Луге што се случува цела програма од А1 ке оди на Сител Macedonian Idol Едно прашање до сите фанови на Македонскиот Идол, кога веќе Сител ги зема "Кога лисјата паѓаат", "Долина на волците", наскоро "Солзи на есента", па дали сакате и Macedonian Idol да се емитува на ТВ Сител??
Среќа што се затвори А1 !!! Иначе Сител ќе немаа што да прикажуваат !!! Иако, во последно време нагло почнаа да копираат од А1. Сите филмови ги превземија, и тоа со јаки најавни шпици: `најгледаната серија во Турција`, абе немој, вие ли ќе ни кажувате што серија е тоа, а до вчера на А1 ја гледавме. Реклами имаш за извоз. Ниту една не е вредна за гледање. Се` живи глупости. Немаат филмови, докумантарни емисии, ниту една емисија (или да ја рачунаме Бубмар? ), никаква музика, никакви шоуа, спорт, цртани филмови ама баш ништо. Затоа за мене Сител не постои, и е ставена на последните канали на тв!
Попрво би сакала да ја затворат Сител него ли А1....Филмовине што ги даваат се од времето на дедо Ное,не ни имаат емисиии ма катастрофа
значи уште некој минут до 22 часот имајте занимлива ноч, сакајте се, и секако испратете ги вашите деца на спиење па прајте што ќе прајте.. значи! убиство немам што да кажам, нема смисла само ако на сител више почнале со српски серии нека ја пуштаат она бела лаџа како и да се вика да се смеам малцее
Намерно ја барав темава зашто негде морам да се изјаснам! Откако се затвори А1 Сителовци добија работа! Рекламите се префрлија таму, сериите, емисиите... Се што можеа да откупат, откупија! Додека функционираше А1 се натпреваруваа со неа во гледаност! Сега со Канал5 се сјадоја. Ама не е тоа она што ми пречи. Всушност и не ми е гајле дали се фатиле за гуша или не! Едно ме револтира: предолгите реклами! Јас сум човек кој кога ќе седне да гледа филм/серија сака да го гледа исклучиво тоа! А вака, јас гледам половина време реклами! Додека траат рекламите јас одам до продавница, купувам, го јадам купеното, а тие уште траат. Ова ми се случи баш вечерва! Сфаќам маркетинг, сфаќам од реклами живеат, сфаќам се, ама ова е без осет! БЕЗ ОСЕТ! Гледам серии и признавам дека сакам да ги гледам на ТВ, а не да ги гледам на интернет. Преферирам да ја чекам секој ден новата епизода отколку се да видам оддеднаш на интернет. Ама со рекламиве се губи смисла! Па еве пр. Љубов и Казна. 15 минути од претходната, реклами, 15минути нова, реклами, пак 15минути нова пак реклами, 15 минути за утре и толку! А трае два часа! Значи еден час серија, еден час реклами! Претеризам! Им пратив и е-маил кој знам дека е безполезен и затоа сакав негде да си се искажам! Го кажав истото и во меилот, само нормално, на поинаков начин, ама какво фајде ќе има? Како да им е гајле за гледачите!
Дај боже не само ТВ Сител туку и сите приватни телевизии трајно да изгубат лиценца за емитување на овој турски отпад што го сервираат како: Солзи на есента, Кога лисјата паѓаат и други фамилијарно растурачки серии во 1698 епизоди, без поента, со трагикомична синхронизација, кои имаат за цел да ги разболуваат и умираат главните ликови, потоа со чудесни методи да ги оздравуваат, да ги патетизираат свекрво-золво-снајските односи и да ги проектираат како единствена реалност во ова ионака зачмаено патријахално-демократско секојдневие. Да им го перат мозокот на нашите родители, да ги тераат да се лепат за телевозор од 16-23 часот, и да мислат дека Али Риза е пример за прав маж. Цветанка Ласкова би ја пратила на трајна рехабилитација заедно со Латас, на едногодишно секојдневно 24 часовно читање на Космос од Карл Саган со трајна забрана за пристап до друг медиум за комуникација. И во Македонија со декрет да се нареди на секој граѓанин што повеќе од еден саат годишно поминал на гледање турски серии, реципрочен број на саати да мора да помине во општокорисна работа. (мало појаснување: Си лежам болна со температура, моите наместо да дојдат пред еден саат кај мене да ме видат како што ветија чекаат да си ја догледаат серијата - оваа горенаведената - гарант ќе се појават 15 минути после завршување на истата. Ете како се одразува ова на секојдневието.
