов е врвен водител, кој бил и ќе остане најпочитуван. Човекот има шарм, знае да се изрази на свој начин, има смисла за хумор, роден е за тоа, што се вели. Мојот омилен, иако е веќе постар.
    [​IMG]

    Од младите, најамбициозен ми е Жаре. Абе дечкото има талент, како модерна верзија на Џамбазов ми е. И да се нашали и комуникативен е. Симпатичен е многу. Се надевам дека уште долго ќе го гледам по телевизииве со негови емисии, интересен е.
    [​IMG]

    Ивана и Ненад исто така, многу ми се сипматични. Многу сакам да ги гледам, особено кога заедно водат емисија. Се надоврзуваат еден на друг.
    [​IMG]

    Тања е родена за да води вести. Убава и средена жена, многу ми се допаѓа!
    [​IMG]

    Чомовски.
    Чуму, и се е кажано. Само што ќе му го слушнам гласот ми се врти, одма менувам канал! :puke:
    [​IMG]

    Жаре Бербер е приказна за себе. Многу се фура, мисли којзнае кој е, како мапет шоу ми е.
    [​IMG]

    Лила па, само се препичАва пред камери. Многу ми е антипатична и целата е вештачка.
    [​IMG]

    Да го додадам Александар Блажевски во групата на оние антипатичните. Многу ми е некако флегматичен. Глуми некој си вицкаст, а господин, абе скокотни ме да се насмеам. Се умиШЉава дека е некој кој е создаден да води квизови, ама не да е досаден, глиста.
    [​IMG]

    И да не заборавам да го додадам фамозниот Драган Вучиќ. Со самото име, се е кажано. Плати па клати, што би рекле кумановци. Само плаќа да се збута и да води некоја емисија. Како теткица ми е. |(
    [​IMG]

    Има малку повеќе водители кои не ги поднесувам, отколку оние кои ми се допаѓаат, ама глеам напредуваме и во таа област полека, полека. Се надевам на младиве генерации, ги бива! :)
     
    На cresa-jagoda, Elennaa и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  2. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    [​IMG]
    Срце,многу е мил :)
     
    На Victorian, eliesaab, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Токму такааа ;) Овој пак Александар Блажевскии нај неподнеслив ми е :puke:
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    НаЧинот на кој што зборува и гримасите :smirk: ...ОУ НОУ! :shake: Некој чуден иритирачки начин на изговор на буквата Т, претерување...
    Водителката на ЖивотСоСтил
    [​IMG]
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Живкица Ѓурчиновска, водеше еден квиз на Алфа ТВ, таму константно ја пратев. Ми со допаѓа.
    И Игор Џамбазов.

    Најантипатични водители ми се Тони Михајловски, со комбинација со оној Дејан, на времето водеа емисија 'Опуштено', Александар Блажевски, Драган Вучиќ, Иванна и Ненад од 'Ексклузив', Мелита и тимот од 'Summer Club', Латас(досада невидена), Натали, Ивона Талевска.. ги има многу..

    Лила, е некаде измеѓу. Пријатна е за око, ама воопшто нема вокабулар.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Во последно време некако конкуренцијата се заостри.На македонскиот етер дојде и квалитет,но пред се мислам дека квантитетот преовладува.

    Жаре(еден на еден)баш ми е о.к типот.Што и да води некако интересен ми е.

    Игор Џ(Веќе стар и тотално промашување со ЏИШ.СЕпак стар лисец е Игор и апсолутно е меѓу најдобрите водители во Мк)

    Симона(Бекстејџ)Навистина шармантно девојче,кое не се прави важно и секогаш е интересно да се гледа и слуша

    Лила ми е исто така интересна,мада некако се исти емисии води и веќе ми станува досадна.

    Глигор Митковски Вози велосипед,а со него сум имал прилика да возам неколку пати.Најомилениот лик на мајка ми.Она што мене ми е Џесика Алба,тоа и е на мајка ми Глигор.Во реалниот живот исто така подеднакво добра и карактерна личност.

    За овие левите т.е оние кои од кои веднаш ми пука главата да не почнам да набројувам.

    Најдосаден ми е Жаре Бербер заедно со ТОни Михајловски.Вакви суштества треба едноставно да ги снема од екраните.
    Јанко.Психички пореметена личност.

    Саше политико исто така тупичко детенце.Речник или што би рекла феминката погоре вокабулар рамен на 0.
    МИленко.Доказ дека имаме и попови на екраните :puke:

