Како прво да кажам дека ако пречи темава или админите одлучат да не постои слободно нека ја заклучат. Поентата ми е конкретно за српските малограѓанштини што Тв Сител ги презентира кај нас. Искрено мене ми се лоши и се ужаснувам кога ќе ги видам оние од типот на "Мењам жену". Сега гледам повторно почнаа онаа серија Сељаци да ја емитуваат. Искрено, се ми е колку-толку сварливо ама неможам да ги поднесам оние југословенски филмови во кои главна личност е Лепа Брена. Ужас. Што мислите вие?
За ова се согласувам. Во последно време најубаво нешто на Сител беше Призн Брејк (ах тој Мајки ) А тие филмови не ми се сварливи ужас, па сите серии (ај нив секаде ги има), мењам жену -фрлам понекогаш окце само колку да видам какви се на будали има, па бројки и букви леле ќе се расплачам од тој глупав квиз, топ-шоп и дормео само нив ги вртат на секои 20 минути, Бекстејџ , Жаре-маре ........... Им признавам само Македонски Народни Приказни,Бумбарот(смешни ми се кога се препукуваат) и Нинџа. Ништо друго
Мене не ми е јасно која цел конкретно ја има Мењам Жену ? Тоа е тешко исмејување врз жените. Да сум маж и да си ја пратам жената кај друг една недела за пари!!! Па тоа ти е исто како проституција. И нашиве паметни тоа го емитуваат. На пинк или рандом српска телевизија да не емитуваат нешто наше?! Ние сиот шунд од таму го прибравме и го сервираме. Воајеризам страшен е тоа. Ужас!
Тоа со менување жена е превземено од американците (што е нормално за србите да превземаат) само што американското е многу поинересно. Инаку не памтам од кога не сум гледала сител. А што да гледам?
Сител ми се чини стана српска програма Само некој српски филм има кога и да пуштам на сител.Пак тоа мењам жену ми е апла сељачко.Мислам луѓе дајте ви се молам кажете ми дали некој културен,фин човек сте виделе во емисијава или се некој сељаци од некој места богу иза леѓа си ги менуваат жениве?
И мене ми е многу проста таа емисија „Мењам жену“. Тоа ти е типичен пример до каде се може да одите човек заради пари. Инаку не гледам многу телевизија и не можам да коментирам на која што се емитува. Знам дека на сител е „Бел бумбар“ која ми е интересна емисија
Мењам жену се сељаци од село кои ги третираат жените како некоја простачка,само за да земат пари. Баш секогаш коа ќе фатам гледам дека се некои кокошки ранат, свињи ранат, чистат штала... На сител гледам само Бандини, и се нервирам бидејќи повеќе време даваат реклами, него серијата
Таа емисија Мењам жену е нешто најидиотско на планетава. Зборевме со мајка ми, викам би се пријавила и кога ми упати еден поглед, мислам ќе ме убиеше! Си го покажуваш домот, семејството, целата интима изложена пред јавноста, која болест. Тв Сител има многу лоша програма. Тоа го мислам уште од Вашите 5 минути. Многу слабо даваат асални серии, многу кич, премногу српски филмови и емисии, а и тие малку што ги има - пак имаат некоја блага жичка која ми оди на нерви! Баба ми и дедо ми гледаат Бумбар, ајде да не го навредувам него, вестите им се ужасни, Латас - посебна приказна, Бекстејџ - бетер. Кој те шиша и Жаре - оф мори мајко, а да не почнувам за Ивона Талевска - антипатична, одвратна, никаква. Со еден збор - лоша тв.
Тапа е Сител. И со овие последниве серии ептен го затупија. Не знам од кога не сум гледала нешто на Сител.
Единствено нешто што гледам на сител е Бандини. И поради тие српски бљувотини ми го доцнат филмот. Или додека вртат реклами што има следните денови Барем еднаш во неделата мора да има филм од оние југословенските. И ептен ја претеруваат со филмовите со Џеки Чен и Брус Ли. Побогу, 21 век сме, уште какви ти не филмови излегоа они уште ја тупат со тие од пред 100 века. Едно време уште во екот на шпанските серии ја отупеа со крадење серии од ТВ Пинк. Незнам дали имавте забележано ама која серија и да ја даваат на Пинк по некое време почнува и на Сител. Ужас, целата програма им е ужасна. Се е превземено од српските телевизии најчесто од Пинк.
Да да даваат сеуште од тоа српските, иначе да кажам дека не гледам многу ТВ само Бандини (кога ќе начекам) и тоа па баш на Сител се погоди Тапа ми е многу како телевизија ама тоа е повеќе преферирам да гледам discovery travel and living , fox, fox life
Исто! Не можам да сфатам која им е поентата со прикажување филмови од Југославија.... можеби газдата им е ептен останат во тоа време Шо да додадам друго... тапа се!
Со овие Мењам жену пак и тие комунистичките филмови од Југославија и овие со Брус Ли се веќе доооооосадни ептен Само ми се допадна Жикина династија што ја даваа И најмногу ме нервира тоа што кога ќе почнат една серија никако до крај да ја дадат ....... чист пример е Бегство од затвор а пак едната серија што почнав секоја епизода да ја гледам беше Три Хил и почнаа па негде до 20 епизода ја прекинаа, па пак почнаа одново ја прекинаа нормалноооооо и на Сител 3 мислам ја фатив пак некоја епизода и помина 2 сезона пак и таму не ја даваа ............ мислам алоооооооооооооооооооооо бре што тв оваа вашата???? Ако даваш нешто давај до крај не се зезај со народот А јас пак умирав да го гледам Чад Мајкл Мареј
Во секој случај сител е многу пропадната инвестиција, можеби беше 2 ра ТВ во МКД, но сеа дефинтивно е последна, изгубија многу добри фаци-водители како Марија, и ги ставија оние кој немат блага веза од живот. Во Секој случај , кога нема што да се гледа на другиве ќе ја поминеш Сител
И термините не им се во ред. Пример пишува дека ќе почне во 21:15 а почнува половина час потоа! За никаде, се им е испомешано...
Од Сител гледам само Бекстејџ,Бандини и мајка ми вести.Гледав Жаре зоште ми беше смешен и ме расположуваше ама заврши.А и да бројки и букви квизот ми се свиѓа за тепање време зошто во тоа време нема ништо на телевизииве. А иначе оние филмови од на Дедо Ное векот,турските серии и слични глупости им се тежок промашај
Одамна не сум гледала нешто на Сител, а нема ни да гледам. Сељачка телевизија, со уште посељачки програми и новинари.