Princess.S, дури сега го видов мислењето. Се сложувам со тебе, меѓутоа.. како што кажа. Се труди да ја задоволи само и исклучително повозрасната публика. А за саботните трески, секоја им чест, да. Бекстејџ, натпреварите, се океј. Но, јас порано кога ќе го видев знакчето на сител и телма, тие коцкичките, ми се превртуваа цревата. Спојлер Велија Рамковски, и компанија, од нив уште повеќе ми се превртуваат црветата. Но, што имаа подобра програма имаа. Нормално, неможам да ја мерам со Дискавери, Фокс Лајф.. А со ова: Телевизијава не нудеше ништо добро освен, неколу тинејџерски серии. Воопшто не се сложувам. Точно е дека, пред да се затвори, и они даваа Лисјата, Полат, Дамата и оние.. Ама, порадо би гледала Иза, како писка, него ли малечката невеста. Не верувам дека никој, не гледал Два и пол мажи, Серанови, ЛЗН, НМК, Волшебнички, Очајни Домаќинки.. и да не набројувам. Од сител тв, всушност, незнам ни дали сум гледала некоја убава серија.
Леле овие на нерви ми одат.Постојано се фалат,демек најдобри биле.Особено сега кога А1 ја укинаа. А и сериите не им се ништо посебно,особено тоа љубов и казна и солзи на есента А филмовите им се океј,ама оној твајлат сто пати го дадоа
Ретко гледам телевизија, но радо би пуштила некоја странска програма него ли Сител. Едноставно целата програма нивна не ми е по вкус, ни вестите веќе не им чинат. Латас е премногу пристрасен кон една политичка партија, па постојано ја возвишува. За вести да се интерпретираат потребна е објективност, но нашиве телевизии не знаат што е тоа. Мислам дека на Сител се вртат пет серии. Ако не е премиерата на серијата, тогаш е реприза или има Бекстејџ каде се дискутира за таа серија. Се едно исто.
Многу ретко нешто да ми го задржи вниманието на Сител. Ретко кога има добри филмови и серии, а ако веќе ги има ги даваат во некое бош време. Еве пример денес имаше убав филм, ама кој ќе го гледа во 9 сабајле во недела?!?! Ама нормално дека ќе го стават тогаш зошто после цел ден следи маратон од репризи на турски серии. Саботните вечери се резервирани за филмови стари колку мене со Сегал или Џеки Чен, а американските серии ги даваат години откако престанале да се емитуваат во светот, и се секогаш после 11 навечер, зошто нормално ударните термини се резервирани за најновата сезона од Полат или Саваш. Вестите никогаш не им се објективни, а Латас и Ивона се крајно непрофесионални. Бекстејџ секој ден истата приказна. Тоа што најмногу ме иритира е што постојано се споредуваат со другите телевизии и ја користат секоја прилика да се испофалат како тоа се најдобри, како користат најнова технологија (со која се имаат избламирано повеќепати) и најопремено студио. Дури постоеше А1 ми беше омилена телевизија од нашиве, сега ми е Канал 5. Кон Сител имам таква одбивност и што сакаат нека велат тие, мене ми се чини дека не е баш најгледана телевизија.
Сител уште од почетокот на нерви ми оди. Пошто А1 нонстоп ми беше уклучена кога ја имаше, сител еднаш не пуштив. А сега пошто ја нема, ПАК не ја пуштам. Толку новинарите ми се антипатични, особено Латас ауу. Згора на се, секој втор ден на вести кажуваат колку биле најгледани и најдобри шоу имале. Па нормално, А1 ја нема и сега ќе гледаат луѓето. А кога постоеше што не правеа такви анализи? Абе глупави луѓе! Поужасна тв нема. Дури ни МТВ не е толку лоша колку Сител!
За оваа телевизијаа имам само едно нешто да кажам. - ШИТел. одговара името со телевизијата и програмата што ја даваат.
Вила Марија на Канал 5 одеше Другото се ти е на место. Мене ако ми се свиѓа нешто го гледам. Не ме интересира на која телевизија се прикажува. Само што во последно време исклучително ретко наоѓам нешто што ми се свиѓа на нашите телевизии. А можеби и до мене е, ху ноуз? Јок, не ќе да е до мене
У последно време се се посиромашни со интересни програми. Некако и саботните трески почнаа да ги повторуваат. Ретко гледам Сител пошо Латас ич не го можам со ајфонот на маса, секој дневник, и со фалбите како они па они. Сител ми е пуштен коа гледам Љубов и казна, инаку или тревл енд ливинг или фокс лајф&крајм
Јас мислам дака одкако почнаа турските серии да се популарни кај нас са запустија сите телевизии,а сител е нула,освен вести и турски серии ништо нема.
