Тој е новинар, а новинар треба да е објективен. Ако сите новинари ги презентираат вести од аспект на партијата кон која се склони, народот никогаш нема да дознае што реално се случува (не дека знаеме ама ете...теоретски). Ако сака на тој начин да се изјаснува, треба да си почне некоја емисија, а за вести...молим лепо прва врата десно па напоље. Иначе Шител не глеам од проста причина што кога и да го вклучам каналот има некоја серија (турска, индиска...), а од ликови како Лила Ф. и оној Александар ми се сере
Ситееел нишо друго неможеш да видиш од ониее турцинее до 2 саат реприза од 5 саат нови епизоди и друго неможеш да видиш
Не ми е јасно, зошто навечер накај 2-3 саат, ја даваат Моја Ѕвезда? Пра-историска емисија, и досадна такоџер. Боже мили, па толку ли немаат ништо друго паметно?
зашто нема што да даваат . Cериите и нова епизода и реприза, цел ден серии, плус и за викенд репризи, абре 80% од програмата им е репризи на серии плус на секоја нова епизода првите 20 минути се од старата епизода, немој молим те, покрај толку пати прикажување на репризата некој да не пропуштил нешто Tреската нивна, со некои глупави филмови, мизерни, човек да не сака ни да ги гледа Aбре ајде на A1 имаше многу многу подобра програма од CSI до Cаут парк на A2, па филмови, Mексички серии, Oчајни домаќинки. A Cител во последнава година само бурни времиња им е добра серија, другово се капут, на чело со Mалечката невеста Mислам дека не се толку сиромашни, да не можат да откупат некоја сагламс серија A1 беа поим за нив бре... Eдвај чекам да се вратат, нели така нешто се збореше... ?
Се врати во функција, ама таму каде што беше порано А2, и сега се вика A1ON. http://a1on.mk/wordpress/ Даваат чат-пат по нешто интересно.. Еве сега нешто со Слаткар даваат..
Има кај мене на бумот на 7ца. И на макс тв, ја има. Нека си мислат сител дека се 1ви.. На А1 барем и цртани даваа, серии, филмови... И не пишуваше: Премиерно. Тој филм Бог знае од кога е, овие премиерно.. А не пак со ова сега новата турско-грчка серија. Хит..
Не паметам кога сум гледала сител последен пат.....Има 3-4 месеци....А и што да гледам од глупости поглупости....немааат ништо убаво на програма....А особено кога е овој латас одма ни 1 мин не чекам за да сменам....
Грешка сум направила.. И понатака А2, се вика А2. Ама на жалост, и неа ја скратија. http://a1on.mk/wordpress/archives/7888 А ова А1ОN изгледа само интернет страница има, дали ќе почнат да ја даваат на тв, баш и не верувам..
Ах шител шител...одамна ја немам гледано програмава. Ако добро се сеќавам па последен пат ја немам гледано од коа се случи тоа спектакуларното запросување на сред дневник А и вестите ми се некако многу субјективни па...шта ќеш. Една добра македонска програма немаме у задње време!
Јас се мислам да ја избришам Сител. Значи покатастрофална програма не постои. Ејјј, јас разбирам дека некои гледат турски серии иако јас не можам да ги поднесам ама ајде, разбирам дека некои сака да гледа. Ама зошто бре има потреба да се репризираат по 50 пати? Значи кога и да свртам Сител има некоја турска серија. Важно Љубов и Казна по 5243243 пат ја дават . Навечер си вртам програми со надеж дека ќе најдам некое добро филмче за гледање (иако тоа е невозможна мисија) а Сител даваат Мојата Ѕвезда шкљ шоу од пред милиони векови. Игран филм е за нив непознат поим. Зар стварно толку нема што да даваат? За спорт и да не зборам веќе, тоа е шпанско село за нив. Едино овие кошаркарските натпревари што ги даваа и ќе ги дават, ќе беше капак и тоа да не го пренесуваа. Баш Шител телевизија. Нема веза што сум до некаде подржувач на позицијата ама не вреди бре за пет пари.
Ejjj, не зборувај така, зарем не ги гледаш премиерите од осумдесеттите/деведесеттите за време на викенд? И урнебесните комедии и најгледаните хит серии во светот? Каква привилегија имаме
Сител телевизија Градски стадион б.б. 1000 Скопје телефон: 02/ 3116-566 e-mail: marketing@sitel.com.mk
Искрено сител како телевизија воопшто не ми се допага, многу повеке ми се допагаше а1 која за жал ја укинаа...Нема ниеден добар филм што би можела да го гледам навечер, за рекламите да не правам муабет, а за вестите се нервирам посебно кога ке го видам латас
Сител не гледам никогаш затоа што ми се гади од нивните вести Латас!!!!!!! Вестите се како платена политичка програма, ако не гледаш вести на сител нема да знаеш колку ти е најпрекрасно во државата се прикажуваат совршено, а тоа е далеку од вистината! Водителките од backstage по аргогантни неможат да бидат. За турските серии да не се повторувам по другите коменатри едноставно БЉАК!.
Нови програмски содржини на Сител, сезона 2012/2013 Овде можете да се запознаете со новите програмски содржини на Сител ТВ. https://docs.google.com/a/sitel.com.mk/ ... edit?pli=1