Во сабота и недела програмата им е ужас Иако секој ден ги гледаме репризите на сериите, во сабота и недела строго мора уште еднаш да се повторат. Од 2 до 7 само репризи на турските серии. Зошто не дадат некоја поучна документарна емисија туку само ефтини индиски и турски серии?! А за индиските серии да не зборувам, нема епизода во која нема рикање, плачење и секакви крици што ме ме излудуваат. Посебно ке нагласам дека синхронизацијата на Долина на волците е КАТАСТОФА! И зошто го даваат преку ден реприза? Нели не беше за лица под 16 години?! Што мислат дека ако стават малку замрчкано на крвавите сцени ке биде океј тоа?!
Ако толку се запнале за серии, можат фино лепо да откупат американски, малку ли има убави?! Ете ако им се скапи не мора најнови да гледаме, ама има и многу други кои се веќе завршени, сепак не толку стари и сигурно поевтини. Ја даваа Браќа и сестри во 12 ноќе Исто и Rules of engagement.И не ги ни дадоа до крај. А со турските и особено индиските го отупеа, ама стварно. Ако немаше кабловска, немаше ни да имам ТВ дома, дури немаше ни да приметам дека немам.
Само колку за информација за да откупат една епизода од МОНК ќе ги чини колку да откупат цела турска серија од овие лигавиве што ги емитуваат, толку е ценовната разлика, затоа не се чудете зашто има само турски и индиски серии на телевизииве, тоа е чисто од финансиски причини.
Нема да правам споредби со А1, и А1 гледав, и Сител гледав, и Телма, и ватевр сакав. Нема шанси политиката да влијае на мене. Гледам "Пари или Живот", единствената серија која ми се допаѓа по Очајни Домаќинки. Гледам и една друга, американска комедија, ретко кога ја сретнувам, ама пресмешна ми е. Сега читам дека не ја даваат веќе. И таа Пари или Живот две викенди не ја даваа, имаше некој фестивал. Цц... како и да е, ретко гледам телевизија, така да, ватевр ми е.
Па и не гледам Сител, не ме прилекува ништо на таа фреквенција. Не се сеќавам ни порано дека сум гледала нешто посебно на Сител, ретко. Не сум запознаена добро и со програмската шема што ја нудат, знам само дека ја претеруваат со реални и ток-шоуа и некои други трач емисии што не ми се по вкус. Исто и со индиските серии кои немам никаква намера да ги пратам. Знам до пред некое време коса ми се креваше кога ќе ги видев тие партизански филмови секој викенд во ударен термин или така нешто беше . И отприлика лош избор на серии прават, реално. Колку што имам приметено, спорт нема, документарна програма нема, информативна програма слабо... Па што би гледала тука?
Тв сител за мене не е тв, од страње турско до бекстејџови некои неквалитетни до лаење до квичење до нишшштоо кориснооо ништоооо поучно , можи ако не видевме некоја досадна турска серија немаше да ни се отупе толку мозокот. Нив баш им годи вработи 2-3, некој нека лае на вести, некој нека кажува новинки од македоснкиот џет -сет, и откупи евтинки филмови и праи се џек како умира македонската нација по тв сител нај гледана нај ова нај она ,јас не гледам не ни се изнаоѓам во ваков тип на емисии НЕемисии. Ќе си поштам радо DISCOVERY и ќе си го вежбам мозокот ,некој сааат VH1 и ете ти раат од смрдуријава македоснка
Ако нема Сител нема живот за некој . Кај моите дома само сител е пуштено друго ништо , демек нема канали поубави од сител . Добро шо им е толку убава Сител . Сител е као дро*а што ке ве нападни и после сврзани сте за него нема пуштање :geek: .
Sitel e katastrofaaaa. 15 min reklami na filmovi, ke daat 1 film nov a drugite ke gi vrtat po 100 pati vo edna godina i demek iznenaduvanje filmovi treski GLUPOSTI! A za seriite neam komentar .. Ostanata sum bez tekst.. aj razbiram 2 serii da dadat edna tinejdzerska dobra i druga za starive..ama milion serii. pff Kaj zabegaa ?????