Па и уште кога ти укинуваат канал по канал од кабловска, како намерата да им е да оглупавуваш гледајќи само турски серии Еве како им изгледа програмата за денес-КАТАСТРОФА Спојлер 06:15 НАПУШТЕН АНГЕЛ - серија 07:00 ВЕСТИ 07:10 ЖУРНАЛ - утринска програма 09:00 ВЕСТИ 09:10 БУМБАР - контактна трибина 09:40 ТРИУМФ НА ЉУБОВТА - серија 10:25 ТОП ШОП 10:55 БЕКСТЕЈЏ - естраден магазин 11:10 МАЛЕЧКАТА НЕВЕСТА - серија 11:35 ОГНОВИ НА ЉУБОВТА - серија 12:00 ВЕСТИ 12:10 ОГНОВИ НА ЉУБОВТА - серија 12:30 МАКЕДОНСКИ СТАРИ ПРИКАЗНИ 13:00 ЛЕСНИ ПАРИ - квиз шоу 13:25 ТОП ШОП 13:45 ЕЗЕЛ - серија 15:15 ЉУБОВ И КАЗНА - серија 16:00 ВЕСТИ 16:24 ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 16:26 ЉУБОВ И КАЗНА - серија 17:15 ОГНОВИ НА ЉУБОВТА - серија 18:15 МАЛЕЧКАТА НЕВЕСТА - серија 19:00 ДНЕВНИК 19:30 БИЗНИС ВЕСТИ 19:40 ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 19:45 БЕКСТЕЈЏ - естраден магазин 20:00 ЉУБОВ И КАЗНА - серија 21:20 ЕЗЕЛ - серија 22:10 ЛЕСНИ ПАРИ - квиз шоу 22:35 ДНЕВНИК 23:00 ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 23:02 КАРМИН И ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ - серија 23:50 ВИДОВИТИОТ - серија 00:50 МОЈАТА ЅВЕЗДА - забавна емисија 01:40 КОЈ ТЕ ШИША - забавна емисија 02:40 БАЛКАН БЕНД - забавна емисија 03:10 ЖУРНАЛ - утринска програма 05:00 ЗОРА ЗОРИ - забавна емисија
не ми се верува даваат реприза на она Моја ѕвезди од пред 100 години Оф боже Јака порограма нема што, битно оскари догодина накa репризираат
Хм ТВ Сител пред да ја исклучат А1 беше ко останатите Алфа,ова она што никој не ги гледа.Еве,нели и на Сител се емитуваше Кога лисјата паѓаат (срање у боја).Љубов и казна ни 1%,де Малечката невеста омфг?Што е тоа чудо о.о мхм Езел .Е пак сме под турско ропство
Абе што толку сите против Латас .Мене ми е баш закон човекот,ми се допаѓа начинот на кој ги води вестите.Е сега секој си има право да си се изјаснува за која политичка партија е,не е тоа перење мозок.А1 пак многу објективни да не беа,секоја информација им беше насочена против ВМРО а нема врска дали е вистинита или не.Уште ми е во глава оној скандалот кој го направија,демек новинарите им ги тепале а на снимките овие сами се тегнат и паѓат.Абе,трагикомедии. Да не бегам многу од темата.За Сител се изјаснив дека не им ја сакам забавната програма почнувајќи од ефтини турски серии,преку српски емисии до Бекстејџ лигли.Само вестите им се во ред и само нив одвреме-навреме ги погледнувам.Длабок минус имаат што не пренесуват фудбалски првенства т.е. Премиер Лига,мислам дека порано даваа.
Јас ќе ти кажам, даваа Шпанско со пристрасните коментари на Трпески за Барса. Подобро да го слушнам позитивниот и тропалски глас на оној на Алфа него ли на Трпески преправањето со стил. Нејсе, порано програмата повеќе ми се допаѓаше. Нејви, Седмо Небо, тие со Мајами ли како се викаа сериите, и куп амерички занимливости. Не знам зошто толку се преориентираа кон турскиве, има куп нови серии за откупување, ама за евтини пари перат мозок, алал нека им е.
Пак ли? Морам да признаам. Им даваат многу инспиративни имиња. Под сенката на брезите, беше ваљда. Постои ли некоја турска серија, што не е со плачење? НЕ. Па сега и нова индијанска. Супер.
Од секогаш не сум била фан на Сител но кога ми ја прекинаа А1 морав повеќе внимание да им обрнувам Стварно треба да намалат со турскиве и индискиве серии, да откупат некои серии поинтересни и позанимливи за народот, нешто ново да има.. А вака се такмичат со другите телевизии чија турска серија е погледана, таа од Сител или некоја друга..
А јас се прашувам дали има некоја серија која не го потресе Балканот и која не е најгледана серија и која не го сруши рекордот на гледаност...Сите се најгледани,сите го срушиле рекордот на гледаност,сите ќе не остават без здив.Море марш таму
Да се помириме со фактот што навистина ги гледаат, ако не беа гледани немаше да ги откупуваат, пари му носат, 15 мин реклами на сред филм а му се дешава и лото измеѓу да пуштат, абе таков народ сме, тешко ни е да размислуваме да земеме да научиме нешто или пак да читаме превод кога може онака како за ретардирани да ни надсинхронизираат,отупевме скроз, единстево бабите ги разбирам зошто ги гледаат оти немаат попаметна работа ама може една бапска телевизија да отворат сапуничарска турска индиска па нека пуштаат што сакаат таму.
Шокантно, Дoбро, има ли некој што воопшто не го гледал филмов? Come on, филм од 1998 и они пишуваат ПРЕМИЕРНО на сител А сигурна сум дека и на сител го имаат давано и на која друга телевизија не. На бтр и крт го имаат даванано е*бате глупите. Многу се нервирам кога вака прават ПРЕМИЕРА како којзнае што да даваат. Премиера да на филм од 2012 или евентуално 2011 а не од минатиот век. Болни