Простотилук невиден. Тоа само. Ова им беше една стварно глупа и непотребна постапка. Кој кретенизам човече. *Падна авион, се деси несреќа, чекајте ќе ве известиме - КРАЈ*. Што е следно?
Глупа или не, само реклама е, повеќе не го коментирам тоа. А се надевам дека најавата е навистина за Изгубени како што се збори. Е таа серија во програма веќе би било потег
Епа ај те молам,ова објасни им го на бабите и на дедовците..Мојата баба дури и на телефон ми се јави да праша што е ова.. Јас и кажав фино,лепо дека се работи за глупост. Во секој случај не ја оправдувам постапката на КАНАЛ5. Половина од луѓето се сеуште збунети..и не сватиле дека се работи за итра постапка од страна на телевизијата. И да..и што ако..вечер имаат најголема гледаност на вестите ?? Ништо. Пола од луѓето се стресоа,за најавата за нова серија. Што и да кажете,мене ова не ми личи на нормално.
Хахах..Огненија ме пресмеа.. Па јас и онака не ги гледам..само за една серија. И баш ме интересира што ќе кажат на вестите..се зафркававме..нема авионска несреќа..што ли ќе измислат..ова дефинитивно било планирано денови однапред.
Публицитет добар или лош, е сепак публицитет. Вечерва сигурно не, но утре од рани зори пак ќе ги гледаме. Сепак лоша лага, вистина, смисла за хумор, промоција, реклама... што и да е.
Само да не е Лост... омилената серија... ќе ме тераат пак да ја гледам, а тв слабо гледам, освен серии, документарки и филмови
Овие не се нормални бе! Прости, никакви Па прв братучед на дечко ми со жена со деца си тргна од Австралија денес, се преплашивме сите после ова! Немам коментар, се’ би сфатила, ама не може некој да ми убеди дека ова е нормално...
Сара знаеме ти зашто се лутиш, Хурем ти ја прекинаа. Во тие 5 секунди додека ја кажува веста мислам дека им се скрати животот на сите што испратиле денес некој со авион. Ама па на крајот луѓе апла се гледа дека е измонтирано кога ќе се исклучи рефлекторот. И јас се стресувам секој пат кога го гледам Латас на вести, па што ако..
Можам да замислам колку луге се јавиле на аеродром да проверат за што станува збор. Прво си помислив дека се работи за несреќа на некој политичар или така нешто ама после си претпоставив дека е некоја шала кога видов дека пишува ПРОМО. Да биде уште појезиво додале морничав крик. Без памет сте Канал 5!!! п.с. го добија канал 5 тоа што го посакуваа, да биде најозборувана вест денес,утре... ама негативно секако
Вонредни вести: СРД ја затвори Канал 5 телевизија Советот за радиодифузија и ја одземал лиценцата за работа на телевизијата Канал 5 откако истата вчера направи паника меѓу граѓаните со невкусната шега за наводна авионска несреќа со која сакаше да промовира нова турска серија Неофицијално дознаваме дека касно во текот на ноќта членовите на советот одржале седница на која во раните утрински часови донеле одлука за одземање на лиценцата за работа на телевизијата Канал 5 откако истата предизвика паника кај граѓаните со лажна вест за авионска несреќа. Повторуваме, Канал 5 е затворена. Според анонимен извор, одлуката ќе биде соопштена денес од страна на претседателот на советот на прес конференција во 12 часот. Изворно
ајдеееее и канал 5 ли ке го затворат, навистина им беше невкусна шегата, ама можеле барем казна да им лупнат и привремено да ги затворат, недела - две инаку не се работи за серијата Изгубени , туку за некоја турска серија Крај, во главна улога е Џенгис од Езел
Леле не дај Боже некој мој да патуваше во тој момент со авион некаде, аууу имаше сите да ги стрелам!!!!! Е сега ова со СРД вистина е или уште една невкусна шега?
Како затворена кога има програма? Една по една изгледа на крај само со Сител ќе си останеме, слушајте што ви викам.