ТВ Сител, ќе излезеш некогаш од под турското ропство? Пушташ Езел- Јао, нова серија, хит исто ко останатите, што ги рекламираат. Секоја ја надминала рекордната гледаност. Пушташ Љубов и Казна- Многу срце-паратална прича, Саваш прднал, Јасмин неможе никако да му опрости, прибидејќи, мајка и само што излуфтирала. Плачат сите, плачеш ти. Пушташ Солзи на Есента- Таа уште по срце-парателна прича, и двајцата се сакаат, ама не си признаваат. Пушташ Долина на Волците- Многу јак Полат, нема што. Едно пау, и сите ги тепа. Но коменар. Но, мала територија, сепак е под вечното индиско ропство. Ова не се препорачува за луѓе, коишто немаат доволно вода во организот. Затоа што може да дехидрираат од плачење. Уклучуваш Малечката невеста- Гледаш ја Ананди, умира. Сите плачат, плачеш и ти. Оп, стој, наеднаш воскреснува и останува жива. Пушташ, пак, Огнови на љубовта- Гледаш како Арчана, и овие сите другиве плачат, плачеш и ти. Жалосно. Сега се чека Клон да заврши (ако веќе не е завршено) за да тупнат уште некоја турска серија, или индиска. Која ТВ даваше Серанови? А1 Која ТВ даваше Ангели? А1 Која ТВ даваше Волшебнички? А1 Која ТВ даваше Луд Збунет Нормален? А1 Која ТВ даваше Како ќе каже Џим? А1 Која Тв даваше Млади бунтовници? А1 Која ТВ даваше Два и пол мажи? А1 Која Тв даваше Вила Марија? А1 Која ТВ даваше Породично Благо? А1 Која ТВ даваше Наша Мала Клиника? А1 Која ТВ даваше Иза? А1 Која ТВ даваше Хана Монтана? А1 Која ТВ даваше Не давај се Нина? А1 Која ТВ даваше Очајни Домаќинки? А1 Која ТВ даваше Барајќи го тато? А1 Која ТВ даваше Вујко од Америка? А1 Која ТВ даваше Руби? А1 Која Тв даваше Пријатели? А1 Која ТВ даваше Забранета Љубов? А1 Која ТВ даваше Фифи и малите цветчиња? А1 Која ТВ даваше Мики Маус? А1 Спојлер Да ми извините, што отидов оф, ама А1 ги даваше едните од најдобирте серии, и цртани и се.
У суштина ТВ општо слабо гледам,а Сител гледам само навечер сериите што се, сега моментално Psych, претходно Rules of engagement, Браќа и сестри,Ало ало, пред спиење ми е таман тоа време,а и плус на телевизорот во детска само Сител ми фаќа добро. Ама ме нервираат што даваат само една сезона од квалитетниве серии и ги прекинуваат,ама затоа Малечката невеста веќе година цела има... Ако даваш,дај до крај,а не вака. Друго ништо не пратам. Ни вести ни ништо,а дека програмата им е тиња,апсолутно..
Елена, извини, али А1 си нема везе со најдобри цртани и серии. Цртаните им беа превземени од Картун Нетворк, синхронизирани и кога имав 6 со поголемо задоволство ке гледав Дискавери (а ништо не разбирав), отколку А1. Телевизијава не нудеше ништо добро освен, неколу тинејџерски серии. И да не сум офтопик, што го испокритикувавте Сител толку? Па ние и да сакаме не можеме да се мериме со Фокс Лајф, Дискавери и сличните јаки американски телевизии. Сител се труди да ја задоволи повозрасната публика и рака на срце, моите дома, вклучувајќи ја и сестра ми на факулетет, и сите останати жители на мојава зграда ги гледаат турските сра*а и се задоволни. Се сложувам, нема јаки серии, кои ќе ни го побудат интересот на нас, но барем ја имаат филмската треска, која има прилично добар избор на филмови, Бекстејџ.. Освен тоа, Сител секогаш ги пренесува важните настапи, спортски или уметнички, за МАКЕДОНСКАТА публика. А А1 - Аца Лукас, Лепа Брена концерти. Турското и индиското да се заменеа со некои американски серии, појаки ке беа, али А1 први почнаа со Шекерната, Ѓулу и Долината на Волците.
Освен турски и индиски серии даваат ли нешто на телевизијата? Не. На Сител само вестите ги ценам,ништо друго.Забавната програма им е за никаде.
Мислам дека нема многу потреба да се дискутира околку Шител Не трошам зборови и време на една квази телевизија, за мене повеќе е политичка машина за перење мозоци од секаков вид и културен и политчки. Знаеме сите зашто се они "најдобри" а како иде време мислам дека ќе им се оствари сонот да бидат единствени!
Јас и вестите престанав да ги ценам,цело време оговараат,кажуваат нешто против некој,и даваат некои непотребни информации...кога оди дневник на тв треба да им се дадат потребни информации на граѓаните кои ги интересираат.На никој не му е гајле дали Латас ги сака Канал 5,има симпатии кон одредена партија и сл. т.е.преку к...т на сите му е од него....