Зарем уште се емитува таа глупост со кутиите? Боже... Последен пат го видов тоа во 2013 и си реков нема шанси ова да седам да го гледам.
Ако нема доволно хумор во емисијава, не знам каде има. Лила често ги прашува играчите за некои нивни интересни случки во минатото, кои 90% од тие случки им се интересни и смешни.
Јас немам ни идеја кои се јавни фаци во мк, освен оние што беа актуелни до 2010., па така и водители ако има нови, најверојатно не ги знам. Не следам мјф на социјални мрежи, и не гледам глупави емисии на тв. Постојат подобри и поубави начини да се поминува времето. Само политичарите и политичките новинари ги знам, но ни тие не ми се требни, камо ич да немав поим кои се А да, ги знам и оние што се поврзани со фудбал и поретко други спортови.
Мнозинството се слаби, а мал дел просечни водители. Не персираат, зборуваат на скопски дијалект, а не на литературен македонски јазик и најчесто поим немаат од материјата за која зборува гостинот. Денес барем е лесно да се информираш. Ако некој импровизира тоа веднаш се гледа.