    Има уште многу,ама во некоја следна прилика.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    3.181
    Ја никаде по форумов не можев да најдам соодветна тема, па ќе прашам тука: Дали некој знае зошто во последно време отворената (утринско-пладневна) програма на КАНАЛ5 е многу ослабена? Некако, чудно... Ја скратија за 1 час, порано траеше до 14 часот, сега до 13. Некако се` е набрзина, порано имаа повеќе гости, повеќе енергија во студио, јавувања, награди... Сега онака, брзо, скратено. Имаа интересни приказни од секојдневието на луѓето, гости со разни проблеми, луѓе кои бараат помош од државата и донации... Имаше и емотивни моменти до бескрај... Па имаа некои фини рубрики, баба Рада ја вклучуваа од домашна атмосфера, на пример... Еве, сега петок е, а веќе во 11 часот има некоја емисија за земјоделство, тотално термин кој не е соодветен! Се осеќав ко да е недела, а не петок! Па дајте нешто разиграно, фино, петочно, предвикенд расположение! Наместо во петок да имаат најфина програма, тие немаат ништо!
    Не знам, може само мене така ми се чини, ама дефинитивно нешто не штима, барем не е како порано. А, според моето мислење, далеку подобро беше порано, него ли сега.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.471
    Допаѓања:
    37.709
    Пол:
    Женски
    За мене број 1 е Игор Џамбазов. Феноменален водител. Без разлика на проблемите што ги имаше, не го сменив мислењето за него.

    Татјана Стојановска - најдобра презентерка на вести и водителка. Ја имав таа чест да ја запознаам лично. Една од ретките презентерки која ја користи граматиката на нашиот јазик.

    Драган Вучиќ - на мене ми е ок. Иако повеќето викаат дека е сељак, на мене ми е интересен.

    Ирена Спировска - една од најдобрите водителки. Знае да води емисија, културно се изразува. Знае како да разговара со гостите во емисијата.

    Јелена Спенџарска - просечна водителка. Има моменти кога не знае да се изрази како што треба. Ме иритира и нејзиното смеење.

    Милена Антовска - за неа го мислам истото што го мислам и за Ирена Спировска.

    Ненад Ѓорѓиевски - премногу забавен тип. Секоја емисија со него ми е интересна.
     
  9. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Само Дебарлиева од квалитетните.
     
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.956
    Допаѓања:
    48.245
    Пол:
    Женски
    Тв водители зависи кој за каков тип на емисии.

    Игор Џамбазов шоумен еден и единствен и после толку години сеуште незаменлив.

    Презентерка дефинитивно Дебарлиева, жената има толку смирен и пријатен глас, говор на тело, држење што и најголемата лага да ја каже мислам дека ќе ја прифатам за вистина.

    Контактен водител Роберт, знае човекот како да се снајде со гледачите кои се јавуваат во живо, знае успешно да се справи и во непријатни ситуации.

    Квиз шоу само Дејан Лилиќ и Трендо, Лила ми е толку досадна, здрвена, нехаризматична, катастрофа жива, како само успеа толку години да го води тоа шоу не ми е јасно, значи не ја бива, подобро нека води некоја емисија за стил и убавина, мислам дека далеку подобра би била.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Лила и Драган Вучиќ ги имам видено во живо.
    Лила случајно ја сретнав со Сергеј на плажа во Грција. И вака да ви кажам ок изгледа.
    Мислев дека така само пред камери ја шминкаат претерано. А Драган го имам запознаено во емисијата среќни луѓе. Тогаш учествував и јас кога беше актуелна. Ептен нашминкан беше. Не можам да ви кажам каков е. Ама жално што е починат.
     
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.371
    Пол:
    Машки
    Лила Филиповска е моментално најдобра водителка што Македонија некогаш ја имала.
    А оној канаринецот од Штип, Миро е најлошиот водител што Македонија некогаш го имала.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Loving boy

    Loving boy Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    117
    Живкица Каленикова е најдобра водителка.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.084
    Пол:
    Женски
    Миро не го бива.
    Ненад е ок.
    Лила претерува понекогаш со коментарите за натпреварувачите.
     
    На Tanjamm и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.371
    Пол:
    Машки
    Не претерува. Пред да почне снимањето ги прашува сите што сакаат да ги прашува во емисија.
     
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.084
    Пол:
    Женски
    Сум била во поддршка, знам.
    Ама, на некои им коментираше за висината.
     
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.371
    Пол:
    Машки
    Лила професионално си ја тера кариерата. Знае кога/како/што да ги праша, без да ги навреди. Знае да се снајде во тешки ситуации, во приватниот живот не се бламира и во интервју знае што ќе каже. Знае одма да врати/исправи, без заостанување/молчење.

    Кога збориме за професија ,,водител" се гледаат неколку работи, а не само дали е нашминкана.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.084
    Пол:
    Женски
    Епа некои ги навреди.
    Не сме сите исти.За тебе нешто не е навреда, ама за друг е.
    А, за бламови очигледно не си ја прател добро старата тема МЈФ на форумов. :D
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.956
    Допаѓања:
    48.245
    Пол:
    Женски
    Лилаа е цел живот на естрадата, искуството веќе ја научило како да се однесува
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.371
    Пол:
    Машки
    Кој се навредил толку? :worried:
    Добро, не може да е се под конец. И најуспешните некогаш потфрлуваат.
    Ја пратев МЈФ до тужбата, после тоа не ја пратам веќе. ;(:D
    Знам дека имаше еден испад со Боки 13, ама сето тоа е во сенка поради нејзината професионалност во работата што ја работи. Луѓето веќе и заборавија на тоа.