Некои постови овде не ми се јасни. Велите дека Сител не ви се допаѓа ама ги следите сите турски и индиски серии на неа.
Па затоа што гледаме сме ја отвориле темава и коментираме. Сигурно нема да пишувам за некоја програма што воопшто не ја гледам. Тоа значи немам поима за неа и каков распоред имаат и немам што да кажам. Овде има што да се каже.
Мене сител како телевизија не ми се допаѓа. Некако сите ми се уфилмани и дигнати. Не се пријатни за гледање, а и програмата не им е баш добра.
Според мене неверојатно досадна телевизија. Емисиите се крш. Водејќи се од тоа кои се се водители. Ќе речеш Жаре, правиш со прстињата ножички и јасно е за каква телевизија станува збор. Од Бекстејџ до Велики брат, мене ми е тотална утка. Во последно време најмногу ми шеткаат по нерви филмовите од време на баба ми. Ја сфативме поентата откако ги емитуваа еднаш, не мора 10 пати.
Моментално гледам КОЈ ТЕ ШИША гостин е Боки..КОј му е филмот ни самиот не знае се прави србин.. уппссс грешка СРБИНКА Колкави силикони си ставил во таа уста
Сител како телевизија и не ми се допаѓа многу. Пред се не дека неможам да го смислам оној Латас,али неможам да разберам како он заедно со колешката негова од вестите можат да се однесуваат толку несериозно.Посебно он. Зашто како што сум забележала Латас не чита од идиот па така си прави разни приказни и глупости ко да води забавна емисија или некое ток-шоу а не вести.И неговата колешка која не и го памтам името си се смее на сред зборување.Не дека сето тоа нешто ми пречи,али сепак не е воопшто професионално нивното однесување.Дека е и премногу иполитизирана,на некој начин сите се. А и сериите што неможат на прсти да се избројат..........без зборови
Не ми се допаѓа оваа телевизија поради претходно споменатата Непрофесионалност од вработените и несериозноста исто така...ретко ја гледам оваа тв
Катастрофа се последниве неколку години порано имаше добри серии сега само индиски и турски и по сто пати репризи даваат Ништо не гледам на сител само вести понекогаш гледам да се насмеам, да видам дека не е се така лошо во државава наша, се цути, се е розево, волшебно, фантастично Порано гледав луди 70ти ко играја и то....
Не ми се допаѓа тоа што се како српска програма. Од бекстејџ се што информираат за Цеца и дружина, Све за љубав,Мењам жену до оние српски партизански филмови од кои косава ми се крева кога ќе ги видам (нешто вака ) се им е такво српско, немаат нешто квалитетно,ниту филмови даваат само некои од порано. А сериите да не зборам Малечката невеста,турскине не не премногу ми е тоа.
Искомплексирана телевизија(читај уредништво),со програма 0,која најверојатно едвај чекаше да ја затворат а1 па да дојдат нејзините 5 минути Дневникот го преместија во 19 часот слушам ќе ја давале Кога лисјата паѓаат...фотокопија бе. Инаку што да коментирам,побогу, не гледам вести во кои се ни е розово во политиката,Бандини,црно-бели бумбари,а уште помалку бекстејџ или мењам жену...значи-Мењам канал.
Телевизијава ми е рамна на Шутел и БТР Кога ќе ги видам глумцине од клон, Принцези, Невести и не знам кој уште ми е јасно дека само проста маса може да откупи такво нешто и да го емитува.Жими Браќа и сестри што почнаа да ја даваат, ама нормално нели, во никаков термин. Не знам ни како не им е срам и незгодно сега да се силат, кога им ја нема конкуренцијата, каде беа тогаш да даваат вести во 7 или знаеја дека никој нема да ги гледа.Од водители, до програма и емисии се ми е просто и за никаде во телевизијава и жалосно е што сега, претпоставувам, на прво место по гледаност
А сега реално Немаат понуда генерално сите за да ме привлечат ама еве што највеќе ми смета ... Нема цртани филмови Нема добра филмска понуда , ја отекоа со оне српскине од 1960 Нема документарни филмови тоа е сведено на 0 Има преееемногу ефтини сериии , Индиски , турски , бразилски , шпански што е многу , многу е ! Уствари кога ќе подразмислам од дентот т.е нивната програма 70 % се серии и 30 вести Нема спорт Никаков ... Не ја земаа ни Премиер Лига јас заради ова ме држеа како гледач . И тоа некои емисии демек се , се земани од Србија , Хрватска , Бугарија own: дот лајк ит
Абе добра си е телевизијата, само што ептен го отупуваат со турски и бандиниски серии. Гледам чат-пат по нешто.. Не сакам да мешам политика, ама само А1 даваше и цртани, и тинејџерски серии. И по некоја англиска комедија. Помалите деца, па и како мене ( ) немаат програма за да гледаат цртани, на бумеранг овие, се се некои глупави, да не речам страшни. Сега помалите деца, гледаат Полат, нешто мафијаши. Наместо Том и Џери, ама тоа е. Да се фокусирам на Сител, сега мислам дека гледам само Клон, и многу ретко Мењам Жену.
Е коса ми се крева кога ќе ги слушнам Латас и Ивона Талевска и нивното смеење на среде вести. Многу ми антипатични бре луѓе А сега сител се најсреќни, немаат конкуренција, ќе го залажуваат народот со бумбари, пајаци и други инсекти. Ги мразам оти го отпавеа народот со индиски и турски серии и нивната сихронизација. А тоа што се како македонски пинк не го ни коментирам,нивните емисии од типот Све за љубав, Мењам жену и компанија можат слободно да ги вратат од кај што дошле. И на крај сител нема со што моето внимание би го задржале кај нив.
Најмногу ми сметаат индиските серии и филмовите од пред нашата ера. (мислам дека веќе не ги даваат, фала богу) Моментално гледам Браќа и сестри само ама терминот е... заникаде, се надевам за брзо време ќе го сменат. Ах, да, сега и Лисјата ќе ги даваат, па и тоа ќе гледам. (ако им текне да го земат и Долина на волците, и тоа ќе гледам ) Вести не гледам, нема да коментирам. Српските емисии исто не ги гледам, ама безвезе е што сите, баш сите шпански сапуници и емисии ги земаа од Пинк. Турските ги даваат и на другите телевизии, веќе ми се ОК. Понекогаш даваат интересни филмови, ама понекогаш.
Оваа теевизија ми е без никаков концепт...само турски и индиски серии...нити цртан да видиш,нити некоја интересна емисија,ама нема баш ништо...затоа никогаш не ја гледам
Онака е! ни предобра ни прелоша..го тупат со индискиве срања,синхронизирани турски бајки,и мексички тралалајки! фала богу им текна да ја земат Браќа и сестри,каква е-таква е бар америчка е! да се подобрат во давањето филмови,некоја емисија добра треба да се направи..има многу работи што треба да се подобрат!